Море разбирачка да се немало со женава. За Баба ми ти кажвам. Ај шо побара мотор и ѝ купив, некако нормално ми е. З`ш сега ак не акат по улици со мотор кога. Мада се запали за мотор ради вереникот. Е како можел тој да возит, а имат 89 години и шишкат по улициве, а та била само 5 години постара и да немала.

Ај ти викам за то разбрирам. Сега ти била кај Пендароскион на кафе и видела бил пред некој ден мајстор кај него и наредил нова дограма, нов паркет, басамаци ова она, дури и струја му клал….и да сме го викнеле него да сме реновирале во геријатрија за неа собата. Ама и Стево ја дупит мечката.

Како шо разбрала Баба мајсторчево све му напрајло без пари, а за возврат му рекол да имат новинари да му напрает реклама. Овај не викнал као не бил интересен мајсторов за публикација. И сега како да го најдам јас, а Баба се дрецкат. Енеја со моторон од нервоза дрифтат во дворон. Абе добро….и јас разбрав дека некој Мице бил, ама ај најди го само по Мице. Имат Мице од Требеништа, еден го знам од Сарамзалино, мојт да е Мице од Моклиште, мојт да е Мице глуфецон….и ај сега најди го.

Тук шо јајме трици по телефон елај си ти до кај мене убо да напрајме муабет. Ар ебати короната. Шо си се уплашил толку. По пат на тезгине напрај писоар тест и идај си. Како не можело. Абре ќе почниме на свадба да ојме само да напрајме писоар тест и чист си ко газе бебешко. Да бе. Сношти кажаа. Џанк визита, штранк тест , бујрум на гости. Јас и со швалеркана ќе се активирам пак со ваков тест. Мада ја замолив и мажот је и уште двајца негови другари да напрает, з`ш знам дека од време на време ова и со нив карти играт.

Не те лажам бре. Како? Еве ќе се заколнам: еден политичар аир да не видит, да дајт Господ 5000 еври плата да земам ак те лажам. Да бе. И родителски ќе се држет така. И немат шо појќе да ги проширвет градскине нужници за да се имат потребна квадратура. Си прајш тест влегвишм застанвиш над писоар мочај прди смрти шо сакаш прај з`ш сите пуштени внатре ќе се тестирани. Да бе. И ќе си имат табла надвора: СМЕЈШ НАД ПИСОАР АКО ИМАШ ТЕСТ ПИСОАР. Не бадијала така е крстен тестон.

Тук друго да ти кажам. Мене појќе ме фаќат страв од мишка отколку од кивајнца или бревтање од кашлица ко офтикосан. Морам да му се јавам на Филипчета да пишат на секој десет секунди препораки ко за рацете. Да си пичит нон стоп по медиуми: редовно мијајте ги мишките со средство за дезифенкција, жулете ги по 1 минута, не пафтајте со рацете ко лебеди, не кревајт раце ко ќе мафтате некому….“.

Ам како бре брате. Се удајвме по овие потесни дуќани. Со овие рекламиве за рацеве заборајвме на хигиена и на нозе и на мишки. Абре на чојсано мирисаме. Ми се болват веќе, корчиме на лепешкоња. Освен раце све баталивме. Или пак ко ќе влегвиме во дуќаниве ко шо не прскет по рацеве может одма и со варикина или доместос да не потшприцнет. Не се издржвит ко ти викам. Жими Баба.

Па да ти се прднам да ти се напрдам на ваквото животиште. Упс…извини. Со новава цензура на зборој не смеам вака да ти зборвам вака. Требеше да ти речам: да ти се дувнам, воздух да ти се изнапуштам низ задников.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите