Ептем ептем важни вести одат на телевизииве…..море и на сите медиуми. Пред све да ти кажам ептем се корисни или да не речам сврсисходни шо претстављет навистина права водилка низ тешкиов живот. Мислам дека после Карлеуша ако пазиме на овие вести немат да згрешиме никош и да напрајме грешка.

Е например вчера, како секој ден, кладов то  патиките извај точакот и точно знаев како да си се облечам да скокнам до Осло по бурек благодарение на локална телевизија во Охрид шо секој ден ни кажвит каква е температурата во овај Норвешки град познат по бурек со месо. За Струга никош не давет, како за многу други села, ама Осло е важна карика во нашиот животен ланец.

А пак завчера спремив куферот на два пати и да не беше ова локална телевизија можев да надрапам ептем. И после Цацко ќе ми беше крив. Незнам шо ми текна реков да одам да скокнам до Сардинија да купам бинек. Џо атер на тато да му напрам сакал со другарите да се присетит на детските деној со другарчињата како растеле поп ливади и меѓи ко играле бинек. Абре само да клам нога во авионот локалнава викат дека баш таму, баш во Сардинија, меката на бинеци, температурата ќе е ниска. Кочи си викам. Да ти се прднам во бинекот ак смрзнам. Тато и другарчињата пензионери нека игрет, а јас неморам по секоја цена да мрзнам.

Уф. Кај шо ги спомнав пензионериве и татета заборајв да му кажам дека на телевизија кажаа дека стигнаа вакцините за грипот. Ама за нив, како пензионери, е битно дека вакцините се бесплатни. Е сега не баша така просто само џанг примија вакцината туку требит да исполнат неколку услови. Ситници. Морат да имет над 65 години, пониска пензија од 14 000 денари, да немет една нога, поточно левата, а десната рака да им е срасната на левото рамо.

Плус то ептем се битни уште два услови. Првиот: да се многу гладни шо не е проблем да го исполнат во Н(С)СРМ (не е појќе НСРМ-дељми менато е името). А вториот да се ептем здрави. Е зш.  За да име акнет некој вакцина да рикнет зш пред некој ден кажа Царче дека немат да се креват границата за пензија. Така да според политиката на државава за разретчевење на старите морат нешто друго да се преземит. Море ова држава не мислит само младите да ги избркат и да ги снемат од држвава. Мислит и на старите да ги ивчистит. Како ам.

Абе ти викам јас да не се овие и вакви медиуми со овие и вакви новинари ќе останиме тепила. Ништо немат да дознајме. Како ќе разберев јас дека полициските службеници добиле нови униформи? Од ко најавија дека ќе им давет нови униформи не оту спав јас дур не кажаа дека им ги дале. Вест уба уба  и корисна прекорисна за нашето живеење у пизду материну. Од ко кажаа полесно дишам санќим Бронхи лапнав. Абре ова не се медиуми ова се злато. Бебиња се.

Мада малку ме изнервираа зш шо помалку важна вест е  на пример да кажат дека донесени се нови нараквици за чистачките шо чистат шољи во градските вецеа, а не кажаа. А? Одма ќе им олеснеше на голем број македонски сератори, а да ти кажам не се баш малку. Или пак замисли да објават….гинеколозите добија нови спекулуми за….А замисли. Одма другиот ден сите македонски жени вагините враце и на преглед. Како ам.

Јас например пред 10-тина дена се забезекнав ко кажаа една многу необична и за сите нас важна вест- “Маријан Коцев доби син“. Неможев да се изначудам. Незнаев шо прам од радост. Се тетераев ко Шеќерка ко ја тргаше онај за коса за да ја спасит од тој шо сакаше да ја тргат за коса.

Абре неможев да вервам. Еххххххххх добил син и станал татко!!! Алооооо. Каква централна вест. Неможев да се изначудам. Зш јас како маж генерално добивам менструација и трчам по спекулум, а овај да ти добиет син. Ц ц ц ц. Зш нас обичниве смртници жените ни раѓет некош песој, некош гремлини, а најчесто бинеци, а неговава син.

Чудо од вести, чудо од медиуми. Чек малку чек…..да видам какво ќе е времево во Сао Томе, главен град на Сао Томе и Принципе, држава во Африка, во центарот на Гвинејскиот Залив. Често посетен град од нас Н(С)СРМ-овциве. Да купам мозок малку зш на македонскиов пазар немат. Сакам  да им шиткам не некој медиуми и новинари. За вчера видов. Ама за утре ми требит.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите