Абре дали толку државичката ние параспур и за нигде па уште се заминаваме со срањето наречено Евросонг. Уште ли бре ќе се разочарвиме на пласманот на нашите пејачи и ки. И до кога ќе се стремиме бар да влезиме во финале и после то да не сме последни. А недај Боже да се победит. Па па па па….Кој ќе земат кредит од ММФ да го организират. Или ќе продајме едно маде од Булефала. Море двете. И ај шо МРТВ мислит дека ако пратит некој на то срањето дека кизнајт шо напрајл ама глем и народецов наш се карат, се бутурит, по форуми, по весници ова она.
Ете Каљопа ја промовира песната за срањесонг. Се викала “Црно и Бело“. Не е лоша. Рака на нога. Појќе неможам да кажам. Не сум во компетенција да зборвам. Можам да згрешам. Само ќе ја замолам нашата поп дива да не и текнит да менит нешто и да завиват некоја арија, зш таму нема да паднат на гжс на то. Мојт само та да паднит. А таму паѓет на гжс на игра, кореографија на хај хуј песна и на комшиско – соседски односи и на други односи.
А ова пак пустово наше јавно сервисче МРТВ никако без скандали. Абре не памтам дека некогаш имаме избор на песнана, а да не се покакаме нешто. Или овде при изборот или пак таму. Некако екс уредникот на забавната програма, каквааа брееее забавна, на МРТВ Иван.С.Мирчески алијас Мистер Бин, како да започна со глупостите и никако пак тие да запрат. Уште од самиот почеток со Владета Јаневски до крај. Неможам да вервам дека тогашната делегација се скара со Владо за костумот. Да го праел сам или не, да го задржел или не. Свашта.
Истата таа куќа избирала секого и секако. Имавме девојки кој пискет како мисирки. За пласманот се жалеше Перо Камиказа му ја зезнале матрицата. МРТВ ги фрли во оган и Пилева и Вучиќ а пак нивните тимој се фрлија едни на други со шишиња и триста тракатанци. Го распнаја Тоше да пејт 100 песни за еден сат и ја одбраа приказна за љубовта е ова , љубовта е она. А сценскиот настап беше некое објаснување со вадење на црева, џигери и други внатрешни органи. МРТВ го изгоре Тошка.
Истата национална ТВ куќа, ма каква куќа туку национална ТВ барака, сега ја избра поп дивата која во 2004 година , бар така велат , била спремна да го бојкотират Тошка, заради начинот на кој го одбраа него, а види Богати тој начин е ист како нејзиниот сега. Виш. Не требело многу да се какат, ами требит да се мислит ко ќе се стресит некоја зелена.
Смешната МРТВ ја избра истата дива, заборајв да клам поп, која исто од како изгуби од Елена Ристеска со “Нинанајна“ во 2006 се заколна во све живо и диво дека никош појќе немат да настапит на избор на песна за Еуро сонг во независната самосталната ни Република Македонија.
Е истат таа барака ја одбра поп дивата која од како изгуби со еден поен од Некст Тајм, кога настапи со Наумета од Струга, го пласира следново: “Калиопи се повлекува од сите јавни настапи во Македонија, а јавноста за неа од сега ќе дознава само од Балканските медиуми. Поп-свездата нема да настапи на вечерашната “Златна Бубамара на популарноста”, ниту во наредниот период ќе запее на иста сцена со други македонски изведувачи. Нема да дава изјави за весници и нема да гостува во Тв емисии.“ Да. И то како официјален став на “Аворд продукција“ и “Калиопи мјузик продукција“ чиј директор беше нејзината сопруг Зафирчев.
Каљопа можда заборај, ама јас не, дека при изборот за во Украина беше во избраните шест и под зелената дека то е така неправедно и дека бла бла бла и проба да продајт мадиња за бубрези и го откажа своето учество.
Е нејсе. Ко немојт преку борба со декрет нека е. После све ова дивата поп се дрзна и на прес конференцијата ладнокрвно си побара сега поддршка од истите граѓани, од истата држава која на три пати ја издаде, ја продаде и ја омаловажи. Некој ќе речит….шо пак….МРТВ имат право со декрет да одбират кој сакат зашо та го организират сето ова и та вложвит во сето ова.
Јас би рекол…..оооојс Сабри. Кочи. Не е баш така. Па и да е шалабајзерска ТВ барака како МРТВ немат право да избират некогашни издајци, плачковци и мрсулковци, една работа, друга….не плаќет лапачите сами. Опи ќе се шепурит во Баку на моја сметка. Па да. Така шо јас плаќам сега 130 потака 190 денари РТД. И сега да се подзапрашам малку. Дали некој имат право да ојт на моја сметка кога неколку пати ме издајл, ме изневерил, ме навредил….?????
Значит овде не јајме трици за квалитет на песна или гласовни способности. Туку за дива и чоечки капацитети. Прајме муабет за истата дива која централната прослава 92.103 % ја пополна сама и кога види за чудо јас мислев дека све то беше случајно. Арно ама то уште тогаш некој го смислил ова. Мада многу појасно ќе ми беше и самата ќе ми помогнеше да сфатам ако на прославата го опулеше Колета и му ја запееше….“Ооооооо Батооооооо“. Ко Чичек шо му велит на Јавуз.
Как било де. Едно е важно. Ако не успеа во Европа да не внесит бато Јавуз, бато Бане, бато кој и да е, ние шибаме во Европа со Каљопа.
[email protected]
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.