Давај волнените чорапи, дај од дедо тој имаше едни волнени гаќи со футрола. Е така. Дај војничките ѕиври, а од озгора ќе клам од чоја оние комитски пантоли. Е сега мојш да ми го дајш елекот, џемперот и скијачкото одело. Е така. А глава завиткај ми ја со она малоно волнено ќебе, а околу вратот волнен шал со реси. Само очиве да ми се гледет преку скијачки наочари.

Е сега можам да одам да пазарам. Минатиот пат си ојдов лефтерно и смрзнав з`ш камен беше во сите дуќани од смрзнатите цени. Абе влакнава во носов ми се кршеа ко соленки з`ш ми беа смрзнати. Убо шо немам мустаќи ќе изгледав ко шпакла под носов да имам. Да да. Ова е првата мерка на владата на НСРСМ шо е во интерес на потрошачите. Си стоет лепенки со смрзнати и намалени цени над оние нормалните. Тргаш лепенка шо пишит 100 денари под неа друга кај шо пишит 100 денари. Само шо оваа првава е напишана со помали бројки, смалена цена и змрзната. Камен.

Е втората мерка сега се спремат. Влегвиш в дуќан си редиш в корпа све шо ти требит, ојш на каса, куцат продавачот и ти дават точно онолку пари колку изнесвит сметката. Не ти да му дајш. А надвор стојт газдатата и на тој шо не влегвит да пазарит и да си зејт пари го мават со бамбус в плешта. Абре да се знајт кој е газда.

Ете виде и Зеленски како му кажа на амерон кој е газда? Го отера у шесто и му порача сега само да завршит со Русија ќе ѝ се турит и на неговата држава. А на Трамп му се стресија гаќите и одма исконтактира со Велика Британија и Франција кои се договорија да работат на решение за крај на војната. З`ш кој ќе возит лади и волги во Њујорк.

Од друга страна пак Трамп изгради препоептемнајдобри односи со нашата држава. Или поточно Мицко со неговите изјави не убеди дека тој изградил со Трамп. Трамп му рекол донт вори би хепи ќе влезите во ЕУ. Од извори блиски на Биљана дознаваме дека Мицко ќе одиграт јака одлука во надворешната политика на САД. Ко шо одет сега цел свет во америкина кај Трамп да им ги решавата проблемите, за дел од нив ќе бил задолжен и Мицко з`ш американскиот претседател имал голема верба во него.

Пред се Мицко ќе бил задолжен за проблемите во врска со дигестивниот тракт, како дел од медицината и зимниците. Ќе одговорат како е можно политичарите во државава со години толку бурек да јадат, а никој немат ни ждригнато, а не камоли некој тровање да добиет. А во однос на зимницита ќе имат предавање како се прајт со години туршија од Македонија, а пак да те бирет на власт да дојш.

Све е јасно. Само мене не мие јасно з`ш другарите на Филипче излегоа на протест да барет да ја снемат министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, з`ш ја навредила Славјанка дека неможит да зборвит за трошок на четири члено семејство, а немат деца. Јас мислам дека Гоца немаше лоша намера туку се исповрати на луѓето кој немат деца. Можда е така ама имат друг начин Гоцка ова небулоза да ја прокашлат констатацијата.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите