Опс… СМС… праќат “Мој термин“…Почитуван/а, Ве известуваме дека на…. во… часот… имате преглед на ОРЛ во Болница во Охрид. Ве молиме почитувајте го закажаниот термин“…. опс уште еден СМС од терминов: “Дополнување..почитуван/а ако не сте во можност да дојдите, во закажанио термин, пратете го вашето болно ушенце, ќе го прегледаме и ќе го исчиситиме. Истото заедно со препишаната терапија и со си коломаста шо ќе ја извадиме ќе ви го пратиме по брза пошта после коломасно-вадителниот зафат.“

Тииииии кај ојде ова македоништево, државиштево наше…бре…бре…тук дур сум кај овај прекрасниов мојт термин…..да реагирам за баба ми. Имавме закажано за преглед и како шо носит теркот на терминот и закажаа за маj. Да бе. Ја болеше стомакот многу, ама појќе на ја болит. Умре. Па да го откажам терминот зш не е коректно на друг да му го држиме. Не така? Мада понудија и упат со приоритет ама и да одевме така ќе окапавме од оние редовните со нивни термини така вака бар дома си умре, а не негде по ходницине.

Кај шо спомнав баба…БАБА…одма асоцијација. Абре каков Пендароски, каков армоникаш, каков Хорхе…..Рада….да да дааа Баба Рада за председател на НСРМ. Абре секому му сакат добро, секому му помогвит, без разлика на вера и националност, без разлика дал е од СДСМ-овцине, дал од ВМРО-овцине….дал….абре секому.

Јас почнав све шо кажвит та да применвам. И стап умирање. Абре со она шо го кажвит та најмналку 300 години ќе живеам…желкишче….како ам. Прво се скинав од радвење. После си реков алооооо кочииииии….чекај малку. Не само ти и другиве ќе живеат толку. Се здрвив. Еј …море….со истиве луѓе 300 години да живеам. Абре какви 300 години, алооооооо…то ти се уште најмналку 150 избори, 300 годин кредити да плаќам….брррррр…..скраја да е….триста години да слушам “на Заев неможе да му се верува“, зш и тој ќе пијат од баба Рада чајојне.

Пак ко ми текна дека Латас ќе водит вести уште триста годиииии…..мајкоооооооо……дај солна каков чај каков бутур. После друго си реков. Алоооо знајш колку пензионери ќе имат државава??? Абре на која држава и требет долку пензионери. Ќе морат било која влада да е да барат чаре. Да менвит нешто. Или да напрајт старосна граниза за пензија 305 години или да ја скинит баба Рада. Ко ти викам. Мојт и да и побарат декларација за сите чајој и тревки и да ја втикачит в затвор.

Е за една работа не и верверв и морав да пробам. Дента ко расправаја со еден Ајнштајн дека Султан Сулејман, онај од Хурем маж је бил ептем потентен и дека од то пусто како се викаше , бабин заб мислам, спермата му се праела ептем јака. Тии теков. Морам да пробам.

И пробав. Не јака. Алоооооо ….абре неможев со чекан да ја скршам. Абре во менгеме не се дробеше. Ко ти викам. Ко почнаа од градежништво да ме барает. Да не речам ама на пола град темелите на зградине и куќине им ги фрлив. Море тестој се праеа со вештачки земјотреси море булдужери маваа….не бре….ни милиметар не мрдна. А. Ко ти викам.

Пак то со потенцијата. Абре пиење чајот…..за две минути….јас онолку потенцијален не сум се осеќал….Абре мачка по улица не остајв, све шо бешке кучка ја раскинав. Абре да ме влечит потенциометаров кон све шо е од женско род. Да не можам да се застанам. Фала му на Бога слатен шо Су-братон не донесе крави во Џумајлија. Абре верви една не ќе останеше. И замисли од ова сите да пијаеа кравите да беа таму и да му писневме све шо е машка рода од НСРМ на кај кравите индиски….по по по по…..шо ќе беше то зголемвење на македонскиве телиња.

Ко шо ме мана да потенцијалноста на баба Рада в гла, влегов на гугл и побарав некој линк за индиски крави. Пооооо па тие шо ти биле секси бре!!!! Не ко нашине трпејчкине исушени. Па струкче едно, па газина, па дур пасет така елегантно фрц фрц со газињана. Кочи реков. И овде кочиииии. Данк со чекан потенциометарот фрли то сите билки за потенција и си реков вака со олку потенцијалност не се живејт. Абре верви неможев на газов да си седнам. Само на потенциометаров седев. Зш најголем. Да бе.

Си реков само индиски. Да индиски чај. Ем ќе немам потенцијална мака ем ќе шетам низ НСРМ и ем ќе лажам ем ќе Сушанто ем без да се мачам секој ден све појќе и појќе со лажење ќе произведвам македонски телиња.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.