Скроз погрешна тактита. Скроз. Се разочарав. Не да се разочарав туку ми идаше да се наденам на над мадињана на Букефала, вид виделина да невидам, да ја напуштам независна и лидерска НСРМ, да не ги видам благодетите од економски стабилната и просперитетната балканска Швајцарија. Како можевте бре таква грешка да напрајте, абре грешки на природата. Дали можит една Катица да се раскинит вербално? Зш не думавте со лејките бре надежи наши, наши спасители.

Не бре така. Зш не се спремивте како шо требит. Се чудам како сево ова не му текна на Влатко или на Илија. Зш двајцата се кој од кој попаметни и по речити санќим посиноци се на Банета. Така де. Зш и најмало дете е попаметно и знајт дека немојш некого да раскиниш и распарталиш со пцовки, пљукање и вреѓање. Друго требит. Посебно се зачудив како една Грчева Суза…..не не нееее солзаааааа. Суза е та. Зш јасно и гласно им порача : “Мајку вам ваша“….не слушна? Ако беше македонка ќе речеше: “Мајката ваша“. А ак речеше пример : “Нонен Јуве“ ќе беше Љота Грчевиу. И тогаш ќе можев да и речам: “Ku le humber mori dhi“.

А кај залутала та така да се обратит пред телевизиски камера можда и та незнајт ако е залутана. Можда знајт незнам јас. Нека кажит. Ме интересират дали е свесна дека се избламира пред цел македонски аудиториум. Не вервам дека е свесна зш да имаше некој школа, да беше некој академик ајде де. Ама та ти била само Доктор по компјутерски науки. Да не речам образование ска.

И види една работа. Јас мислев ќе умрам, никој немат да го надминит Шилегов во гнасниот речник. Ко то евети ја Суза Грчевиќ, не само шо го надмина Перета туку се надмина себеси. Ги надмина и очекувањата на младите за физономијата на една 63 годишна, мајка, баба, интелектуалка. Пробав да ја изгуглам да видам дали со Амдија се род, пример дан му е зет за две сестри за прва брачеда, ама не најдов ништо.

О Солзе одај плети бабе. Не пљукај на тие шо те изваја од нафталин да бидиш видена. Џанум да беа и тие как шо требит немаше на листа да те клает.

Тук да не јадам трици многу да одам да набавам боја и да поминам кај стрина ми. Не чу ? Вака. Морам да легнам порано за да тргнам за Скопје. Прво вечерва да набавам боја и то не една да и` си прднам, туку цел спектар на бои. Не не. Не за велигден абдал еден. Револуцијава тргвит на кај собрание денес во 5. Морам да земам и четки и да видам некој тон јајца и….Све бре. Тие требит само да се сконцентрирет и да гаѓет како шо требит. И не само мавни под било кој агол. Туку требит да се знајт како ќе се шлакнит најлонот за шо потешко да се вадит бојата.

Ќе им дам и колор јусер гајд. Не само мавај. Е после то морам да одам до кај стрина Дуфка. Да им платам 3-4 автобуси и да легнам. Зш сабајле морам рано да заминам во градот на мадињата. Прво да ги предам ќесиве мој и бојава и да им кажам како да матинвет, да шареносвет.

После то се враќам кај автобусите и ги распоредвам во неколку групи со водачки: пример…..вака викат Милисав….пример…една група водич стрина Дуфка. Втора сна и` Докса, трета золва и` Сурутка….да не бројам. Е тие вака ќе ги организирам. Едни ќе се прлици и ќе летет на плоштат, други ќе се со подвезици џо се проститутки, трети….абе све шо требит ќе се. И овие ко ќе исфарбет као овие се преправет во загрижени и како доброволни спонтани домаќинки почват да чистат, а пак од друга страна спонтано организирано идат контра фарбачи. Е тогаш врвит спонтано еден хеликоптер и спонатно му паѓет виледи за да спонтаниве другарки на нина ми Дуфка да почнат спонтано како во бунило да чистат. Ако пак нешто се заебит со виледите имет спонтана наредба од мене да ги слечат гашчите…чек телефон….кај застанав. Ааааааа фала. Значи гашчите долу газот напучен горе и оп ојме да гласаме на избори.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите