Вака сега. Слушајме и свиркај си. Ар шо ак реновирет. Не е само тој пат до Охрид. А како и да е и да реновирет до 2027 ќе го напрает. Зато ти викам шо е то е сега. Значи слушај вака. Не бре немат потреба да пишиш, лесно е, ќе запамптиш. Вака…ко ќе стигниш кај Подмоље исклучвиш GPS з`ш Охрид е слепо црево на Балканов и го немат по модерни мапи. Ни НАСА немојт да го најт.
Кај Подмоље вртиш десно. За 50 метри вртиш лево и се вклучвиш на една автострада па да не претерам можда е широка и над 3 метри. Ама за да се вклучиш лево мораш да почекаш не појќе од 45 минути да поминат 12 шлепери, 7 автобуси шо идат од железничка и дестина коли шо одат према Струга, а од накај Струга ги пропушташ помалку и максимум ќе чекаш пола сат до 40 минути ништо појќе.
Од тука пичиш кон Костозглобна. Тука имаш мал застој од околу 30 минути з`ш пуштет неизменично. Еден од физикална, еден за вештачки колк па ти си на ред. Мада дур чекаш имаш занимација. Префрлени се таму оние со ченкине, амерички крофни, буреци, турипотпечи и друго.
После леташ скоро не ухватливо до Здружение на возачи и од таму зависно од времето те префрлен со дрон или со кајче до туристичка. Ако врнит со кајче з`ш се полнет дупкине со вода, а ако не е врнато з`ш мојт вратот да го скршиш и со прва брзина те врзвет за дрон и така еден по еден до туристичка. И цап, оп, дур речиш оториноларингологија од Подмоље до Охрид. Е ова све кажи му го на туристине посебно на странцине и ќе нагрнет во Охрид за сезонава ко муви на лајна, а ние ќе ги репаме со паркинзиве и цениве ко да јадат на Малдиви.
Е така ова е решено и мене искрено ми олесна. Мада уште толку ми олесна шо Славјанка беше во Вашингтон и се сретна со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин каде беше потпишан договор за идна соработка на САД со НСРСМ во делот на одбраната.
Исто така на состанокот станало збор за нашата помош на Украина која особено сега се осети во контра офанзивата шо ја презеде Украина против Русија. Од страна на Лојд беше испонафалена нашата држава дека е нај заслужна шо Украина ја проби првата линија на фронтот праќајќи силен контингент оружје. Беа пратени десетици иљади тегнала со пацки, стотици бинеци, игли кљумачки, обични игли за крпење на униформи со соодветна боја за секој дел од униформата како и стотици војници кои поминаа специјална обука за мавање чврги. Славјанка прашала дали на Зеленски да му го пратиме черешово топче Лојд рекол дека во моментов немат потреба, односно то да се чуват за недај Боже или за задавање на последен удар на руската армија.
Абе Славјанка си ја работит работата. Абе сите министри си работат. Цела влада е азар разработена. Меѓу нив и Јетон Шаќири од МОН. Како ам. Вчера на многу ученици им даде учебници по македонски јазик за тековнава учебна година.
Таман имет време родителите да ги завиткет кориците да испрает не појќе од 100- тици грешки, да им се пљукнет на нив и да ги вратет назад з`ш здравје до година пак во јуни ќе требет за нови ученици. Како ам.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите