Добронамерниот човек, по прашањето за ,,владеење,, со спортската сала во Охрид, добива   впечаток  дека централната и локалната власт комуницираат само преку медиумите.Оние другите, да не речеме злонамерните, сметаат дека  ,,државата,, тренира строгост за да се согледа нејзината ,,грижа,, во спортот. Ако е тоа, тогаш – сполајти на грижата.

Охрид не е тема – со своето секојдневие – само за медиумите. Од памтивека бил ,,зеница во окото,, за централната власт, без разлика дали  власта била унитарна или, повеке-помалку, децентрализрана. Под маската на значењето што го има Охрид со своето богато културно  и историско наследство, централната секогаш ставала своја шепа визави интересита на граѓаните или локалната власт. Како да, недај Боже, по кабинетите во полициски чуваните зданија на брегот на Вардар да се накотил целиот ум и мозок на Македонија, а во провинцијата односно внатрешноста да останал само чурукот од стручни лица и квалифиувани кадри. Впрочем,таквиот однос и не е зачудувачки ако се има предвид она исконското дека ВЛАСТА НАЈМНОГУ СЕ ЉУБИ СЕБЕСИ, ПОТОА СВОИТЕ ИНТЕРСИ, ЗА ДА УСЛЕДАТ РОДНИНИТЕ,  ИСТОМИСЛЕНИЦИТЕ И ПОСЛУШНИЦИТЕ. ЗА ГРАЃАНИТЕ – ОД ЉУБОВТА НА ВЛАСТА – ОНА ШО ОСТАНАЛО, АКО ОСТАНАЛО.

Оттука, за упатените, очекувана е дискрепанцата помегу ветувањата што Власта ги дава при устоличувањето и оние што потоа народецот ги чувствува како секојдневие кое се најавува преку Уредби, Одредби, Заклучоци, Одлуки и, на крајот, Закони. За оние ,пак, помалку упатените во политичките игри и предигри,  зачудувачки делуваат потезите кои се сведуваат на она дека ,,вчера ветеното или даденото-денес не вреди или ти се одзема,, Демек, централната во еден период згрешила што ,,грижата за Охрид,, ја препуштила на самите охриѓани, па сега тоа го враќа во Скопје за да, божем, грижата биде целосна и адекватна. Од многу ,,попоштени,, поупатени и ,,покадарни,, човеци. Сето ова- наспроти факот дека и мега-аферите и поситните арамилаци на штета на граѓаните биле правени и се прават во подземјето на таа централна а не општинска или локална власт.
    
Без навраќање во некои  далечни времиња, доволно е да се посочат прашањата со изградбата на ул. ,,Железничка,, , стопанисувањето со плажите и ,,владеењето,, со спортската сала. За улицата – катагодишно ветување од Централата за да и годинава салдото за неа во Буџетот биде нула. За плажите, тамам  се почна да се бара крајот на проблемот – испадна дека Договорот бил штетен. Демек, штета е да му го дадеш на стопанисување некому она што тој го чисти средува и уредува за да биде убаво и за ,,централните,, но и белосветските нивни гости, делегации и државници. За спортската сала, пак, нешто подолу и повеке  на овој осврт бидејки посегнувањето по неа од страна на Централата е – нешто веке видено.

Охрид е лулка ама за митингување.

Оттука, за упатените, очекувана е дискрепанцата помегу ветувањата што Власта ги дава при устоличувањето и оние што потоа народецот ги чувствува како секојдневие кое се најавува преку Уредби, Одредби, Заклучоци, Одлуки и, на крајот, Закони. За оние ,пак, помалку упатените во политичките игри и предигри,  зачудувачки делуваат потезите кои се сведуваат на она дека ,,вчера ветеното или даденото-денес не вреди или ти се одзема,, Демек, централната во еден период згрешила што ,,грижата за Охрид,, ја препуштила на самите охриѓани, па сега тоа го враќа во Скопје за да, божем, грижата биде целосна и адекватна. Од многу ,,попоштени,, поупатени и ,,покадарни,, човеци. Сето ова- наспроти факот дека и мега-аферите и поситните арамилаци на штета на граѓаните биле правени и се прават во подземјето на таа централна а не општинска или локална власт.     Без навраќање во некои  далечни времиња, доволно е да се посочат прашањата со изградбата на ул. ,,Железничка,, , стопанисувањето со плажите и ,,владеењето,, со спортската сала. За улицата – катагодишно ветување од Централата за да и годинава салдото за неа во Буџетот биде нула. За плажите, тамам  се почна да се бара крајот на проблемот – испадна дека Договорот бил штетен. Демек, штета е да му го дадеш на стопанисување некому она што тој го чисти средува и уредува за да биде убаво и за ,,централните,, но и белосветските нивни гости, делегации и државници. За спортската сала, пак, нешто подолу и повеке  на овој осврт бидејки посегнувањето по неа од страна на Централата е – нешто веке видено.

Почитуваниот, во неколку прилики мој собеседник, актуелен претседател на Парламентот, во екот на минатогодишната изборна кампања, на едно новинарско прашање, мошне директно одговори дека Охрид како лулка на многу нешта значајни, си има посебно место и за започнување на изборните кампањи и карвани. Со право, некој од вас, ќе се запраша каква врска сега има Љубиша со сето ова погоре напишано и кажано.
    
Ами, прашувам јас, каква врска имаат сега со Охрид истите оние кои пред да се устоличат се испокршија од ветувања за доброто на Охрид кога ќе дојдат на власт, а сега ги аминуваат одлуките кои не значат ништо друго туку лет во празно и тоа наназад. Да не, на сите тие партиски главешини, нивни торбари или пратеници, главите им пропаднале во некаква песок па не гледаат дека се прави нешто што наликува на ајдутство?
    
Нема потреба од пошироко елаборирање на ,,проблемот,, со спортската сала во Охрид бидејки се знае и како е градена и со чиви средства и кој кому плаќа долгови. Но, уште повеќе, добро се знае кој ја одржува и како ја ,,одржувал,, ….   За хроничарот е доволно јасно дека на овој начин – со обидот да се приграби Салата под своја капа – Централната не само што сака да биде газда на туѓото,туку да изнајде простор за исполнување на  ветувањата за вработување на разноразните лепачи на плакати или мешетари кои од ,,грижата за спортот во Охрид,,  го познаваат само личното профитерство.
     
Навистина, каде ли е врската на оние кои се гордеат со Охрид само кога ќе можат да заработат на него  со сегашните обиди да се приграби Салата како ,,своина,, а долговите да ги плаќа Локалната? Каков ли тоа интерес за развој на спортот во Охрид пројавуваат тие душегрижници  кои од дрвото не ја гледаат шумата пишувајки ,,високопарни,, колумни за ,, Курто и Мурто,, и заради својата лична суета?
     
Неисе, нека продолжат така. Но нека не се ,,крстат,, во Охрид и неговиот растеж, во неговите интереси и потребите на неговите граѓани. И, нека не се кочоперат со божемната ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА оти ова што се случува повторно со спортската сала – е најмалку од тоа што Европа подразбира под тој термин.
       
Затоа, можеби е поумно и за охридскиот Градоначалник, наместо да се спори со самобендисани или приучени ,,владеачи,,од Централата, едноставно да седне и напише ферман во Стразбур. Нека читаат тие што инсистираат на децентрализација во Македонија, како таа вирее во Охрид на примерот кога сала градена со пари на граѓаните – едноставно се одзема како арач од страна на оние кои знаат тука гратис и во ВИП ложите да се кочоперат на сметка на парите на охриѓани.
       
Оти, навистина, не е секогаш упатно алиштата што ги валка Централната да се вадат пред светот.Но, нека се знае, барем еднаш, кому му пречи или кој завидува Охрид да располага со она што е негово?
                                                                        

Никола Маневски 

(авторот е новинар)