Леле, леле ќе имат  пак избори. Да бе. Жими мајка. Еј радост. З,ш многу љубам избори. Љубам и да пеглам, ама избори ептем љубам.  И то вакви најмногу. Не редовни, ами избори од апансас. Ми го кревет бре адреналинот. То ти е исто ко на пример глеаш фешн тиви пола сат, се опушташ се пекмезиш со лепотицине и наеднаш тебе бам в  сурат ти излегвит некоја како  Стошиќ. Се штрецаш, адреналинот горе. Ти идат вака некако да се онадиш и  онаквото го осеќаш некако…

Со избориве си мислиш дека си најважен на светот, дека шо да онаквиш, ќе го онаквиш ко шо требит. Се осеќаш некако, важно, надуено, самозаљубено, саде се гагалиш и ти се чинит колку и да онадиш глупости дека си во право. Ко Стојан Андов. З,ш во таква онаквена ситуација онаквоно ти е кренато и полн си со она. А овие избори ќе се многу важни з,ш морат да бидат фер, да немат пљукање, пцуење, ждригање на ручек, копање нос на визита, грицкање нокти на фризер, фрлање влошки в шоља, онадења и други пукања и убивања.

Е сега се заонаквив малку денојве шо ново ќе ни онадет на новиве….вакви….избори. Седам на шоља, в клозет, се онадам и некако се вратив на сите избори назад. Си велам морат бре овие нешто ново да онадет, за да го онаквет народот, за да овај пак се онадит на избориве нови. Морат. И да знајш дека ЌЕ. З,ш на сиве кампањи, излегвет зборвет, траскет зелени, народот вервит, ама после то останвит………..как се велит…….разонаден…..разочаран. Мада си велам, ваљда не ќе не онадет како тогаш во 94-та. Тогаш ги онадија изборите, опозицијата го онакви вториот круг и…..Излеговме на море. Уствари незнам дали излеговме на море, ама полни бевме со октоподи.

Ко шо седам вака на шоља ми теквит на говорница излезе еден, ко со едно око да беше али намигвеше, не ми теквит,  и не онакви на сите, не охрабри дека директно глата на октоподот ќе му  ја онадит. И ќе му ја онадеше. За малку.  Исто ко на она „Старецот и морето”. Е арно ама рибаров шо ако имат море ко требит да остарит, а за то требит време, а дотогаш ние ќе се онадиме, стрпиме. Врвеше времето, поминаја четири години, за то време народот среќно се онадеше, да не речам живееше и дојде 98-ма.

Тогаш пак имаше избори. Е тогаш ние сами си го зедовме ваквото враце, судбината, и си рековме дека ако веќе некој морат да не онадит, да не речам водит, нека не онадит, да не речам водит, како ние шо сакаме. И би така. Не онадеше. Како ние шо баравме. Е тогаш јас мислев дека никој не ќе се онадит на гласачко место, ама излегоја едни двајца. Лелеееее колку убаво зборвеја. Пак ми го поткренаја ваквово, некако ме онадија, ич да не се ваквам и да излезам на избори. З,ш првиот излезе променат. Да бе. Ко шо баравме ние. Ги слече старите и се промени во нови тренерки како симбол дека од сега народот ќе го онадит променето. Ко шо народот сам си го бараше. И тој не онадеше ама некако поинаку, со промена. А ние сите од радост се онадевме  на секое….онакво…..место. Еднуш ми теквит, како мене сега шо ми излегвет ваквиве, мисливе и нему му излезе една ко рече дека и покрај то шо не онадел и нас ни останвело. Така ние сме велеле. А пак тој вториот ни вети дека цела економија ќе ја онадит и во државава ќе владејт онакво….среќа. И навистина ја онади економијата а нас ни остана онадвењето од овега и името негово за кисела вода мала.

И еве  сега си седам вака, се онадам на ова, за онаквење, и си се прашвам: „ Шо пак ќе не онадет овие, за да не онакват, сите ние да го онадиме ливчено, за пак да му дајме некому шанса нови четири години да не таквит….водит де ?”. Ме бунат некој работи. И кај нив, мислам на онадвачиве, некако не ми  јасно нешто. И тие како да не знает со кого да се онадат? На едни избори се онадат со една партија, на други со друга….. Онај онадвечот на пример шо го пљукаше Радено ене го , излезе пред некој ден на телевизорон и ми викат дека од Шеќерчено немало по јак чоек да не онадит…однесит де … ем во европа ем овде дома кај нас…да не онадит. Не знам шо да речам. Ма да искрено ме  столит бојко од нив кој со кого ќе се онадит…коалицират де….важно ние, како народ, македонски,  да биде бидиме убо онадени…водени.

Важно да ……чек малку…смрдит, баздит овде чекај да го отворам пенџерево малку…..така, некако е….Се прашвам сега после новиве избори кој со кого ќе онадит…во новата влада…..шо знам….уште смрдит, оп вентилаторов….можда пак….Ма да постоет триста комбинации кој со кого ќе се онадит. Ќе видиме. Рано е уште сега и немојш да кажиш кој со кого ќе се онадит. Битно е нас да не онадат убо. Мада не е све исто следниве години кој ќе не онадит…водит…, во секој случај ќе сме онадени…з,ш ако не…..чекај малку овде појќе не се издржвит, ептем смрдит, да се избришам и да ја здувнам….од Македонија…грешка..од клозетов де….па ќе ти дооонадам……….

ЏИМИ
[email protected]