Абе како да пишиш колумна како да критикуваш кога е најголемиот државен празник. Све некако ти е розево санќим пинк пантеровци шетет околу тебе и замисли сега да земиш да критиквиш. Некако не ми ојт. И тешко е да ти кажам. Зш ко ќе си расположен како после капс не оти ти теквит како да земиш некој по ципа. Абе колку сум среќен шо за малку и Латас ќе ги засакав.
Ееееејј алоооооо. Давесет и две години ( eве е и со букви – дваесет и две години ) самостални. Ти се вервит? Дваесет и две години сами на себе шефој, сами да одлучвиме. Ти се вервит? Давесет и две години самостални, а уште сме живи. Ти се вервит? Јас ептем сум горд шо сум дваесет и две години самостален. Дваесет и две години стално сум сам. Гркон ме мрзит, тута бугарин не ме сакат, а србинот уште ме дупит и фиромозират и децана почнаа да ме оставет стално сам зш неам појќе од 100 денари да им дам да излезет така да и тие ми озвозможија стално да сум сам…..самостален. Как да е ќе се опрајт работата, ако не овај петок другата среда.
Така воодушевен од мојата стална осаменост видов негде дека охридски Комуналец ги исчистил улиците, дворојте на училиштата, дури имаше еден наслов “Комуналец го светна охридскиот плоштад“. Пак радост. Браво бре Комуналец. Јас пак мислев дека ова фирма во Охрид е за кардиолошки проблеми на охриѓани, а видиш тие ти зеле да го чистат градот. Е вакви фирми сакам. Покрој основната дејност шо ја имет, прегледи на срце, да земат во слободно време и градот одвреме на време да го исчистет. Нормално ко ќе неможет да го исчистет овие од кардиолошки или од уролошко шо се задолжени за то.
Ме бендисват и фирми како ЕВН. Си се борат бре луѓето за својте права. На одлуката за повтинување од огромни 4,48 % за августовските сметки се жалеа до второстепена комисија и сметките се намалија, рака на нога пак за големите 3 % . Фала им и за толку. Баш петокот ми дојде сметка и замисли наместо да ми дојт огромни 3167,25 мене ми дојте ништожи посрани 3075.00 денари. Ејјјј алоооо остаток од 92,25 денари. Тие 0,25 денари одма ги орочив в банка на два века, за да се сторет денар, а со останатите 92 денари ко му писнав: 3 пакетчиња палома, една ролна г`с папир и ми останаа и за џепни влажни марамчиња. Абре сите ги дадов за серато – фекални активности, зш и ова поевтинувањево ми е нако сераторна заебанција со народов во НСРМ. Самосталнава.
Е сега во цел тој транс, занес на прослава ме збуна малку Шеќерка. Им порача на ВМРО дека тек сега ќе почнела да им дишит во врат и стално ќе им дишела???!!! Пуста Рада рече дека ќе им дишела и аман не им давала зш народот бил сиромашен, немал за струја да платит, немал да преживејт…а за то била крива власта, а не опозицијата. И сега некако неможам да голтнам две работи.
Ами Радуле делми опозицијата е коректор на одлуките на власта. Шшшшш…..не ми вели дека можат шо сакет да носет зш си имет мнозинство. Зш само со едни редовни избори ти, Бане и другарите му дозволивте на Колета да е маршал Тито на НСРМ. И ај шо му дозволивте ами Бранко се зезна му го даде шлеперот на Никола, а тој се напрај жаба и Кокица ве смачка, ве згази. И друго да не заборајме мори бела Радо, ам и вие бевте едно време власт. Не оти вие ни погодивте и во ваше време немавме за струја. Зато многу мрм мрм не.
У уште една работа не сваќам. Како ти некому ќе му дишиш во врат??? Ружица од “Ареа“ барат да и дишет нејзе во врат шо мислам дека е и некако природен процес, женско е, а ти сакаш некому ти да му дишиш во врат. Пробвев некако слика да си напрам ама не ми ојт. Едино како си недај Боже, викам скраја да е пту пту не чуло лошото, викам скраја да е ако си she-male. Зш тогаш ќе требит некој од власта да бараш шо е he- female. Ама нервервам. Се имаш збунато.
Зато сум мирен. Збунат ама не се нервирам. И немат зш да се нервирам. Зато не ми беше јасно ко прочитав дека во НСРМ најмногу се продавале дијазепами, флуоксетини, зепири, деметрини, асентри и други седативи и антидепресиви. Народот во државава бил депресивен зш бил сиромав??? Едно со други не ми ојт. Баш ради то не требит да е депресивен и нервозен, зш нервозата ја прает парите. А ние ги немаме. Да ги имаш требит да распоредвиш: олку за ова олку за она и ќе се изнервираш…..а вака…стигна сметка за струја в канта…немам пари. За вода…в канта немам пари. Немат пари немат проблеми. Шупи си и биди си стално сам.
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.