Како бе синко шо прам? КАКО? Еден немат да останит. Ако требит и чеканов ќе го искршам шо ги кршам мобилниве. Абре онај Зајко ти бил будала. Све даде на телевизија. Јас реков го укинаа к-15 ко то еве ти го струмичанецов ко дневна доза ни пуштат прислушкувани разговори. Слушај и плачи. Како зш? Па не е лесно секој ден да слушаш кој е шупак, во менопауза, серко и други круцијални разговори за нашата држава.

Како бе синко шо се плашам? Како немам зборвено круцијални работи? А тогаш ко зборвев со стрико ти ко му кажвев дека Спаса требит да се прајт депилација со машина за трева косење?А? За Маца ко му кажвев дека имат две леви цицки?А? Ако ко му раскажвев дека приметив кај Трендафил дека имат долго влакно на надворешниот хемороид и левото маде му е помало?А? И то не се важни моменти кои можат да придонесат за распаѓање на НСРМ?
Немој така. Исклучи. Не се јавувај….неееее. А чичо е. Кажи….ахам…ок…не амааааааааан не вели дека ме сакаш. Ќе се пуштит во етер и овај разговор и ќе мислат дека сме педери. Абре аку сме браќа….уште полошо. Ќе не осудат за инцест. Абе јас знам дека си ми брат ама мојт да ти манат тро хал на гласот да не личит на твојот и …

Не не. Шо имаш да ми кажиш ајде ќе се најме сред езеро и то ако идаш дојди со гњурење за да не не приметит некој и тргни од кај трските кај шо имат многу ѓубре да не те приметет, а јас ќе влезам од Грашница зш тука никој не се врткат зш многу говна влегвет од расипанион колектор. И ко ќе прајме муабет ни имиња спомвење ни некој неубај зборој како шупак, тиквар, радодајка….аман.

Зш види јас не сум храбар како Латас. Виде како го викна Заев: Дојди ако си маж. Абе страшна работа. Колку да сум храбар и колку да ми се сексат не можам вака отворено да побарам некој да ми го….За вака да искажиш љубов навистина требит да имаш мадиња….не…г`с требит да имаш. И не само то. Туку да имаш и вазелин, а да не немаш хемороиди.

Абре ќути шо Зајко со шифри му кажа на детето дека по џо книга ќе му купит. Јас да бев искрено ќе кажев дека ќе ти купам сине шестар и оп жив. Ладно оружје кое мојт да се употребит за нанесување на повреди на важна личност од македонската политика, оружје кое овозможвит истовремено да му ги извајш двете очи на жртвата за да не те видит кој си. И ојде НСРМ јабана.

Плус то, реков, не сум храбар ко Латас ама не сум лажго ко Заев. Зш виде? Прво тврдеше дека се од странски служби снимките. После наши. Прво викаше не се знајт со Верушески, па после испадна дека не само шо се имет туку толку се блиски шо си плукале в уста. Кај можам јас така.
Од шо сум наивен одма све ќе признам и дека врвам на црвено и дека не пуштам пешаци на пешачки, само на летачки и…….оп обвинение за нарушување на сообраќајниот мир и поредок во НСРМ кој можит да доведит до раскол кај македонскиот народ, да предизвикат низа митинзи и демонстрации кои имаат за цел да ги поткопет темелите на една демократска држава каде не се загрозени правата и слободата на народот во неа.
А сето то мојт да придонесит до голема недоверба и страв кај народот така да како резултат на сите овие дејанија и појавување на недовербата ќе не натерат на сите да си носиме сопствен г`с папир и да немаме верба во газобришачите во јавните WC-а.

А то знајш то шо мојт да доведит. Сите да шетаме со колички полни со г`с папир зш како народ нон стоп ќе требит да се бришиме од гомнејнците во НСРМ, а да сме здрави и живи јас не знам дека толку гомнејнци и сератори имат во друга држава.

Зато синко крши то телефоните да им се прднам да им се напрдам во нив. Од утре контакт со димни сигнали како Индијанцине. Нека знајт секој шо сакаме да кажиме. Јавно. Плус то е добро и од економска гледна точка. Нити пари за опрема, нити нешто тајно ќе е, нити ќе требит да им лижиме газојте на странски служби да ни помогвет. Како Индијанци. И онака по она како живејме не сме ништо понапред од Сијукси и Апачи.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.