Брееееееее шо беше во Охрид за викендов. По, по, по гости. Мравјалник. Ар шо ти Кокаба….Копака…Покака…Не е важно.  Важно…шо. Оваааа, нааа. Убајна. Абре шеташ по плажине и немојш да шеташ. Не се врвеше од туристи. Постелени по песоцине ко плашици. Абре пљукаш и пљукајнцата не ти падвит на песок??!!!! Три четири пати пробав. Никој. Обавезно на некого ми застанвеше. Абре наредени, сортирани сите. Шо не ќе се сортирани ко Охрид рај со цени го напрајвме.

Ене дојдени беа и оние сиромашнине, шо немет пари за купачи, шо се со врвци во газон. Е ова е Охрид, е ова е туризам. Од кај немаше. Од Скопје, од Велес, од Прилеп, од Кочани, од Врапчиште, Сопот, Дабиле, Тополчани, Трубарево,  Пирава, Миравци…. Абре од цел свет. Гледам и од радост само насмеан.  Вака колку шо видов јас, можда дури десет посто беа постари од 17 години. Пари трошење……по, по, по…Шо да ти кажвам. Оние малине момичиња, од три-четрнаест години, шо непијат алкохол, дуќанине  бре неможеа со пиво да ги на ваксет. Абе.. сите среќни.

Браво за сите Охриѓани. И така ко ќе гледаш срцето тие полно. Само насмеан стојш. Расположен, релаксиран, ни нервозен ни ништо. Ама слушај. Ак знајш да работиш, ак си само насмеан и овци ќе привлечиш а не туристи. Ама им се пучевме искрено да кажам. Ам како. И така требит. Ние Охриѓани од туризмот живејме, не од дивоградби, узурпации, рекла казала и друго. Од туризам. И морат така да прајш. Значи кој сакат нека зборвит, спремни ја дочекавме сезонава. Одма  им се најџвевме. Уште од автобуска, слегвет, цап за врат, кој е посилен, тргај ваму, тргај таму и дур се сетит дома го втервиш. Ич да не му ја мислит. Па цените им ги заокруживме за да не лутет по гужвиве за ситно. Од тристапеесет денари на петсто за полкревет. Бадијала. Абре по терасине спиевме ак требит само да им се најш на луѓето не оти за пари. Шо не праевме за да им е погодено на туристине. И само насмеани.

А пази имаше и провокации. Ама не наседнавме. З,ш ова е туристички град и не смејш нервозно да вратиш. И да те провоцирет. Слушам еден турист: „ Дечко имаш „Бекс”? А овај: „Иам ама со поминат рок” – и само насмеан. После овај пак нему:„Дечко имаш „Лашко”. „Иам”. „Дај едно, ама зелено”. А овај нему: „ Господине извини иаме само обично, ко ќе го туриш  жолто е.” А очеквиш да се изнервират келнерон, з,ш овај го провоцират, ама јок. З,ш и мало дете знајт дека пивана се жолти, а не камоли келнер во туристичко место ко Охрид. И само насмеан. Аха.

А и јас, лично,  среќен..па, па, па..со се цела фамилија. Да бе. Во суратов ко проскура збуфнат. И вечерта, така расположен, ми звонит Тони и викат: “….антички з,ш идат бате Риголето со си ќерка му и …“. Прво не го разбрав. Ама ич. Нишо. З,ш разгагален и тој среќен ко сите во Охрид. Од втор пат го разбрав. Лелееее таму среќни фаци, по, по,по….абре од среќа сите се сакавме , едно бевме. Да видиш на делот кај мене…едно пеесет луге читавме од еден синопсис. Потака уште седумдесет и четворица исто, потака….Аиииииииии од среќа. Ахм. Некој од среќа дента не нарачал појќе, ама немат врска, се зближивме лугето. И само насмеани. Едно време една баба и та од среќа ни го пафна. Жими се. Сакав уше нешо да прочитам…..бинек…немат. Ама среќен бев и не ми беше гајле. И на Пендо не му беше гајле. И тој беше среќен. Да пукнам. Анџак нешто се расположи керка му на Роголета, запеа ко славеј , ко рсна Пендо со ракети…бо, бо,бо. Среќен бе. И насмеан. А и од Војо куварон беше многу среќен. Аха. Ми стреси жив колбас. Непечен во ресторонот. Да бе. Од среќа. Му го вратив. Се изнасмејвме в кујна сите до еден. И без расправии. И само насмеан.

З,ш ак е поинаку не ќе ти дојт никој во Охрид. Пример ак чекат два сати за еден сендвич, топли пива ак даваш, ак го копаш носот дру му даваш бајат бурек, масине ак се јок, светло по улицине ак немат, ак го казвет цајканине за глупости, ак не менвиш чаршави, ак не го собираш ѓубрено цела недела, ак му го исклучвет бојлерот од осигурач, ак имат тепачки по кафичине, ако на секој чекор ти велет дека си скопјанец шо ги сакаш луѓе ко Бојан 13-кана, ако си нон стоп намуртен, не оти ќе ти дојт некој. Ама тое минато. Туку вежбавме,  вежбавме се изнавежбавме и сега нон стоп сме насмеани.  И живи колбаси јајме, за да недај боже, лелелеле да не помислам….уфф….на некој туристи да не му паднит живиот…аууу. Скраја  и подалеку. Ако  продолжиме вака  /јас сигурен сум дека ќе останиме сите  насмеани со жив колбас врака. Ахм.

ЏИМИ
[email protected]