Рече Хорхе и жив остана. Ам тој поп е али прецедник? Как да е, ова време обично ви ја честитам Новата Година со желба за помалку материјал за колумни во неа арно ама дибеци си се дибеци и на секое отварање уста пламен од материјал за колумни. Но пред да ви ја честитам обично прајме ракепиту…..рекапато…..рокапете……РЕКАПИТУЛАЦИЈА….уф……и се потсетвиме на некој по значајни работи во старава…година. Можда ќе е подолго ама…

На почетокот на годината ептем им се најдовме на репрезентативците за светското првенство: 

Можда пак поарно ќе беше репрезентацијава да беше од Сител. Богами. Немаше кутрите да одат од НСРМ до Словенија со мазги, па после со машини за дрва сечење низ Италија и низ Франција……е додуша од ко влегоја од Франција во Шпанија до Севиља немат шо замерки да редиме, како Султан Силејман на расни коњи јаваја.

Каратистон им напрај ептем убај услови на докторите:
А искрено и на докторине им имет погодено. Имат дури….чекај полека да ги избријам……..ехехеееееее дури три амбуланти. И то е големо растеретвење за докторите. Јас цела недела не видов појќе од 212 пациенти на една амбуланта. Од седум сабајле, дур речиш, максиофацијалнахиругија со оториноларинголија сите се прегледани. Сите. Од 7 сабајле до 7 вечерта. И си ојт и докторот дома.

Ни ја средија и улицана:
Зад канцеларијана од градоначалникон. Еве кај да е готова е. Екпресно. Ни петнајсет години не поминија. Ни имет клаено тампон сега. Е сега од ко кладоја, еднаш ја копаја пак да клает за кабловска, само еднаш после то ја копаа за да доклает цефка зш забаројле за атмосферска вода, после то само еднаш зш скинале кабел за струја, па копаа само уште еднаш зш на еден од мајсторите му паднал кључот од подрумот….и знам дека само уште еднаш ќе ја копет зш првиот пат не го нашле кај е скинат кабелот. И толку.

Филе ми стана френд на ФБ:
Опааааааа….Кочи. Стој. Оф оф оф мераци….“Филе ис нау френд вит Џими“….. Јес јес. Мислев уште да пишам убај работи, ама морам да чатам со Штефана. Да разберам, ал ќе ја делат, ал не државава, ал ќе се приберит Бранко од по улици ал не, ал ќе ја репризирет емисијана од Миленко ал не, алСубрата е глумец на траги комедии ал не, ал на баба ќе и паднит брадајцана од носон ал не,ал..

Искажав љубов и према Баненце и према Кокица:
Додуша јас знам друга верзија на овај виц само незнам дал ќе ти е смешна…вака ојт….И Коле и Бранко ги прашале својте симпатизери, зш све помалку и помалку ве имат на нашите митинзи, шо е работата, дан не сте од нас задоволни дан……а народотот на двајцата им одоговорил……не бре водачи наши, месии, спасители наши, нас не имат можда 20 пати појќе од пред 10-15 години, ама незнајме зш ни се смали платата за 10-15 пати и немаме шо да јајме, па така ко костури, не се ни приметвиме дека сме многу и зато ем сме многу, ем набиени ко дневни влошки во пакетче. А???? Смешен ти е овај виц? Можда на Бранко и Коле му..незнам

Ги подобривме и меѓуетничките односи:
На пример….се планирет заеднички екскурзии на децата од борците на АНА и децата на оние чии татковци ги убија оние од АНА под мотото “Да видиме каде тате твој го убо тате мој“. Со то да се надминат бариерите на омразата и неподребните тензии.
Ќе се организирет квизој на тема “Конфликтот во Македонија-препознај го ликот шо го уби таткоти“. То во стилот на оние квизојне да погодвиш прашања и да ти се отворат коцка по коцка и да препознајш дали татко ти го убил Таљат Џафери или Ахмети.

Добивме нов спасител на НСРМ:
Еве например Стефче од Карпош дефинитвно си го искористи то право на еден абортус годишно. И сега нека му ја пазит. И ептем официјално го абортира Бранета. Мана ГРОМ во Скопје, а и Стив и скопјани останаа живи. Е сега Стевче имаше среќа ептем шо порано не го донесоа законот за абортус зш чоекот на кого стигна му даде…едно време на Гошев, па на Пенов, па на Банета , па напучио се код Милетиќа…..така да немат шанси да немат забременето после толку исексување. Гарант матката му е ренде.

И шок, шок, шок, се спријателија Зајко и Коле:
Опаааааа …Коле поук Зоки….ај да видам шо после??? Знаев…..Зоки бек поке ту Коле. Леле леле. Идила. Убајна. Оаза. Опаааааааа……Коле пост пикчер он Зоки вол, а Зоки лике Колес пикчер. Тииииииии…..ептем си се имет. Ами ова го чекавме бре луѓе. ВМРО – овциве и СДСМ- овциве, да се покет, ликет, лижет…

Добивме мој термин:
После…ова Коле шо го воведе со закажвење алал да му е. Немат сега како порано дојди и седи по 2 сати, па тургај се па карај се кој си бил на ред и некош влегвиш. Сега ти е закажано си идаш сејш по 2 сати се тургаш, се караш кој си на ред и некош влегвиш. Да бе. Абре се модернизирвиме. Не така?
Армијата ни е АРМ или ОНААРМ?:

И пази: Шокес војнику њ чекоревет параааааааа. Е дреееееееееејтееееееееее. Ду чекоревет прапааааааааааааа. Круеее те мајтееееееееееее. И гјетеееееееееееееееее. Парааааааааааааааа, ла, е дрејте, ла, е дрејте, ла, е дрејте, ла, е дрејте. Ндаааааааааааааало. Ле те нгренит. Браво Армија де Републикас Мачедони.Ееејјјј убајна. А? Јас сакав да го прашам командат Форина, овај де министеров за напад, за одбрана де, Таљат Џафери како све то би функционирало ама ми беше страв дан ми речит: Ја чутим!!!

Ќе имат или не бракој на двоцевки? :
Само едно ме бунит. Пример да земам, брачед ми да се решит на таков брак. Прво не ќе знам дал ќе се женит или мажит. Ако се женит тој ќе ми дојт дома са мојот снаа. Ако се мажит таа, брачед ми, ќе ми дојт со тој, зет ми таа. Некако мие…..плус сестра му, брачеда ми, мојт да се избунит. Ако детето шо ќе го родет е женско брачеда ми ќе е тетка, а ко е машко тетин. Незнам све ова ме бунит.

Лиценцирани професори:
Ќе требеле да полагет за лиценци. Виш. Паметнотија. И така требит ами како. Зш на она ливчено шо го зедоа после факултет, шо си го викет диплома, пишит буквално вака: дипломиран печач на кикирики и семки, со љупо-продажни способности.

УЈП ја средвит државава ревносно:
Го затворија еден Џамбо Маркет во Лакавица штипско кај шо имат страшни услови за да се прајт стопански криминал. Данк 4750 евра казна. Како ам. Прво и прво продавницата кизнајт шо роба имат внатре. Од леб, млеко, сољ, вегета од ефтинана,пипер…..абе шо ти не. После ај шо Лакавица имат скоро 150 жителите то ко ќе нагрнет и од селана Балталија, Горачино, Степанци, Суво Грло и Пухче уште скоро 78 души…..тииии то промети промети се прает.

Неосновано Заев го обвинија:
Жена му на тетинот на сната од сестра на зетот на чуварот во општина во Струмица, ошла да ја однесит документацијата и ко влегвела во фирмата се нашла со золвата на вујна му бивша на трета брачеда на зетот од прв пријател на некој далечен роднина на другар на брат му на Заев. Праејќи муабет и паднала пријават арно ама тогаш поминал брат му на Заев и само и ја подал пријавата незнаејќи шо е то. И заради ова последново испадвит дека тендерот е местен за брат му на Зајко. Е ајде анализирај го ова шо го напишав и најди некоја врска на Зајко и брат му во тендерот?

И толку. Вака мојме до утре но мислам дека е доста да сватиме дека рози ни цветет, све си ојт ко подмачкано во НСРМ и само ради одлучноста на нашето македонче, цврстината и одлучноста негова да се справит со све шо не е ок во државава ни наша. И пред да ви ја честитам новата 2014 година ќе си дозволам со уште едно парче од една колумна да го дам мојот заклучок зш ни е све вака погодено:
Абре кај и да се свртиш низ историјава наша ќе видиш дека ние како македонци секогаш сме се држеле и по цена на живот не сме одстапвеле од основнате македонска кауза, која низ векови сме ја практикувале и зато до ден денес ги уживаме овие благодети – кај и да ојш ,кој и да дојт- како македонски син секогаш имај во тебе ВАЗЕЛИН. Како ам. И пред никого не остапвиме. Мачкај чмарот, open it wide и во јуриш ма кој и да стојт пред тебе.

И така, а јас вака ќе ви ја честитам новата година. Со сите горе спомнати душегрижници за нашата иднина во овие две и пол децении, во новата 2014 година:

ГОСПОД да ни дајт
СИЛА да го издржиме она шо не можиме да го промениме
ПАМЕТ да го промениме она шо можиме и
РАЗУМ да напрајме разлика помеѓу првото и второто.

ЏИМИ
[email protected]

Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.