Непринципиелноста е збор кој најмногу го користат политичарите, најчесто во одбрана од потенцијалните конкуренти, иако истите се можеби и неговите најголеми практиканти. Кој за што, ако не пуританците за лажен морал. Кога на централниот одбор, почитуваниот Боцески истакна дека ги напушта партиските функции, најмногу во служба на либерализмот, за кој повеќе од сигурно е дека подразбира институционална борба, а најмалку малодушност и кукавичко бегство од мегданот и товарот кој го носи обележеноста на различното мислење, па макар било и во раководните тела на една либерално демократска партија, е се само не либерално размислување.
Уште на почеток, сакам да потенцирам не станува збор за тоа дека некој нема право на сопствено мислење, но мислам дека нѐ секој има право да зборува за принципиелност.
Коректно е барем да признае дека му беше понудена борба низ раководните тела на партијата. Старата импресионираност од медиумскиот интерес кој се добива кога се преминува од едни кај други и назад, можеби е пресудно за ваквото однесување, затоа што не сакам да помислам дека, со оглед на искуството кое го има , не знае дека секое чудо е за три дена. Можеби станува збор, или за некакво наградено мисионерство или пак за наивното сценарио, кое упатува на навлеченост и зависност од дозата за медиумско присуство. Факт е дека опозициониот фронт е мета на различни перцепции, но членувањето во раководните тела само ја зголемува одговорноста. Секоја поинаква постапка е само бегање од одговорност, затоа што не верувам дека од денес решивте да сте само гласач. Во служба на либералната мисла не требаше да ги форсирате предрасудите, затоа што повеќе од сигурно е дека и јас и вие сме едни од најмладите либерал демократи. Но, не по воздраст. Затоа, можеби немате морално и етичко право за вакво декласифицирање на партијата. Кога многумина помислија дека е готово со вашата политичка кариера, во позадина некаде седи планот “Д” затоа што” А,” Б,” и “Ц “ се минато.
Ако, пак, зборуваме за идеологија, до која се држите декларативно како давеник за сламка, никако не смеете да ја употребувате популистичката реторика која е и најголем непријател на идеологијата. ЛДП, и самите знаете, дека поседува програма, којa и тоа како нѐ одделува од секој коалиционен партнер. Така и ќе биде.
Многу е површно желбата за институционална борба да ја сметате за грев. Напротив, тоа е класична легализација на желбата за правна држава. Затоа е смешно изедначувањето од ваша страна, на неколкуте пратенички места со пратеничка плата. Не e коректно таквото релативизирање на работите од страна на еден одличен интелекутален профил. Вас барем, не треба да ви се објаснува медиумската изолираност со која се соочувавме. Јас не слушнав ваши предлози за решавање на таквиот сериозен проблем. Нели ваша реченица беше дека со шест секунди прес вие сте гостин во шеесет илјади смемејства?.
Можеби ЛДП даде огромни жртви, но таква е нашата реалност. Ќе паметам дека секогаш знаевте како ќе ни одговори власта на поставените пашања од наша страна, но искрено не се сеќавам ама ниту еднаш вие да бевте иницијатор на некое прашање. Најавувате дека можеби ќе се видиме во некоја следна епизода, а заборавате дека игравме во заедничка серија. Поточно, Вие во повеќе различни серии, веројатно сте само Special guest star.
Да поентирам. Кога толку се борите за либералната опција, зошто вие се откажавте од борба? Кога сакате да зборувате за принципи, зошто вашите поранешни соработници ги негирате? Принципиелниот човек признава дека ги прекршил принципите. Тука е основата. Суптилната неконструктивност носи поголема штета од очигледната. Можеби вашето гласно “НЕ” , ќе значи некое тивко “да”. Да, за нови понуди кои ги добиваат бегачите од одговорност, како награда од властодршците. Ако ја сакате либерално демократската мисла, тогаш ни најмалку не треба да бидете заговорник на теоријата која ќе упатува на тоа ЛДП да исчезне како средната граѓанска класа. Тоа е либерализам и отвореност во размислувањата.Тоа е принцип. Се останато е само моја, нечија или сечија дневна краткотрајна популистичка политика.
На самиот крај, почитта едни кон други треба да е суштината, сето останато е минливо и менливо на дневна основа. Толку кратко и минливо, колку и неколкудневната инспирираност, од нечиј став, позади кој се крие можеби некаков личен договор, кој многу ретко е договор со себе, а многу често со останатите за нешто и некаде. Да живеат амбасадите, кои оваа држава ги користи како прибежишта, место за дипломатија, која како таква не можам да ја коментирам затоа што ги надминува моите квалификации. Секој има право на сопствено мислење, но во позадина повторно треба да провејува чесноста и чувството на припадност.
Либерално Демократска Партија