Тииии како се изнервирав. Ај шо се изнервирав ама и се разочарав. Дури од шо бев разочаран нејќав да чујам ни “Сител“ да гледам. Тогаш и сителското розевило ти се гледат црнило. Санќим Коле Чашуле. Ко ќе сум ваков ни музика мојт да ме расположит, ни Аца Лукас, ни Шемса Суљаковиќ, ни Халид Бешлиќ, ни Драганче…. дури ни Латас.
А как да не се разочараш. Прв пат чоекот напрај грешка, прв пат ме разочара, а мислев цел мандат ќе го протерат без грешка. Ете образование го среди го напрај бомбона. Бронхи. Сега во школине лакше се дише. Влезе во здравствово го напрај мермер. Абре во ниедна болница за лек да бараш немојш бубашваба да најш. Ги избрка сите, море писоари исчисти, чучањцине од 49-та, море све. Ама ова последно ме акна од земја. Не очеквев од него ваков потег.
Мојше барем да се консултират со мене зш јас сум за то екпсерт. Како мојше да прифатит акцизите од алкохол да одат во унапредување на здравството. Не бре од алкохол не. Како не ме праша. Зш овај народ фрлен е во изградба за подобра НСРМ и срља у прогрес и немат време да се пијанчит. Не и не. Грешка беше ова. Прва негова. Требеше да одлучит од цигарите да се финансират здравството зш незнам колку ти теквит во времето дури и официјлано македонците беа прогласени за најголеми пушачи на балканов, а можда и пошироко.
Зш види…..ретко кој знајт шо всушност значит нашата ни скратеница ПЈРМ ….Пушачки Јака Република Македонија. А? Виде? Ти знаеше? Е Коло ова ако го знаеше ќе го прифатеше овај предлог одма. Ам тој не ме праша.
Па така е жими све. Жими сите политичари, ако лажам нека ми пукнат. Пушачи сме. Големи. Еве јас тргвам од мене. Ги матинам по две кутии во денот и да видиш како тргам. Иииииии. . . . Цицање. Набреквам во очиве како кромид. Па, па, па… Збрцнат, цел оџвргален како Бранко од Слатино.
А и среќен сум. З’ш и јас имам придонесено за големиот рејтинг на Република Македонија како пушачка држава. Ми идеше в гради да се мавам, дупка да си напрам, како дебрчанине. Замисли лично јас колку ќе помогнев за унапредвење на здравстово. По по по. И не само јас. Ами сите македонци. . Да, бе… Баш така! Сите сме на некој начин пушачи во нашата НСРМ . Јас, на пример, пушам секогаш. И сабајле и навечер и со кафе и без кафе. . . .
Имат некој пушит само навечер. Некој само сабајле. Некој само дома, некој само надвор, некој по хотели….различно, ама јаки пушачи сме. Еве една комшивка, мажје е непушач и му сметат дома да му пушит. Му солзеле очите. . . . да би в солза се удајл. Ама виш се снајде жената и пустинската излегвит и барат други места кај шо ќе е во некое друштво шо немат да им сметат да им пушит.
Е, сега едно ме чудит. З’ш после олку пушење на македонскиот народ државава ја немат во НАТО во ЕУ и други западноевропски институции? Ќе бидит, аку е малку чудно зш види, немат во НСМР кој не пушит или кој немат бар малку попушено. Од најмало до најголемо. Секаде пушиме. И на шалтерине по институции и во продавницине коа ќе ги видиме ценине на призводине. „Попушвиме“ и ко ќе ни дојдет сметкине дома посебно она за струја. А ќе си го попушиме од први Јули со новата цена. Ако децана ни побарет да им купиме нешо и тогаш пушиме з, ш шо да побарет е скапо и морат да запалиш, да „попушиш“.
Абе ко пушат пензионериве шо остана за друго. И тие саде попушват. Пак пустиве ем стари ем секаде пушат. З’ш со онолкава пензија шо им останвит друго освен да пушат. И то сегде. И во аптека и по ординацине и во. . . сегде, бе, сегде.
Зато требеше Никола да прифатит да……чек чек една од најубајте реклами на МТВ државниов сервис. Сите им се убај ама ова…..шшшшшш…..ајде полека…..процесот земањето воздух се викат вдишување, испуштањето издишување . Ајде сега во рамномерен ритам повторувајте ги овие два процеси кои ќе ви овозможат да живејте. Еве ако имат некој доброволец….е ај вие….пробајте да не вдишите пет минути……ете видовте другите? ….умре чоекот….значи? значи? Даааа немојме без дишење….проба чоекот но не успеа…..сам сакаше…..значи морате да вдишувате и издишувате за да живејте….наше е да ви предочиме на последиците ….а ваш е изборот дал ќе живејте!!!!!!!!!!!!!
[email protected]
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.