“Солзи сами кааааапааааат простиииимиииииии“……то мајстореееееее на увцееее лупааааајјјјј. Турај комшике турааааајјјјј. Лупај мајсторе. Дој со виолината на увце да би увце пача ти го јаделе……три четири……“делетеејааааа парчетееејааааааааа пак …..“. Опааааа ихааааааа. Клекви комшо, прдни му се на брухот. Ова е  ден за радост. Опаааааа….Е вака не ја имам видено малава, вака не ја имам видено македонијаа весеелааа..Нит некој некому му се мочат пред подрум, нит некој му остај некому пред врата цојсано куче, сите се сакаме Ајдееееееее…..“нека умраммммм мајчееее некаааааа пукнаааааааам“. Е ова го сакам. Цела мала на нозе. Мојсторе остај то булдужерот. Мафнија канализацијата. Та се напрајла та не. Ова е битен момент за НСРМ. Залепија свирката со изолирбан нека пиштит и елај си ваму. Лелелеле детево шопрајт на виолинава. Ме мана в џигер. “мајкаааа на Марка думашеееееееее“. Абе мајка нека думат ние немат шо да думаме. Да ти се прднам во ЕУ и НАТО. Море мол имаме. Сити, мити шо сакат нека е.

Мореее атмосфера. Цела мала на оро. Комуналец ги батали контењерине , рабнотницине со метлине мавет брејк денс. Ние оро качени на цевкине од  канализацијана, онај со компресорон кренат нагоре бичим на шиптарска свадба пукат, Шуле мешат со мешено ситно ко шо знајт, ни кал ни сметат ни ништо. Со прашина фрламе ко конфети. Абе убајна. Гледаме снимки од отворањето на Сити Мол во Скопје. Им ги гледам фацине на оние на ред шо чекет да влезет, дури и онај шо е 172 – ри , блажена фаца како после двонеделен капс. И морат да е така. Зш дента го отворија, другиот го затворија. Морат да се стигнит. Ам како. Тоооооооо. Ова е врв на мојата мисија шо ми ја даде Господ на земјава.Да набавам гс папир за 4-5 колена и да умрам да не жалам. Имам сега Мол во државава.

Едино ме зезна шо сум не сум таму. Ама не сум глуп. Нарачав Зоцон све да ми земит. Камион гс папир и то трослојни, мирислив, тон  шеќер, три пакети нарезак, говедски, тампони, влажни марамици за хемороиди….не оти ми требет. Ефтини се нека земат. Све да земит. Ама гс папирон ми е најважен. Не само за мене. За цела македонска нација. Незнам само политичариве дал купија. Ваљда зедоа. Зш како и нас така посебно нив најботрено им е то. Гс папир. Толку многу какаме сите во ова држава шо само  ваков Молски гс папир не спасвит од сите гомнејнци. А факт дека интерпелација на владата беше во дебела сенка на отворањањево на гс папиријадава ја оправдуват важноста на решавање на сераторијанцијава во НСРМ. Море каков прилепски по фест. Догодина да сме здрави и живи и изнапосрани скопски ГС ПАПИР ФЕСТ. Како ам. Еееееее времиња. Ова ме враќат назад години кога Пере Гошев настапи со слоганот “со чисти раце“. Ако се кандидарам јас годиниве менвам слоган “со чист чмар“. Мани мајсторееееееее.

Е сега , баш сега не смејме да останиме само на ова славење. Требит за спасот на НСРМ, отворањето на Молов, максимално да го искористиме. Одма писмо да се пишит. Не писмо. Декрет до  Панчета. Посета на Сити Мол да се вметнит во програмата на образование од прво до четврто, обавезна посета на Сити Мол. Прво  таму после во зоолошка, вамте танте кај шо се небитни работи ама ај ради реда. Зш ќе си земат децата трослојна ефтина и ќе ги бришет камилите дур какет. Писмо до здружение на пензионери. Одма. Абре пљукни им се на бањиве. Посета на молов. Писмо до Колета. Одма под хитно седница на влада на НСРМ да се прогласит за “ Музеј на ГС папирот“. Покрај сите музеи во државава морат и то да се сторит.

Абре шо ти е ова судбинава ко ќе тргнит неделава на арно. Ела застани го. Уште не смирен од ова радост стигна уште една вест. Му бабнав на циго две ролни гс папир да ја манит “син ми се родииииии, татко се сториивввв“…..Да бе. За прв пат се роди дете. И то на Ваљона Сарачини му се родиле дете. И сите медиуми известија за то. Алал да му е на новинариве наши шо пазат на ваквите моменти. Зш другиве жени пред него и после него  раѓаа опинци. Та мојата та твојата. Ова змисли родила дете????? Е то е чудо.

Е то е вест шо требит да се кажит одма на медиуми. Дури можеа да ја паузирет интерпелацијата и да го одложат читањето на писмото од  јужнион сосед за името и да ја викнат Бранка Станкоска да речит онака ко шо знајт…“во НСРМ за прв пат во историјата се роди дете. Една мајка роди дете. Ете после сите овие векој кога мајки те раѓаа опинци жената му на Ваљона роди дете“.  Значи и да бев министер бадијала ќе ми беше. Зш жена ми моја овие шо ги роди не се деца. И немат да кажеа на вести.
Е ова е одлика на НСРМ. Радост, пеење, веселење, какање кој кај ќе стигнит, па бришење на гзот со евтин гс папир, кревање на гс папир колку мојш. Мада то неме чудит. Дедо Тито не воспита така….. Живеј ко да никош нема да се покакаш, а биди спремен ко да утре ќе те фатит пролив. Купи гс папир од Сити Мол.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.