Абе мезам од ова таратуров кај Мики и пијам мастика и се думам…..јас сум глуп шо прифатив компензација таратур за пастрмајлија или она теткицана шо рече дека сега со екстерново ќе се докажело кој до сега учел. Изгледа се шинав и јас ама и ова ајнштајницава кажа голема мисла од малиот мозок.

Зш види….професориве цела година предат волна не оти ги испитвет децава …да бе. И ради то немет увид цела година кој колку знајт. И сега ова теткицава ко ќе им се појавит како караконџол, за историја ќе им поставит  70% прашања за албанците и ќе заклучит дека професорот е ноти ноти бој или грл. То ти е исто ко та на пример…пример велам….да е порно глумица, да имат снимено 100 филма кај шо се гледет нејзините сексуални можности и сега да и дојт некој екстерно да ја пробат и тој да е меродавен, со едно екстернирање,  да и речит…иш лоша порно глумица си.

Мада не е све така црно, без разлика шо се шинав со таратурот, важно конечно во НСРМ ќе морат сега да пазиме кој и колку не дупит, а не кој и како ќе стигнит во овие 20 и кусур години. Порано ми беше полесно, кој како идаше на власт ме шибаше, јас ќе си затруднев ама можев да абортирам кога сакам. Е сега нацки. Еднаш годишно абортус. Мада незнам како ќе се преживејт  со еден абортус годишно зш нас македонциве не дупет кој како стигна по 100 пати годишно, а со еден абортус?????? Додуша не  научија без вазелин да не ојме никаде. Ионака не носиме паричник зш кој стојко ќе ни е само да ни држит место во џебот,  а празен ние.

Еве например Стефче од Карпош дефинитвно си го искористи то право на еден абортус годишно. И сега нека му ја пазит. И ептем официјално го абортира Бранета. Мана ГРОМ во Скопје, а и Стив и скопјани останаа живи.  Е сега Стевче имаше среќа ептем шо порано не го донесоа законот за абортус зш чоекот на кого стигна му даде…едно време на Гошев, па на Пенов, па на Банета , па напучио се код Милетиќа…..така да немат шанси да немат забременето после толку исексување. Гарант ма….. му е ренде.

Мада види…..овај закон е гарант напраен за да се зголемит македонската популација и би сакал јас вака скромно да придонесам , во иста цел да предложам уште еден ептем јак, можда појак закон од овај….закон са мастурбација. Како ам. Пример…викам пример….да се одредит. Мастурбација да е дозволена само после четвртио секс. А како сме расексани во државава то ќе му дојт на секоја четврта година.

Зш види море акмак еден. Немојт  потенцијални интелектуалци идни носители на прогресот на Македонија и лидерството во регионот ти тек така да фрлаш во салфетки и влажни марамици. Не така? Е сега мојт да се вметнит амадман тука за дозвола за мастурбација ако и само ако партнерката веќе го искористила правото на абортус таа година, така да како не би дошло до ново зачнување, да се поднесит молба до Колета со комплетна документација за да се издајт дозвола за вонредна мастурбација.

И то све по електронски пат зш државава срљат во прогрес. Значи преку фејсбук  ќе му се пратит на министерот видео снимка со датум од последниот абротус, фото од матката како доказ кога е киретирана нормално со датум, ама со услов негде десно во ќошот , значи покрај матката да е сликан докторот  шо ја истругал дотичната, со си инструменти,  за да се знајт кој мојт да потвртид.  Во документацијата да се имат медицинска белешка од  дотичниот партнер дека напрајл PSA за простата, контрола на тестостерон и прогестерон, како и обична фотка кај шо се гледат дека е в црвен во фацата, впипрен  и дека немојт да издржит. И после собранието нека решит.

Уф ќе забораев. Не оти ве интресират ам ај кај јадам трици и ова да кажам. Јас моч не држам не пак да се пофалам каков фраер испаднав. За роденденот мој  незнам шо ме фркна во глава ај реков имам доста другарчина да си ги викнам дома, да си прославиме,  ама и да си кажиме некое искуство ова она, да размениме знаење….Море ко сум писнал дома да средвам, то кревети маф на тераса,  то усисав, прашина избришав, паркетот гланц….надвор пред зграда изметив, ги скрив контејнерите зад зграда, им реков на комшите да не паркирет тука….абре све џам. Јас се средив се избричав, се издепилирав, зедов антибејби зш абртус стап…..ко то….ми се јавувет еден по еден неможеле да дојдет. Абе ко се скренав,  ко збеснав и грабнав то телефонот на сите им откажав шо ми откажаа. Сите шо рекоа дека нејдат ми реков да нејдат. Како ами..тие мене…разумно постапив…не така ?


*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.