Се здрвив. Срцево ми застана. Бајден падна од точак на застанвење. Море луѓе немојта вкви страшни вести сред бел ден да објаувате. Или после полнош или клајте 55 + да знам шо ме чекат. Леле ко ја видов снимката…….лелеееееее……фала му на Бога ни го спаси Бајден. Можда возеше со над 160 миљи, даде лев жмигавец и се струполи. На стопало се струполи. Се поднаведна де. Ама јас се покакав.

Ептем значајна вест. И имам замерка до медиумот шо го објави ова з`ш во најавата ова не го кажаа. Па по важно од ова саботата немаше. Ти се пљукнам во вестите за Украина. Олку мртви, онолку мртви, а чоеков мојше чуљчето да си го гребнит. Ко шо разбрав јас истрагата одма почнала. Чим во Белата Куќа ги викнале Кришо и Поаро ќе да е сериозна работава.

Мада јас ко да завидов како шо вртеше со педалите ко да му се фати пачајцата во синџирот. Ми падна чудно шо не ја имеше клаено штипката ко Добрета од Дебрца. Е то ме терат да мислам дека се работит за обид за атентат. Или некој федерот го имат изваено од штипката или била врзана за конец па му ја имет тргнато од пачајца ко почнал да возит. Ќе се дознајт. Важно фала му на Бога Џо шо се спаси, браво за неговиот каскадерски потег и најголемо БРАВО за медиумот шо објави. Алоооо….Бајден падна од точак.

Само не ми беше јасна реакцијава на наредоцот наш. Ко ништо да не се случило. Во ваков тажен момент абе се однесвеа ко ништо да не било. Родендени се праеа, тапани и свадби пичеа…..страшна работа. Без кичмењаци.

А како да ги разбериш. Им сметаше застојот во сообраќајот. Незнам….незнам шо да речам. Поседаоа 4-5 сати во колони и одма џанг слики, пљукање, кревање гласој, напаѓање……е бре тиквари. Наместо за то да трошите енергија требаше да се сетите ко мене. Овај застој придонесе за придвижвење на НСРСМ во повеќе насоки.

Еве јас на пример ем заработив пари ем многу работи научив. Прво ко му писнав во колоната врви со крофни, врви со сокој, пуфки, хамбургери…..абе шо не. Баба прај, паковај, транспортирај, а јас задолжен за продажба. Викнав две деца и јас зедов еден нокшир и ко му писнавме во колонашите и од тука цап парица. Само ми е мака шо толку брзо ги пуштија колоните. Таман да почминам со …..староооо купујееееммм, алукуматори, аморфизери, бендаши…..и никој. А таман почнаа да скапвет да се распадвет возилата во овај краток застој. Важно се заработи на сметка на овие глобариве шо поминвеа и викендот ми беше џам. Армиран.

Додуша малку викендов Мицале ми го расипа. Порача од трибина: време е после 5 години да се вратиме таму кај шо бевме и да продолжиме кај шо застанавме“.

Аман Мицале ако е така не се враќај ич. Аман не продолжви кај шо застана. Молим те. Ак си од мајка роден. Немој Мицале дете голомеше. Такви не ни се требни. Ај шо ги имаме во моментов туку ги имаме истите како тебе 30 години. Имајте милост бре Мицко…..то чмарој, то дебели црева, то ректуми…абре све партал ни напрајвте.

Немојте толку да се трудите. З`ш ако се трудите како сиве овие години единствено шо мојт да средите е наместено да победиме на некоја Евровизија.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.