“Гаси то струјата бе….“. “Де бре тато како ќе учам вака ко….“. “Нема де бре. Гаси. Ќе чекаш да се обденит. Знам дека е за ноќе струјата ама баш ноќе сега немат палење. Ни свеќа бре. За неа требит парафин, парафинот требит да се стопит, а струја за да  бидит стопен. Абре ич не ме интересират. Неможит и таму ко ќе си. Ако го погодиш газот го погодиш, ако не утре со дења ќе го заплакниш ама со ладна вода. Јок бојлер.“

Ова децава ич не сфаќет. Абре чичко му Ваљон рече да се штедит и крај. Додуша мене искрено не ми требит. А и требит да се навикнам. Кај и да е ќе ми ја исклучат. И тогаш ќе си пукнам. Не зш ќе немам струја ами ќе ја изневерам државава. Ко ти викам. Сите благодети даени, а ти да не платиш давачка.

Мене појќе ме изнервира то шо немаме веќе директор на Охридско лето. Ти брееееее….Ова охридска зима срце ми скрши со ова Охридско лето. Васил замина дојде Анита. Пред то имаше еден друг, а пред него Тони. И то замисли сево ова за две години. Три директори и една ка. Незнам шо да е работата ама ваљда неко меџу нас нија наш. Негде седат билмези кај шо плачет за менвење и не се менати а овде дури….На Васета му брцет полицајци појќе од еден месец, другиот беше стар а Тони…..ваљда не беше убо исчешлан па заслужи да го менет. Друга причина не гледам. Или пак ќе кажет овие сега шо се одомаќија во канцеларите со проверки. Како и да е вистински правец држиме, ова манифестација ќе напрајме бетер од пиво фест и ја чекаме кај и да е Цеца да ни дојт и то со си цицки и да го отворит Охридско Лето. Мада не вервам. Елизабета Канчевска Милевска ќе и е љубоморна.

Ако предходново ме разочара, ептем се израдвив пак со струмичкиот карневал. Малку ме издриблаа со помествењето на денот. Не во вторник ами во саботата се оддржа. Демек ради велигденските пости. Море луѓе, ако ради постите на македонскиот народ не се држат манифестации никогаш  не ќе мојт да се оддржат. Одавна сме сите на пост. Ама како и да е маските беа топ. Навистина.  А нај топ беше Зоранчо….Заев. Со си жена му. Тој видов дека е Сулејман. Само останав скинат за информација дали жена му е Махидевран или Хурем. Некој искоментира дур го гледавме то од кај му текнало на Заев да се преправат дека е султан Сулејман. Да ви појаснам. Зокица навистина живејт како султан во Струмица од ко го помилува Баненце, прва причина, а втора, сфати чоекот дек тек така не се јадет живи луѓе туку прво требит да им ја скиниш глата. Да не претет.  

Ме израдви и то шо беше на 21-ви во Скопје…..ден наречен “Македонија без отпад“. Е ова година ова било пилот  проект само за Скопје,  а потака ќе се проширело низ цела држава. На овај ден ќе се подигнувала свеста за живот во здрава средина и остранување на отпадните материи. И јасно шо почна од  Скопје ваљда овај  град е најмногу загаден….со џубрина. Како и да е конечно сфати некој дека независна самостална Република Македонија е полна со џубрина. И едвај чекам НСРМ да се исчисти од сите џубриња. А ги имаме со тони. Многу бројни се.

Ееееее пак зато немат да бидат многу бројни тинејџерите од 16 година со возачка дозвола. Да бе паметно. Аку Панче не е Коле, ама и тој е паметен како министер. Богами. Е зш? Зш го сретнав ова: “Возачка дозвола на шеснаесет години ќе може да полагаат само ученици кои се одлични и примерни. Покрај одличниот успех и примерното поведение, ученикот ќе мора да добие и писмена согласност од педагогот и психологот во училиштето заверени на нотар.“  Да бе. Ами зевзеци ко нас ако не напрает ваква будалија кој друг? Имав слушнато: ај пиши му петка му требит да се запишит…..му требит за стипендија за…..незнајт  многу ама сакат……немојт да напрај уба писмена…Ама не ни сонвев дека сега ќе слушаме…ЗА ДА ПОЛАГАТ ЗА ВОЗАЧКА..Абе господ да чуват и да бранит и голман да станит.

Кај шо го спомнав Коле горе. Одавна немам сретнато спајдеровски негде да се инволивират. Се  чудам. Или појќе сестрите не пушат или пак пушат само тој ко ќе ојт , незнам…Ама как да е ете ни кажа дека охридската болница ќе била готова за осум месеци.  И виш…чоекот то го кажа и стружани шо живеат во Охрид одма се распраја деца и се во надеж дека ќе им се седмачина и финално да го дозголемет бројот на стружанчиња. А за то време другите ќе си ги замолет своите слепи црева, жолчки, бубрези и други внатрешни органи да се стрпат со нападите, а после осум месеци ќе бидат изваени. Или пак Коле како спајдермен би требало да е способен дури и лапароскопски да ги оперират. Шо бе би требало….гарант мојт. Образование среди, медицинава ја среди, му остана уште пушењето и здравје боже ако ВМРО имат уште еден мандат Коле ќе ги прошетат сите ресори и ќе ја средит цела Македонија. А богами со ваков Бранко и СДС галиба навистина ќе прошетат.

ЏИМИ
[email protected]

*
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.