Живееме во време на парадокси и апсурди. Време во кое чувствувам доколку сакаш да правиш муабет за уметноста, таа е веќе табу тема и многу е тешко да најдеш добар соговорник. Ми доаѓа да си излезам од својата кожа кога ќе ги видам македонските уметници како ја имаат продадено душата и од нивната промашена мисија. Се разбира, со исклучок. Кај се видело уметниците (актери, режисери, сликари, музичари…) да си креваат рејтинг при сликање со политичари? Само кај нас тоа е така. Затоа што ние сме “земја на сите можнсти”, не сме “Деца на Сонцето” … Насекаде во светот е обратно. Политичарите си креваат рејтинг сликајќи се и дружејќи со актери, режисери, сликари, музичари. Нема да споменувам имиња, премногу ги има, а ако испуштам некого, може да се навреди, затоа што “славните” се многу суетни. Ми се гади од самата помисла дека нивното страдање е за да се сликаат со политичари со цел за да бидат видени плус да станат цицачи на државна цицка. Тие уметници денес се замислени авторитети кои како меури од пена кога-тогаш ќе се распрснат. Си ги газат своите морални убедувања со цел да бидат осигурани со пари и проекти. Какви курви! Тие се дури и поголеми од политичарите. Го копираат Холивудскиот џет сет кој добро знае како да ужива и да го рекламира своето работење, промовирајќи се како најдобри и најхумани луѓе на светот. И додека едни ја гледаат хуманоста при призмата на парите со различна форма на донации, други сметаат дека учеството и трошењето на нивниот талент е доволен хуман потег кој подоцна ќе им се исплати.
А какво е вистинското страдање на еден уметник? Прво да ви кажам за моето доброволно страдање. Тоа страдање ми стана опипливо во моментот кога се слободив од недоброволното страдање, од обичната грижа, од стравот, од робувањето на мислењето од другите, од заканувачките несреќи и итн. Така разбрав дека единственото здраво држење на човекот кој им е потчинет на ваквите работи е желба што побрзо да се ослободи од нив и да им ја подари својата доверба на вишите сили. Да се додаде на на овој товар и уште политичкото страдање, тоа е нездрава патолошка тенденција. Е така. Нашите патолошки нездрави уметнички курви “не знаат” или “заборавиле” што значи да се биде ослободен од сево ова. Го заборавиле најдоброто нешто, а тоа е да се биде свесен! Неопходна е нова и силна движечка сила за она што мора да се направи и да се почне со размислување за преобразувањето на страдањето и на заморот како суров материјал кој на луѓето им недостига.
Јас денес слушам дека сум пател, но јас не патам, дека сум бил прободен, но не бев погоден, обесен, но јас не бев обесен, дека мојата крв протече но не е така. Со еден збор, тоа што го зборуваат за мене, не ми се случи, но она што не го кажуваат, тоа го патев. Светот и времето се гледаат субјективно. На некои им се допаѓам, на други не и фала му на Бога што е така затоа што ако бев совршен немаше да бидам човек. Ќе бев Бог, а тоа е дефинитивно најтешката “професија” целиот универзум. А, за разлика од моите колеги, јас таква амбиција немам. На мене, како раскажувач, влијаеше европското уметничко подземје, каде е вообичаено да си аполитичен. Се прашувам зошто нашите уметнички курви не убедуваат дека откако почнале да се дружат со политичари, нивниот животен стандард станал повисок, поголеми плати, многу проекти, нешто со волја, друго против своја волја, заштита на нивните авторски права и автоматско богатење затоа што сите ние ќе “купуваме” оргинални прозиводи… ? Уметниците единствено во последните 10 години можат добро да се најадат и пристојно да се облечат. Но луѓето со полни стомаци лесно се успиваат. Ова, на пример, ја објаснува незаинтересираноста на уметниците. Во ниедна земја уметниците не се толку инертни како во Македонија. Само колку многу деградирано се чувствувам знаејќи го ова.
И како овие уметници би успеале да дојдат од својата необична сиромашна положба до положба на работ на слободата? Мислам дека е најдобро да си го пронајдат својот најголем копнеж, а тоа е да гледаат објективно – да се видат токму себеси! Само така ќе можат да видат колкава е улогата на страдањето во нивниот живот и за што страдале! Да се биде уметник, тоа значи пред се и над се да се биде индивидуалец. И тоа не обичен туку оној кој туѓиот живот го “в шмукува” и не го остава да биде “само живот” туку единствен, уникатен живот (животиште). Независно дали е страдален или лагоден.
Имало такви генијалци кои по блескава кариера дошле до заклучок за објективноста во однос на себеси, за тоа дека ниедно обично искуство не е доволно силно и ништо друго освен страдањето не им овозможува доволна проверка на силата што ја стекнале. Рембрант умрел болен, заборавен и сам. Бетовен бил глув, психички скршен, беспомошен и напуштен, Толстој умрел на една селска железничка станица кога на 82 годишна возраст тргнал на Тибет. Њутн веќе бил надвор од сите нормални односи и кон него се однесувале како кон умно-болен. Исто така се случило и со Ниче. Смртта на скоро секој човек е трагична и осамена. Сепак во овие случаи, трагедијата и страдањето имале поинаква улога одколку што е тоа случај со животите на обичните луѓе. Обичните луѓе страдаат без никаков план и цел за нив е да се избегне напорот на бесмисленото страдање. Сосема правилна одлука. Но, во случаите кои ви ги кажав, таму се појавува сосема поинаков елемент на свесно страдање. Страдањето не се избегнува, туку се бара како нешто најтешко со што човекот треба да се носи и тоа е најголем испит за стекнатата способност која треба да ја одвои свеста од телесните манифестации и објективно да ги набљудува.
Да се разбериме. Еден единствен збор, Пилат можел се да измени. Ама Христос не направил ништо за да го спречи своето распнување и постапува така – во дадените околности и земајќи го во предвид расположението на народот да го направи неизбежното. Сократ се однесува слично пред Сенатот во Атина. Буда свесно јаде затруена храна која му е дадена на едно место на патот. Никакво “лошо” време не може да го спречи вистинскиот творец и уметник. Тој ја поседува љубовта и ги поседува сите времиња, и сегашноста и минатото и иднината, и создава еден свет што по правило триумфира со моќта на сопствената вистина. А, љубовта не се кажува, таа се покажува. Ако некој вистински се грижи за уметноста, тој ќе создава простор за нејзин развој. Се разбира, неопходно е во одбрана на својата уметност да изгради систем на одбранбени механизми. Од него се бара подготвеност да се откаже од значајни нешта, но и да одолее на заводливите и слатките слабости на комотното живеење и тврдоглаво да го следи својот пат. Тогаш дури и грешките што ќе ги направи ќе бидат дела од нивната победа кон страдањето.
Порано се прашував каков ќе ми биде животниот избор ако мојата егзистенција зависи од тоа дали ќе работам, а не што ќе работам? Дали ќе имам сила да им се спротиставам на ниските вредности, да творам, а да не работам, да сум уметник, а не мајстор, да имам сопствена порака, а да не сум портпарол. Времето тече, времето се менува ама никако не си ја продавам душата. Денес, за да имате бенефиции мора да бидете послушни. Тоа некои го нарекуваат “модерни робови“. А, кога веќе влеговме во рецесија, кога ќе дојде до скратување на буџетот, што мислите за што нема да се има пари? Па нормално, за уметноста! Па да ги видиме нашите курви што ќе прават дури тогаш! Сево ова еден ден ќе предизвика тага која, пак, первертира во гнев, агресија, десориентираност и идентитетска стагнација проследена со девалвација.
п.с. Во економијата, рецесијата се дефинира како состојба кога БДП не се зголемува, побарувачката е ниска,а невработеноста расте. Па доколку не се помине овој период со некакви мерки, тогаш настанува депресија, а тоа е продолжен период на абнормално намалена економска активност и абнормално висока невработеност, придружени со тенденција на општо намалување на цените. Брановите од најразвиените економии како концентрични кругови се ширеаа кон периферните економии како што е нашата.
Во духот на македонштината и вродениот патриотизам кој и низ ушите ни течит нема да дозволиме да сме втори Скопје да е втор Абре во душа нѝ е да сме лидери на балканот и незнам како се случи Сараев...
Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некога...
Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите Мицко ќе му даел само 5% повисока пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.