За мене Охрид е секогаш петка. Пет плус. Дупла десетка. Ама Охрид е пред важна одлука: да фати строг правец, нов пат за квалитетен нормален туризам или да е стара убавина која се фали со некогашна слава од осумдесетите. Сакаме туристи. Ги добиваме тие што ги заслужуваме.

Субвенционирани Холандски туристи кои купуваат на пазар две праски, 200 грама лубеница, една кифла од 15 денари и во ранецот имаат шишенце вода од 20 денари или наполнета на фонтана. И уште се ценкаат за едно евро со таксистите. Од нив локалните фирми и угостители да не чекаат големи пари. Друг ‘проблем’ има со 300 денари туристи. Тие се највпечатливи. Супермаркет туристи. Исто имаме бутик туризам. Само во чаршијата има можеби над над 50 бутици! Цел Охрид е преполн со супермаркети. Среде чаршија веќе има два големи, ако нема супермаркет, ќе има бутик, кафиќ, бутик, златара, бутик. Да живее Охрид….. Една слика кажува повеќе од зборови. Сликава е направена во 6.30 часот во Холандскиот парк. Просечен летен ден. Со вакви турисити има конзумација на улица. Масовно фабрички како на лента.

Ако имате време отворете ја (преку google) прекрасната документарна emisija “I love Venice”. Пред неколку месеци ја гледав. И цело време, на секоја сцена помислував на Охрид. Ова на мало ниво може и да се случи со Охрид. Сега да не го споредуваме Охрид со Венеција. Ама има сличности. Во филмов силно се истакнува како годишно 30 милиони туристи од цел свет доаѓаат во Венеција и локалните жители се борат за нивната Венеција. Плачат дека Венеција е веќе секој ден 24 часа луна парк. Наместо да се контролира туризмот локалната самоуправа во Венеција сака што поголем број туристи. Режисерите успеале во реалниов филм добро да ги убедат гледачите какво е чувството да живееш во град кој не е повеќе твој. Да си заробен со туристи и бродови.

Ова лето едно утро поминав покрај пазарон. Отспротива има згради. На трети кат имаше балконска гласна забава, во 6.10 ч.. Како тоа да е нормално и дозволено. Група млади си слушаат гласно музика и пеат. Им се придружи некој гостин. Прво тој ја паркира колата и од возилото возачот излезе со отворено пиво в раце. Замисли да живееш во таа зграда. Да имаш деца. Да треба да одиш на работа. И некој си комшија, лаком за 300 денари од кревет, ти прави незгодни проблеми со супермаркет туристи, со дивјаци. Ова се се’ случува јавно. Во рок од 30 секунди на случајно поминување. Не треба да го бараш, се само се појавува низ охридските улици. Слушнав од готвач дека група млади пијани, несвесни, во 7 часот наутро барале скара во ресторан. А тој подготвувал шведска маса за доручек со кафе, чај и џјус. И се се толерира. Несфатлива работа.

Ок, и јас сум бил млад и не сум секогаш перфектен. Сум бил во Лорет де Мар, невидено лудило на шпанската Коста Брава. Еднаш и никогаш повеке. Беше зима и за среќа одевме на одмор во Барселона. На сопругата и реков: не дај боже овде да си во јули или август. Тоа е нездраво за душата. Овие денови гледав репортажа на телевизија околу бугарската ривиера Sunny beach. И гратис не би одел до таму. Иако е се нагласено со шест ѕвезди. Не, фала. Во Грција, Малта има исто туристички дестинаци кои се отворено диво игралиште за млади туристи. Целта им е на вакви гости: почитување на закони и прописи не пости. На одмор треба да си бесен, пијан, хаотичен, гласен и воопшто не треба да си одговорен и немој да помислиш да водиш сметка за околината, за луѓето или за чистота. Најважно е да си себичен, арогантен и без пари да се вратиш дома. Дали се парите од вакви туристи поважни или е поважна глобалната добра, квалитетна слика на Охрид?

Ова лето бев среќен кога одевме Свети Наум, Трпејца, Радожда, Галичица, Елшани, Канео. Единствени места во Охрид кои заслужуваат наслов: убаво. Другите делови во Охрид не се ништо посебно. Хаотични, стандардни. Еден месец бев сведок во Охрид каде претежно помлади македонски и српски туристи оставаа траги од повраќање и улиците им беа отворено јавно wc. Кој каде ќе стигне побрзо. 28 дена пешачев секое утро или со велосипед си ја одржував кондицијата. Гледав по фаците на пензионерите и други редовни утрински птици дека и тие се нервираат. Но исто како мене се немоќни. Трпиме што се случува, лудница.

За жал сите гледаме како Охрид веќе одамна ја изгуби душата со бетонското уништување. Таа преполна грда висока градба. Плус сега овие супермаркет туристи. Во ред, локалната економија има профит. Овие супермаркет туристи ни го пропастуват нашиот Охрид. Сите заедно да внимаваме вакви гости во следните години да не го уништат целосно Охрид во летниот период. За 300 денари на ден.

I love Ohrid & Venice!

Поздрав
Влатко од Амстердам

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.