Е ај де ај. Ај сега како да раѓаш трето дето? Море како да раѓаш и прво дете. Како сега да се учествуват во проектот за раѓање на деца? Абре а ти се роди одма ќе мораш да прајш шеснајст матура, а то во пелени. Абре ко ќе викам јас дека сами све си прајме. Се почна со матури, па четврт матура еве овие ајнштајниве од градинкава во Охрид “Јасна Ристеска“ ќе делат  дипломи за завршена градинка на дечињава задутре. Морам да одам да ги видам какви фустани и шминки ќе имет дечињата.

И сега ти како ќе го остајш твоево да не му прајш шеснајст матура а ти се родило. Не ќе го двојш од генерацијава з`ш гарант генерацијава негова ќе прајт. Само ме мачит пустото како ќе играт како ќе прајт….не за друго, то ќе мојт да играт, ваљда, аку немојт да ојт. Можда ќе проојт вечерта пред  да си го земиш од болница, сабајле ќе го научиш некое орце да манит. Ама во друго е проблемот. Како ќе играт со си пампмерси?

Или пак да му ја свириш цела вечер “гајдата“ да потклеквит. Полесно е гајда зш расчекорено. Незнам. Друго пак. Мојт на сред оро да му се прицицат и ќе морат мајка му со си цицка по него да трчат. Ај додуша гајдана е спора ќе го погодит в уста, ама бре едно едно имат стани, клекни. А ако имат мајка му машала цицка годејќи го мојт да го акнит очи да му истерат. Никаквата.

После заебано е ако е женско. Како ќе му клајш танга со си памперси? Требит да земиш пошироки подвезици да и клајш ради памперсите. Исти проблем со цицањето. Дури и поголем. Кај женско бебе немојш да му ја свириш “гајдата“, ради клекни-стани, ради штиклите. После ај да те видам одлучи каква  шминка ќе и клајш, а то уште очина немат отворено, плус и ако имат бебешка жолтица?  Абре никаквата. Ама ко се дошло ќе се терат ќе се прајт и осмина матура.

Абре то ќе се протуркат. Туку после заебано е шо еве по ново сега можит да ни ги земат децата…да ни ги пратат научници уште во трето одделение. Негде Сорбона, можда НАСА дури и Пентагон. Не се знајт. Лани се воведе обавезен предмет во трето одделние “Работа со компјутер и основи на програмирањето“. Мада јас мислам дека овај предмет пополезен ќе е да се воведит одма после шеснајт матурата.

Е сега се воведвит и во четврто одделение ама мислам дека не ќе е  исто името. Можно е да се викат “Работа со компјутер и основи на програмирање во фукнцијата на заштитниот чадор при атомски напад во Астродинамиката“. Како ам. Без овие работи, ако не ги знает децата, ај да те видам пушти го по пола леб и нека проверит дал му вратиле убо кусур?А? Уште да им го воведат во прво “Вселенската архитектура“ која премногу им е потребна, посебно ко ќе завршет факултет да может полесно да се вработат како таксисти и све им погодивме. 

Батали то. Како ќе е нека е. Мене ме израдви шо конечно се донесла вакцина за болеста “јазлеста кожа“ за македонските гојда. Малку се зачудив шо рекоа дека се обезбедени 50 000 вакцини. Од каде толку гојда во НСРМ? Зш како и да вртиш не вервам дека имат толку политичари, министри, екс министри, градоначалници во држава. После си реков дан се користат истите пак и за ревакцина ко шо војска ко одевме ко ни даваја и вакцина и ревакцина за да мојме да јајме и чојсан крокодил. Не ни потрпдвевме, а за проливење да не прајме мубает. Е токму македонскиве гојда, а излегоа а се посраа се проливосаа, а народот ги забришвит. И зато  морат медицински да се реагират со гојдава. Зш немојш например нив да ги аболицираш. Бадијала. Мораш да ги лечиш.

Мада види. Се надевам дека со ова македонскиве гојда ќе се справиме, само не дај Боже да дојт до заболување на македонскиве овци. Аууууу тука мислам дека чаре немат да имат. Ептем загуби ќе претрпиме. Ај шо не ќе имат кој да гласат на избори, туку шо прајме со сегашнава проблематика? Нити протести, нити контра протести, нити фарбање нити спонтано бришење на фарбањето. Скраја да е пту пту нејќам ни да помислам. Мада за секој случај убо е една контрола да се напрајт на избирачки места. Како ам. Не ќе ојш во секое бачило да провервиш. Вака на избирачки места  ќе ги најш сите македонски овци собрани. Санќим се прајт шеснајст матура. Прегледај го мани му жиг, прегледај го мани му жиг. Да знајш за следните избори која овца била здрава која болна.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив