Абре да би раце ми се исушиле. Море кај ми беше умот да би од ум да се мрднам. Се срамив. Се срамив пред цела држава. Се срамив пред Гоца, ама најмноги ми е мака шо се срамив пред папапата. Абре како не пратив бар една икебана. Можев и некое вештачко цвеќе колку да му дам почит на Кирила.

Една икебана со лента, а на лантата, з`ш краткa, да пишит ВПЏО. За да не пишам целосно Вечен Помин – Џими Охрид. Ко шо кладе Гоца. З`ш шо е разликата меѓу мене и Гоца како та шо пиша со име и презиме без функција. И то ме збуни мене. Гоца кладе венец со име презиме така да јас се збунав од кого е. Од председател на месна заедница? Од претставник на здружението “Ослаби денес – утре е касно“? Незнам. З`ш покрај името немаше никаква функција.

Мада лично та кажа дека сакала да пишит од “РС Македонија“ ама, како шо рече та, лентата била кратка. А здушна беше пустата да напишит од која држава идат и шо функција имат. И ова ко го изјави така беше насмеана, санќим на визита чекаше луѓе.

А пак, ако споредиш, од друга страна во право беше. Многу појќе букви имат името на државичкава наша отколку нејзиното име и презиме. Еве спореди: “РС МАКЕДОНИЈА“, “ГОРДАНА СИЉАНОСКА – ДАВКОВА. Ете број па ќе видиш. Ама рачунаја и цртичкана. Број. И ако изјавиш дека првоно име е подолго од второно значи си недоветен.

Верви ме мачит ова. А ме мачат и пратеницине од СДС. Сите 18 без исклучок. А бре шо им напраја пред седницата во кантинана собраниска само господ ќе знајт, а можда и уставен суд ко ќе го конституираме со председател ако не овај петок другата среда.

Дали во чајот нешто им капнаа, дали во паштетата им втикачија нешто незнам. Абре на седницата ко го поставуваа онај шо нон стоп ја пејт албанскана фирма, Афримчо, збор не рекоја. А ги пратев. Сакаа да зборнат нешто ама неможеа. Пак си викам дан случајно им ги исклучија микрофонине. Ништо не зборнаја. Можда пак наместо говорот на Африма им пуштија во “Светот на Бајките“ и зато немаа шанса да реагирет. И испадна дека имаме слаба опозиција. А слаба опозиција е слаба власт. Можда пак и ние премногу очеквиме од нив. Уште се циментирани од резултатите од изборите. Или пак ние се надеваме дека ќе имат коректор на власта, а тој коректор аш. Ќе кажит времето.

Е за разлика пак од овие споменативе ептем ме нарани Таравари. Неам потреба да јадам неколку дена. Абе чоекот од мал, ама посебно сега, бил за нарадот. Му ја гледав изјавата. Со солзи на очите кажвеше дека немојт во моментов да одлучит дали ќе го вратит пратеничкиот мандат. И то не ради него. Не оту тој сакат да е градоначалник. Не оту тој сакат да е преатеник. Туку му е за народот.

Побара ако мојт да се најт решение да продолжит со двете функции . Дури ради народот тој е спремен да бидит и во управен, надзорен одбор, неколку комисии, маникир, педикир….абе шо не, само во име на народот. Како да ја напуштел функцијата Градоначалник па да морат гостиварчани да одат пак на избори? Како тие наместо ајвар да одат на гласање? Жртва. Тешко него. И да му е арна простатата пак станвит по 5 пати на вечер од шо мислит на народот.

И на крај искрен да бидам незнам дал е вистина она “волкот влакното го менвит ама карактерот не“. Јас незнам кој будала го треснал ова.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите