Абре го видов не сум ќор. Да бе на трибини, шлашкаше, се смееше петки маваше, а Македонија губеше. Јебига ваљда случајно е то шо со него не ѝ ојт на Македонија. Не бре не зборвам за политика јас во то се разбирам помалку од појќето политичари. Ама ко ти викам беше дојден сабајлето во 4. Завршвиме со Холандија и оп XV- ти корпус.
Не бре каква војска каков бутур. Ти личит на војник? На улица XV – ти Корпус. Е како з`ш. Улицана бичим е бебе бре. Ја чекавме да се завршит со цела радост. Ѝ се радвиме ко мајка на посрано дете. Е како ќе стигнел. Со прилепскиот хелихоптер. Оп данк на почетокот на афалтирање. Толку ја чекавме и сега без Зајко да фрлит лопата асфалт, без мартинка да пресечит кај било то?
Во 5 минути до 4, сабајле, се наредија луѓево како Тита ко го чекавме, со конфети, со знаменциња, кој со асупухот шо го остајл ко влегвел дома, еден беше со карданот, друг со браникот, кој со колцето….како шо личит бре. Дури и јас бев имав реквизит. Балансштанглата еднаш ко одев кај брачеда ми ми остана на влезот и таму си е. Поволно беше шо не морав да ја носам з`ш уште таму си стојт. Зато и олку рано ти дојдов на кафе.
Море тиквар еден тој стигна да појт во Австрија кај Курца не пак за во Охрид. И то плодна беше соработката со Курц. Еве ќе ти цитирам и РТС шо известија: “У Виени македонски премиер срео се с Курцем и изразио велико задовољство. Све што планира да уради за македонкску државу рекоје Курцу. Он је истако да верује Курцу и нагласио да македонски проблем много зависи од Курца“.
Извини за српскиов ама морав да бидам оригинален. И сега? Шо викаш? Како да немаме надеж. Чим разбравме јасно и гласно у кум „Курцу“ лежи решење мојме да сме нарајат. Јас толку се израдвав ко го рекоа србиве ова исто ко Мицко со електранине шо ги имат изградено за доброто на народот. Море прескоците ми се активираја, тахикардија добив…..абе срцево знајш како му пумпаше. Си реков да нашибат многу крв да ми ги пукнит хемороидиве. Факту купвев на полнош.
А види пак шо е нај битно. Кизнајт колку Курцој имат во Австрија и Германија. Ама нашиве ојдоја кај правиот. Зато и нашиве се радвеа. Зато не ми е јасно з`ш Мицко не е среќен. Ете пред некој ден на ФБ еден имаше изјавено дека го сакат Мицалета појќе од жена му. Еееее знајш шо значит то? То е врв во една иднивидуална и политичка кариера во своето битисвење на дунава.
Ама како и да е со вакви двајца и како позиција и опозиција свакок дана у сваком погледу све више напреџујемо ка Курцу.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите