Море како ме измачи ова со времево шо го менвевме. Ар будали се овие да се менвело време во зима? Таман си ојдов дома и си легнав кај 12, морав да станам во 5 до 3 да го наместам 3!!?? Страшна работа. Пак на зима се менвело време жити Господ??  Как не го менвеа на лето. Да беше лето кај 1 ќе си тргнев за дома, ваљда ќе си идев од некој ресторан и ќе бев ифрит зш 10 кепаби сум платил 400 денари, немат да заспиев и ќе го наместев во три на два.

А вака беше ептем заебано. Знајш шо ме збуни најмногу? Вака сега. Кажа она куклана од ТВ дека во 3 го прајме 2.  Му реков на Шулета да ме разбудит во 5 до 3. Зш тој ич неспијат. Ко вапер е. Во улазот полно му е кучишча и ај да те видам заспи. Плус и еднаш гаражана му е урна Шефкет праејќи нова зграда и сега …трт….само дежурат. Ми викат во колку да те станам. Абре во 5 до 3. Е по ново или по старо?

Е тука ме збуна и се врзавме на глуж. Да му речам по старо не ќе е да е во 5 до 3. Практички требит да е  5 до 4, за фактички да е 5 до 3. Да му речам по ново во 5 до 3 значи, фактички е 5 до 2. А куклана рече во 5 до 3. И? Факт е дека ми го снема 5 до 3. Не знаев во колку да станат за да е 5 до 3 по старо за да станит 5 до 2 по ново.  Спизде чоекот, ми затвори и си ојде на пенџере да дежурат за гаражата. И јас нормално не легнав чекав 3 по старо да го клам 2. Зш ако чекав по ново во 3 тогаш ќе беше 2 и ќе морав уште еден сат да чекам за да го наместам 2..не…Во 2 по ново беше 3 по старо и чекав уште еден сат да дојт…не….се збунав.
Абре батали ак продолжам не ќе се одврзам од глуж. Тук ова скопјанишчава ми беше зборот. По по по среќни. Морееее как се радвет сега. Ко мајка на кафеава какачка, ко дедо на вијагра, ко баба на дедо накљукан со вијагра се радвет сега пустински тие со новион кружен тек. Или полукружен? Незнам како е правилно. Уствари овај полукружен или кружен скупски тек не е баш полукружен или кружен. Шо би се рекло “тази дупка не е дупка“. Или тази круг е јајце.  Да бе. А која дупка шо е скупска е дупка??? Дупчиште.

Е овај кружен тек им е јајцест кружен тек. Или пак баклавест кружен тек. Как да е. Прерадвени се бре луѓето. Дан заборам овај јајцест тек, кружен, е дело на коцкана. Коце. Алал да му е…ги прерадва скопјанишчава. Од шо се среќни нон стоп го давет на телевизија. Ваков јајцест кружен тек немало од Словенија довде. Коце рече така. И овие му писнаа нон стоп на ТВ. Порано ак ти теквит нон стоп даваја, пред и после секоја емисија, “Падините на тара“. Е сега ојт теков.
И едно шо ме изнади. Едно време пред и по епп го даваа охридско езеро. Сега теков. Да бе. Ете. Скопјани немет езеро, сега си го имет најубајот, од Словенија до овде, јајцевидниот кружен тек. И ни го баталија сега езерото. Арно ама јас да сум на нивно не би играл баш  така. Како зш? Ам ај да ги видам де налето кај ќе се мочет??? Во текот??? Како? Абе ај како им е погодено со езерово наше….во него мочај, тотоли се , буфтај.. пример…Како ам. Зато јас би рекол да не се посервет од радвење со теков зш не ќе имат кај да се мочет.

Е сега. Рака на нога губиме и ние. Ако не друго ќе сме посиромашни на лето без нив. Зш не оти мојш да најш друг народ да ги репаш по кафаниве. Не ќе ги репаш делчевчани, радовишани….виничани. Как да ги репаш нив ко отепани се. Скинати. Овие бре скопјанишчава какви такви, појќе такви од вакви, вошкосани се од пари. И плус ќе ни останит и ќе го фрламе в ѓубре скапаноно месо шо им го акаме во ќебапи, ак не ни идет.

Е. Скопјани немаа таков тек сега си го имет, а ние охриѓани имавме, немавме и после години сега пак ќе имаме верско радио. Да бе. Така бар рече дедо Тимотеј. Како ам. Охрид срљат во прогрес. Се модернизират. Јас например ко го кажаа ова на телевизијана можда посреќен бев од скопјанец. Па се модернизираме море чоек. Ние. Охриѓаниве. И се упроствет сите работи. Сега за слава да речиме…пример….немат шо попот да ти идет дома и да ти пејт ова она. Данк ѕвониш на радио, дедо Тимотеј водител….добар ден, добар ден…слава ми е….за многу години да ти е… и тебе да ти е…една песна за славава ка можит?….можит…. и пичи. Бам порторожот до крај и весели се. Ам како. Све сега ќе ојт етерски. И свадби и крштевки..Е сега ова радио ваљда ќе е само за христијани. Зш не вервам дека ќе мојт сунет да се прајт по радио.

Тук се забрбав, а ова сатов дојте 12. По ново. 1 по старо. Морам да ја пратам колумнава кај Момирон. По старо ја праќав во 12 шо значит дека по ново во 11, а сега е…… Евааааа…..ам јас два сати каснам!!!!