Шо живот ќе беше ова бре. Абре цел живот сум водел сметка и сум пазел. И то ептем. Зш види сидата не е мачкина кашлица. Море имам редено и дупли кондоми и три на еден. Шо не. Па имам клавано и KING SIZE па в чорап, а одгозгора кесе шо ги плаќаме по 3 денари, а им ја рекламираме фирмата. Види го одма се смејт. Ами ете де нека ти е и тука имам реклама.

После кај шо ми било сомнително еднаш дури најзгора кладов и гума од точак, внатрешна де. Абре цел живот ќе пазиш, ќе се штитиш и оп еден портокал ќе ти го зезнит мирот здравјето и целиот живот. Ќе фатиш сида. Ај то…тук цел народ ќе те оговарат. Те двоцефка е зато се сидоса се бутуроса, те му чадит ауспохон, те најголем муштерија ми е за вазелин….пак другава, а кај мене само павловичева маст купвит…..шо не.

Зато јас не сакав да остам на случајност. Како ам. Одма се јавив во СЗО, не не не во СЈО кај Катето, директ на Маргарет Чан претседателкана на Светска Здравствена Организација да ми дајт напаствија како да се заштитам.

И според СЗО одма постапив. Лелеееее ко му писнааааав. Абре кондом во градов не остајв. Све шо беше кондом го купив. Ааааааа немат мрдање. Не наседвам јас така. Како ам. Ами цела година ни викет јадите протокали, убај се за грло, за имунитет, за против три…некогаш и четириглицериди, а од друга страна пусти тие портокали да ти одат по јавни куќи и да ти фатет сида. Абре ова ни било ни ќе бидит. А беше. И ќе бидит.

Морат да се пазит. Јас не можам да си дозволам портокалот ( во понатамошниот текст – гејша) да го исфрлам од мојата исхрана. Зш дневно да ти кажам можда купвам 10 кила гејша. Ги јадам и живи гејшите ама често и ги цедам и си прам природен гејшовен сок. Знам да ги измешам малку со обични проститутки ( лимони ) чисто колку да ме закиселит на јазиков зш подруго е само гејша да ти се онадит на јазикот.

Абе решен сум да се борам против ИСИС и не им умирам за инет. Ќе цедам, ќе јадам гејши и не умирам. Е сега покрај препораките од СЗО јас си применав и некој мој работи кои немат да дозволет вирусот најден во гејшите да ми се втикачит мене.

Од ко ќе ги купам ги делам на пола. Пет кила со пет кила гејши. Првите пет ги редам на тераса ги потурвам со винобран, нафта им редам, малку газија, ги запалвам и ко ќе изгорет ги фрлам и ја чистам терасата. Така од нив ни прав пепел да не останит. И ќе ми се фатат, а не сида да фатам.

После…ќе исцедам три гејши во бокал. Обично му идат негде околу 250 милилитри сок, од гејша. До литар му дотурвам Варекина и да имат некој вирус да го здрвит Варекината, да го снеможит, да немат сила нити да пополнит ПДД-ГДП, нити пак да пријавит Персонален данок на дохот до 15- ти март. И опаааааа Зајко како бомба ќе го дајт на Кате и решение ќе си добиет од СЈО, а Катица ќе го опнит во притвор и јас здрав.

А ако пак ги јадам така живи уште при лупењето преземам мерки за заштита од сида. Ги љупам со шлајферица така да и најмалата капка крв која поминала се исшлајфит уште во кората. Неколку пати зуууум зуууум и крај. Но за секој случај дур шлајфам редам еден кондом од палмине на гла случајно дан ме прснит гејшата в очи. Од ко ќе ја изљупам гејшата пристапвам кун процесот дупење, пардон лупење на гејшата. Ја љупам со дребонг, а она белоно шо го имат гејшана на среде го ваѓам со бор машина. Од ко ќе ја излупам парче по парче земам и го редам секое посебно во кондом. Парчињата се јадет, кондомите се пљукет…шо е нормално. Не сум будала да јадам кондоми.
Да нагласам. Сите овие зафати според препораките на СЗО и мој препораки се прает така шо не се фаќат со рака туку гејшата се редит на менгеме само да се пазит да не се стегнит многу дан и` излезет зрцките. Како ам.

Е сега ова го решивме. Кој ќе потклекнит на овие закани, немат да јајт и без да сакат ќе го сјебит тој шо увезвит портокали и чоекот ќе си пропаднит. Друго мене ме плашит. Ај ова портокаливе, гејшиве де, ИСИС ги издупил, ги заразил, па преку Либија и Алжир стигнаа до нас. Тук в чера ко јадев чудни ми беа оние пиперкине ние шо си ги викам ПОТПЉУСКОНИ. Шо прајме во нив како имад сида? Како ќе се браниме од нив. А и друго. Портокаливе дојдоа негде од истокон и лесно беше да ги крстам гејши. Не така. Ам ако имат и во потпљускониве сида, то ќе значит дека некој наш ги издупил и како да ги крстам? Зш се наши домашни….. македонски курвa да ги крстам? Или само курви? Не личит. Не така ?

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив