Ар седи тука какво умирање каков бутур. Ак требит ќе живеам ко орлишче нејќам да умрам, нејќам да ме погребет во ПТРГ (Поранешна Турка Република Грција). Е како з`ш таму. Ам по новиот закон кој е излезен одамна таму не погребвет нас македонциве. Не виде шо беше за задушница колони на граница за на ПТРГ? За гробишта?
Абре се забраа македонците само и само да им оддадат почит на нивните починати и погребани во ПТРГ. Иначе кој онакво би се мачеле да чекет по 4 сати граница ако не одеа на задушница. Абре каков викенд. За забава никош принципиелното македонче не би се клал на таква жртва ти се молам. Незнам дал виде на снимките….колите полни со тави со црвен ориз, еклери, бамија, тури потпечи, питулици шо не носеа. Иначе за забава да одеа не се нафаќаа на она горештина да се упорни, да чекет, да се мачет на граница.
А пак Фатмир министерон за болести не ојде нигде остана во НСРСМ да ги решит проблемите во нашето фатално здравство. Многу го нервирале заедничките служби з`ш ништо не работеле и биле големи загубари. И јас сум на исто мислење. То е најболната точка во нашево здравство.
Ова да се решит и само посебе ќе си донесит благодети преку ноќ за сите болни. Автоматски ќе се залепет шољите кај шо се мочаме по болницине. Такуѓере и казанчиња ќе имат. Донаториве одма ќе р`снет да не молет да финансирет. Чучњцине ќе ги напрает седењци, а на фекалиине шо шетет по плочки ќе им напрајме асални каналчиња да не се задржвет во чекалнине туку да си протеквет директно во тревана.
Креветине шо се ко кади автоматски и сами по себе ќе се напрает најмодерни и оп цап со дормео душек и релаксирачко-масажерски над душек. После ќе исчезнит една од секојдневните слики по ходниците…..пациентите ќе престанет да шетет во врешчи од компири туку ќе бидат во сатенски пижами со македонско знаме на градите и идентификационен број на плешчите.
И вака во една релаксирана атмосфера Меџити ќе мојт да клајт еден клинички генерален директор, по можност со виша рударска струка. И како резултат на сево ова гарант ќе имаме зголомен број на живи новороденчина, и немат да се ваѓет бубрези наместо жолчки. Послем, ко со волшебно стапче опа триста дефлибатори, цицнцилајзери, асприратори, респиратори, ортинг, кескинг и друге рабоќе.
Думат Меџити з`ш не само стани министер и држ си го врака. Ама думат и Таче. Жими мајка. Думат и не му попуштат на Мицкота. Јас пак не разбирам Мицко како му се обесил и се фатил за Тачета ко слеп за стап да не ги одмрзвел продуктите. Ам ај море как да јајме срмзнато месо. Нек јадит предвременион ак сакат. Нек искршит забите и нек трошит пари за вилици.
Или да те видам бриши г`зот со замрзнат г`с папир. Имаш ти Мице пробано да го орепаш газот? Пак пусто како болит ако имаш надворешни хемороиди то е страшно. Ко да се пушташ од горна порта по калдрма на гол г`с. Ар оди бегај таму.
Друга причина: Таче не го имат прашано командант Амети дал смејт или не смејт да остајт замрзнати цени. Ај напрај нешто без да прашаш шефот. Ај Мицко нек напрајт нешто без да ја прашат маџарскана Зоне Побегуља. Ај де Мице напрај на своја гла нешто да те видам.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите