Се средвит Охрид. Ааааа немат мрдање. Од лани до годинава посреден па да не речам ама многу. И уште појќе ќе се средит од годинава до година и то благодарение на то шо им текна да клает табли за ние граѓани да пишиме примедби шо не ни се бендисвит во  градот , а надлежниве да менат.

Зш тие нас не` слушет. Не оти друго фаќет да работет….чекет ние да напишиме и одма да сработет. Сега не может све ама бар клучните работи. И се думам годинава шо да напишам зш лани све шо напишав средија. Еве например појќе немам киселини, им напишав да го менет ваѓањето на крлежите од газот, да е во насока на стрелките на сатот и многу други  битни работи кои се средија.

А и ова финта со пишење на табла е јака работа. Нај продуктивна. Зш тие шо требит да го средет градов неможет да излезет од канцаларија и објективно неможат да видат шо нечинит. А и како да излезе ко во општина во секоја канцеларија имат по 10 вработени, а три бироа и секој да седнит по еден сат да поработит дур се наредет ќе се сноќит.

Нејсе. Од Грција пак дошле наши коли оштетени исчкртани и незнам какви. И нека идет. Ние не сме плачипички да плачиме да се жалиме и да се предајме. Пак ќе ојме. Ам како. Еве и јас се спремам. Само јас ќе напрам финта. Не ја оставам тук така да ми ја чкртет и гребет.

Одма не влез  ќе си прашам шо сакет да напрает кај да ја изгребет шо да исчкртет и сам ќе си напрам ќејфски. Како ам. На челово со фломастер, и то син ко знамено нивно за поголем ќејф да им е, ќе си напишам СКОПЈА ПЕДЕРОДОПУЛОС, па на регистрацијана ФИРОМ и СЛАВО….Уште во меѓуграничен простор ќе си ја дупнам левава вена и ќе клам канила, за да не се мачат тие и само шо ќе влезам да почнат одма да ми ја пијат крвта.

И нормално. Пол кило вазелин на газов, да пливат чмаров и уште едно кантиче резерва, зш ај шо ќе сум намачкан јас нек се намачкет и тие шо ќе ме качет, зш не дај боже да ги заболит срцево ќе ми се искинит од жал. И да се разбериме. Немат предавање. Ќе ојме ќе им фукаме париве а тие ак сакет и нека ни зи ги запалет коливе. Како ам. Со нас немат играње. Ние сме непокролив народ. Сега доста ни помогвити вазелинот ама и во душа сме такви.

Ак ништо друго кај нив немат листерија. Додуша и кај нас немат, мада ја имат. Или незнам како да кажам….ја имат немајќи ја….можда пак поточно….ја немат имајќи ја. Пред некој ден седнав да трескам салама а да каснам онај на телевизор викат ја имат. Остајв сендвичот. Вртам друг канал викет ја немат. Отворив то устата како камара кун крај на вестите…..стоп не јади, дур траеја вестиве ја најдоја.

Останав така подзинат. Сега незнам дал да матинам сувомеснато или не. А и та пуста листерија кизнајт колку е брза, само шо ќе ја најдет им бегат. Можда пак за некого е бактерија а за некого не. Агенцијцијава за храна и ветеринарство велит имат. Интститутот за јавно здравје велит немат.

Како е тргната работата ќе се појавит “Анима“ и ќе ја прогласит за домашно милениче. А дотогаш мојме да кркаме ама на своја одговорност. Ако не окиниш значи ја немало. Ако окиниш ја имало.  Од то посигурна проверка немат.

Ќе забораев. Ме бендиса идејата во Охрид да се развиват “дентален“ туризам. Зш да не. Ако не мојме да донесиме нормални туристи мојме бар со скапани заби да ги донесиме. Само шо ќар од нив. Ако ги поправет забишчата не ќе может да јадет , рестораните празни промет јок…..незнам.

Можда пак поубо е да развиеме “гинеколошки“ или “кожно венеричен“ туризам . Бар ќе можат да јадат зш немат да им брцаме во устите туку во…….Е сега на ваков начин пропадвит шансат за развивање на нудистички туризам, зш глупо е голи да шетет а да им висет брадајци, зрна, кондиломи и други рабоќе.  Или пак мислам дека мојме да развиеме уште еден туризам, не вервам дека некому му текнало….“естетко-пенисен“ туризам или по нашки “стаповен“ туризам. Таман ќе е така зш како шо идет секоја туристичка сезона само то ни останвит в врака од ко ќе завршит.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.