Абре море ти ејјј алоооо….ееееј ко ќе тргнит нешто море во нагорна линија во позитива абре ела застани го алоооо. Ма све то срља бре у прогрес. Море НСРМ срља у прогрес и ела да те видам застанија алооооо. Ние море сме засрљани веќе двајсет години и ај да те видам најди начин да не одсрљаш?А? Која е бре та сила шо мојт да не застанит во нашето еректирање према безбедна и сигурна иднина. Ехехееееј не се најџвит такво нешто. 

Прво не засрља Бране. Од тој шо ни даде голем засил и по инерција да се движиме немојт никој на пат да ни застанит, а не камоли то шо после секој кој втаса уште толку ни даваше засил. Е сега не баш кој втаса туку тие на кого ние, народов, како битен фактор во прогресот, му дадовме шанса. Мада најголемиот засил беше Бранковски и сега како таков сите земји ко ќе се засрљет во прогрес го употребвет терминот БРАНКОВСКИ ЗАСИЛ. Да бе. Да не речам ама после ко на готово си дојде и Љубчо и Хари и Буче еве сега и Коле. Не им требит многу. Тро само да ја подзасрљет НСРМ та пичит бре вуспич прав прав пругоре кун прогресот и ајт замина у…

Мада морам да бидам искрен, рака на нога,  сите во свое време си одработија машки, мада некогаш беа баксузи и им се раѓаа женски. Ама как да е и женското е луѓе. Не така?

И како бре после све ова онака да не се радвиш. Како Субрата да не играт од се срце….а? Како? Абе дојде во една прогресивна земја која ќе ја допрогресират и ќе ја напрајт бисер балкански. Па после ак сакате делетеја парчетеја та пак ќе биде негова најмила. 

Искрено уба слика Св.Наум. Срцево ми беше башча. Поседнати сите таму санќим ја донесоа малечката невеста од Индија да ја мажат овде. Субрат Рој , син му Сушанто Рој, можда имаше други ројој, не приметив, ама видов од една страна седеше Арчана со дечко и Манас, а од другата страна зш соперник на Манаса седеше Арџу. Наспроти постариов Рој мајка и Сувачана, а до нејзе ко паун свети номски маж је Дамодар и сваќа им Савита.

Тииии идила невидена. Над постариов Ројчо виолинчето и овај со кренати раце радосен ко мајка на посрано дете пејт  “тапшин тапшин танана од Македонија напрајв тарана“. Тиииии гледка. Ти се чинит ко на некој индиски филм, ко сите шо беа дојдени да се некојси второ класни глумци, а све изгледат како вистина.

Как да е чоеков ќе ја до засрљат држава. На секој ќош од НСРМ, зад секој клозет имат по некој проект. Го заеба и Тупурка ко и даваше и тој засил на држава. Ете ќе реновират споменици. Можда пак на она парцелана шо му ја дадоа на плоштад ќе напрајт нов споменик колку да ја разбијат монотинијата. Така бар тој истапша.

После во Џумајлија ќе донесел 20 000 гојда за производство на високо квалитетни млечни производи. Додуша држава е полна со гојда ама ај да не му се мешаме на чоеков. Пак од една страна убо е да напрајт малку баланс на животињево македонски зш јес да сме полни со гојда, ама како да преовладвед овци многу кај нас, така да не е лошо да се избалансират то.

Е сега ме бунат две работи. Прво: имево на фирмава ….“Сахара Индија Паривар“…..Одма да сме на чисто. Ништо нејасно немат во зборот Индија. Од таму е Арчана. И Субрата. Е сега Сахара е пустина и шо би можело то да значит….после него ќе фатит суша во НСРМ? Незнам. Или пак од ко ќе заминит пустина ќе фатит тој и око не ќе му видиме, а пак мојме со проектите негој и ние пустина да фатиме. Незнам. Е се измачив со “Паривар“. Думај , думај и никока не ми идеше. Ај “пари“ јасно е. Вошкосан е од пари….ама она “вар“. Дан ги побелвит парине?А? Си викам наместо “вар“ да не “пер“. “Парипер“??? Незнам ќе кажит времево. 

Второ: пак со име е поврзно, ама името на син му. Сушанто. Ко го чув прв пат од негде ми беше познато ама неможев да се сетам. После ми текна ама немат шасна да е то. Грешка напрајв и признавам дека сум тиквар. Ме асоцират на некој шо мамит, шо сушит, пак сега да не го крствет по македонски Сушамирко, малку да мават на индиско – италијански Сушанто. Ама не вервам.  Зш ете чоекот беше искрен и побара од македонскит народ проектот за НСРМ на татка му да му го поддржиме. И ќе му го подржиме. Как да е. Важно срљаме во прогрес и ќе јајме тарана.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.