“Ја одувде не мрда дур не го отрачна асфалтов, така ми рекоја така пра“
“Извини шо зборвам гласно. Морам така ради машинава шо е гласна.“
“Не дерисе не су глув, не те слуша заш пиштит машинава, се транчит, ко оси да ми зујат во глава“
Свртив цел круг. Шо да прам. А шо ќе прајш. А вртам два дена. Ама ич не му се секирам. Ќе го средет кај да е за 6-7 дена. Пак ние зад општина шо живејме научени сме ко низ моноспитово блато да врвиме. Ко ти викам. А како ми се брзашееееее. Како ме имаше стегнато за на суратлиќитапон, како ми се брзаше за дома, санким со рицино наздравив. Влегов дома, кондурите ги кладов во доместос, со шлајферица му влегов на фармерките и одма на компјутер.
Абре ова суратлиќитапов не да го сакам. Не да го обожавам!!! По цел ден сум на него и низ него. Ќе си се логираш, ќе видиш шојмат како имат, ќе објавиш некоја песна, ќе клајш некој пост, мисла и за 15 минути ќе ти поминит цел ден. Од секош дремев на суратлиов. Уклучи си се и прај шо ќе прајш ама то уклучено. А ти титна трчај од на шоља со гашчите на колена да видиш кој ти напишал “поззз“. Така ко лиот гол, враќаш поззз, чекаш да ти вратит тој некој…чекаш…немат. Ѕенѕаш до нашоља, седвиш, таман си напнал…тиринтин….трчај назад.
“Како си , шојмат ново“…“Еве ме фати на сред тотолење, трчав со калешко гол. Иначе освен шо ми излегоа очиве од напвење ок е све, кај тебе“……..штама никој…..чекаш, дремиш и после 15 минути….“…еј извини, морам да одам“. Абе баш му е гајле шо ти со чмарот го сними цел стан само за да му напрајш сајдис нему, а тој морал…да….Страшна работа.
Баш еден ден ко мислев да исклучам и да се позанимавам со нешто глупо, да одморам, тук ми излегвит: пипал ју меј ноу и еваааааааааааааа…..на слика тој. Лично тој. Ко шо си е онака во косана ко рибаќа четка, ко онај чешелон со боцки, насмеан и секогаш позитивен, мада малку уморен зш помина 100 чекори во еден здив, ама тој. Коле. Ауууу…шо да се прајт сега? Да го ликнам да не го ликнам. Ми дојде едно време да го поукнам….ама се боцкало премиер?А? Тој да не боцкат нас и ред е ама ние него не. Не, си реков. Не го поуквам.
Се думав дал да ликнам. Да му станам френд. Ај реков да видам на ѕидов негов шојмат. Гледам некоја Ленче го прашвит шо ќе сме праеле без него по 1000 години. Мори Ленче мори кукло, џанам ти мислиш желка си? Ти доживеј толку години па ќе се снајме за премиер. Јусуф пак му е љут зш сме немале пари, а Снеже пак го прашвит шо ќе било со ЕМО од Охрид. Спасе ти бил во попишувачите и не зел пари и го молит Колета тој да му завршит работа, а пак од новата судска реформа на Емира пена на уста му излегвит.
Море чудни луѓе. Ам чоекот не отвори суратлиќитап за вакви глупи прашања. Де бре имајте малку сенс. Јас на пример, ако го ликнам, ќе си прашам нешто содржајно и вредно да му стојт на „волот“, ѕидот мислев. Како да ја врзам деснава патика зш левово ребро го удрив со пеглана….пример… дал мојт да ја натерат она плавана во Макси Де бар еднаш да се насмејт или нека се огледат на Рената Симјан од Тинекс да знајт како се работит со муштери културно. Додуша Рени е огагалена нон стоп и рапосоложена. А како да не е ко Влатко секое сабајле ја будел со ….“коњ колено виснеше, ого небо без мисла киснеше…“. Да бе. И рецитират. Шо сакав? А да. За Колета. Дали мојт да ни напрајт жичара од економско до дома да поминиме преку кањонине шо се пред зграда. Да го претекнит Ацета со она за Галичица. Шо ја прајт Аце. Два мандати.
Друго…дали е поарно со ладен восок со траки или со жежок процеден. Така ам како. Море чоекот е премиер. Абре не требит море ич ни вакви содржајни прашања како мојве да му фпурвиме. Едноставно со него требит да се забављаме. Зато отворил чоекот суратлиќитап. Јас например му влегов во апликејшн да видам дали чоекот имат фарма. Сакав да му посадам некоја тиква, ако немат харвестено да средам работа. Ама Горде од Ацето од Маредо имаше све цакум пакум напраено. После да виш дан му требит некој клинец или пак му фалит даска. Прати му поклон на холдем покерон, или на крај краишта, чисто колку да го разонодиш, да не е само 24/7 сенд му некој кисс, хаг..да го поканиш чоекот да маните едно баблс…Прати му Чаславове необиче поклоне…
Одлучив ќе го поукнам. Премиер не премиер чим е на суратлиќитапов ќе го. Можда ќе ми вратит, мож ќе ме боцнит. На суратли мислев. Вака во живо ме. Додуша сите не. Ми се приоде. Ќе морам да гасам. Нејќам да трчам ко недоветен со газов низ собиве, ако ми започнит конверзејш Коле. Сега сме френдој.
[email protected]