Го гледав Бојан. Уствари Бојан тире тринајска. Дан беше пак Бојанка –  тринаесет? Појма немам!!! Како и да е…..бре бре шо ке беше уба она детено!!! Лепотица. Џанам лепотиц.  А и паметен. Богами. Аха. Ак лажам бра да не најт за негојне убај… . Пту, пту, пту машала. Ам јас ак лажам не лажет оние од најтиражнион весник, а плус и весник шо се докажал дека кај него немат лажење. “Свет“. Бар така викет тие дека се…..Да, таму прочитав дек е паметен. Ам ај јас  как да приметам дек е паметен. З,ш ко го гледав се ѕверев во него и не слушав дали е или не е паметен. Ме обзеде. Веќе мееееее битиса. Лелееее ко ја емитираше паметната Тржан морници ми поминаа низ ова, как се вика, е де…Леле убав, во сукња, ноџиња нааааааааааааа бабачко, плус то и депилирани. По по по. Тој во бело костимче, како  Снежана, а ние пред телевизор како џуџуњана. Подзинат останав. Море море шо ќе беше она. Па ко легвеа со Гоца долу, бап таа над него, па ова, па она, лом бе шо.  Можеа з,ш Гоце тро беше трудна. Не многу.

Ама излгеда уште попаметни од него и од Свет се оние од А1 шо му дозволија да прајт емисија. Да. Нати дете термин и облекви се как сакаш, понашај се как сакаш, копрцај се  на сцена колку сакаш, траскај зелени какви сакаш и ќе те гледет многу луѓе на телевизија. И не само шо го гледаме туку и мојш нешто да научиш. Ан де и поучна е она емсија. Е тука ја имет зафркното цела работа. Требеа не во 21, амо во 9 сабајле да го да давет з,ш она поучноно шо бликат од него,  како изворине од Билјана, требит да го видет и оние шо одат в градинка. Ами како. И не само да го видет ами и да го впиет и за понатака ко ќе пораснат да го применат во својот живот ак сакет да се успешни.

Не дека и на нас не влијајт она како возрасни ама касно е ние сега да тргниме по патот на воспитно-успешниот пат од Бојана. Касно е. Жими неа. Абре  друго си е од мал ко ќе си фатиш редот, ќе го гледаш неа и ќе си знајш понатака како со себе. Ама ај белки ќе го менат терминот. А дур го менат јас син ми во петок не го оставам да легнит дур не ја гледат воспитно образовнана емисија со културни примеси на водителско однесување за да научит нешто. Сега требит тој ука ко Бојана да фатит. Таман му е времето десет години имат.  Еден син ми е, да ми е здрав и жив ( сите та и мојов ) ама онака да си го видам на телевизија како Бојана, од радост  ќе се онаквам. Јок ке се сторам. Како немат онакви паметни ко Бојана појќе, ама и телевизии да имат паметни како А1 па да ги давет децета да се забавлјет а згора на то виспитно да делувет на омладинава. Куп вакви емисии ни фалет. Воспитни се. Ам како. Да не беа воспитни не ќе имаше гости само од школине и то млади? Млади да научат нешто од Бојана на А1. Е сега некош имат и тро постари ама то е намерно напраено, за да пукнат од мака шо не станале ко неја-ко Бојан де.  Ех да беше жив Тито ( Бог да ко прости ) како ќе се радвеше на ваква младина  на Бојана остаена. Лелеле и тој ќе се онадеше. З,ш види. Стариот велеше: “Без саглам омладину ми немамо иднину“. А кој друг  ќе ја напрајт саглам нашава младина ако не Бојанка – тринајс, или како беше….Бојан-тринајска, да,  заедно со си А1 и “Свет“? Кој? Никој де. Еј Тито цела држава ја оставаше на омладината ејјјјј….Зато јас сум ние нашава на Бојана да му ја остајме. Аха. Жими се. Сите да ги грабниме децата, посебно синојте, за врат и бам пред телевизор. Уште ак си некој појак да успејш врска да фатиш да ги впикаш во гостине да е во емисија, па да поставит некое паметно прашање……фијуууууу, фииииииии……коњ, уствари кој ко тебе. Е да беше жив Тиле да го видеше Бојана од радост ќе се ……….


Наумче Новески
(Авторот е: воодушевен од Бојана)

[email protected]