Во духот на македонштината и вродениот патриотизам кој и низ ушите ни течит нема да дозволиме да сме втори. Скопје да е втор. Абре во душа нѝ е да сме лидери на балканот и незнам како се случи Сараево да е прв во Европа по загаденост пред Скопје. Пред нас. Абре луѓе дајте не се занесвите зафатате се за работа. Ајде гумите од трактор надвор и вивнете ги в шпорет.

Не грејте се со даб или бука, фукајте во печките бор, елка и други смолести видој. Имате стари гумени чизми, паркет лакиран шо ви сејт во визбата…..данк внатре. Да не си дозволвиме да губиме, да не победит некој шо прајт чад од печење на ќебапи. Ајде од одма прегорено масло од коливе в печка. И друг пат ум во глата. А од друга страна бараме да влезиме во ЕУ. Со второ место не се влегвит во Европа. Одма да се средит то.

Како шо требит да се средет односите на ДУИ со министерот за здравство Арбен Таравари. Според ДУИ дур умирет деца во држвава тој си се шетат во Дубаи. Не е така. Арбен во Дубаи беше со цел да ги запознајт новите методи на пораѓање како и лекување на дечиња. З`ш во Дубаи процентот на вакви случки е толку мал скоро и го немат. Ете како шо кажвет бил во најголемиот на светот Дубаи Мол како посматра во живо породување. Исто ја посетил највисоката зграда на светот од 828 метри, Бурџ Калифа, каде на најгорниот кат присуствувал на сечење на папочна врвца. И на крајот го испратиле со неколку барели прегорена нафта да го подпомогнит Скопје во борбата против Сараево. Браво за Арбен Тара Дубаивари.

Морат да се ојт напрад з`ш и така сме тргнати. Немат застанвење. Еве Мицале беше во посета на Тутунски конбинат АД Прилеп. З`ш еве во пракса сме најпушачка држава во светот, а нешто не штимат во пушењето во последниве 30 – тина година чим не не имет уште примено во ЕУ. Јас не можам да сфатам како народ со 45,4 % пушачи да се толку не ефикасни.

Како шо очекуваме сите да шибет по словенката Марта Кос која е кандидат за нов еврокомесар за проширување на ЕУ. Таа беше децидна: она шо е вететено да се исполнит, односно да се сменит уставот и после без никакви дополнителни барање Македонија ќе летнит во ЕУ. Значи уште то и ние мојме да се влезиме во ЕУ и да си свиркаме.

Е сега можда ќе побарет некој ситници како шо се: сите да сите да напрајме фризури ко Ким Јанг Ун, мажите и жените да си ги заменат јајниците со тестисите, да ги клајме во уставот и занзибарците, з`ш имат еден во присовјани и така….

Абе светска држава станвиме. Шибаме. Норвешка, Финска, Нов Зееланд одавна ги имаме прешишано во државното уредување и социјалните успеси. Еве денојве ја стигнавме и Австралија. На еден крај гасиме пожари, на друг крај се занимаваме со врнежи и воѓе.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите