Уф. Професорите можат да здивнат и журка да прает. Абре кој рече дека ова држава не мислит на нив да дајт Господ пролиф на раскрсница да го фатит,  море да би на родителска прднал и то сега на првава во септември. Браво. Мандатната казна за непополнување на е-дневникот од 1000 евра е намалена на 300. Тооооо. Е ова е друго. Зш немат просветен работник шо земат плата  помалку од 1500 евреи така да ова ќе бидит ко мува да го каснала.

Е сега немат да имет никакво оправдување за не пополнување на е-дневникот. Ќе морат да се пополнвит  ма кај и да си прифесор. И во Охрид и во Скопје, ама и во Свирипичино, Драпчин Дол, Паликура, Ботун и други рурални средини кај шо пичит вајалесот како луд.

Додуша и во градојве растурат конекцијата така да очеквам професорите од ова школска година да ги најдам распостелени со оние лап топине шо им ги даде владана, а заборај лупа да им дајт, по кафичи низ градојве. Ете уште една развојна гранка на туризмот…..е-професорско –дневнички туризам. Требит да се задоволни и среќни.   

И јас сум среќен. Зш и Фуле е среќен. А си го сакам како сестра. Сестра ми бил задоволен шо се потпишал извештајот за 24-ти декември. Колку беше среќен во фацулето јас мислев на вибратор е седнат. И не пофали. Рече браво, ова е дијалог. И е . СДСМ и ВМРО се договорија дека ништо не се договорија. А за да се договорат дека ништо не се договориле седнаа доброволно без некој да им претит од Брисел, без да идет некој во држава сто пати со сила да ги терат, без да им претит со шмајзери. И на крајот Зајко рече , е вака се прајт, е  ова е дупка , а Коленце му рече, ова дупка не е дупка. Сложни браќа држава сјебвет.

Ми олесна на душава и со податоците од Државниот завод за статистика. Кажаа дека за да преживејме во НСРМ  потребни ни се 32 066,00 денари , а просечна плата била 21 108.00 денари. Уф добро е. Значит уште малку ни требит да преживејме.  Одиме на прогресивна нагорна линија да ги стигниме оние 32 илјади. Зш знам дека последниот податок беше дека просечната плата е 21 107 и ќор и глуп да си ќе сватиш дека срљамо у прогрес.

Кај и да е за едно стотина години ќе се изедначит платата со потрошната кошничка, лупам, потрошниот контејнер и ќе мојме да преживејме. А дотогаш полојна ќе изумриме, па ќе имат вишак храна и ќе не тепет ак не земвиме без пари. Само да се стрпиме дотогаш….а дотогаш….сложни браќа ќе не сјебвет.

И да ќе забораев. Зголемување имало на просечната плата од лани ова време. И то замисли зголемувањето се должело, на зголемување на просечната исплатена нето-плата по вработен во секторите : Транспорт и складирање, Информации и комуникации и Градежништво. Е сега мене ме збуна на кој транспорт и складирање се мислит. Ако се мисли на транспорт и складирање дрога, аферим. Ама колку знам јас манупилацијата со дрога е забрането во НСРМ. Или не е?

И ако Фуле ме израдви, Зијадин Села, стружанецон ме воодушеви. Го смена директорот на училиштето Нико Нестор. Најнормално го мена. А некои медиуми му се нафрлија на Села и неговата фризура дека насилно го исфрлил од канцаларија. Јас одговрона тврдам дека не е така. Гарант е влезен со неколку души, еден го имат замолено на директорот со раце в гуша, другиот  мило му имат кажано за коса, за да Села на крајот со клоца му го имат врачено решението да се мафлосат од канцеларија.

И шојмат лошо во овај “Чак Норис“ систем не менвење на директори. Ами не дај Боже, уф се ежам да речам, скараја да е , ами да му удреше чврга и то ластик ……уф скраја да е. Така милно , колку да се знајт шо значит да си директор во Општина во која татко е Зијадин Села кој ова година мислеше дека 2- ри  август паѓат на 5-ти.

Е сега ќе морам да ја прекинам колумнава зш се фрлам од одма под хитно да прам трето дете. Да бре не се чуди. Не за друго ме замоли градоначалникот на општина вевчани Цветимир Угриновски. Е ако де не сум вевчанец ама овај апел го сфатив како апел до сите македонци. Ем ќе го пријавам детето како вевчанче, а женами ќе го родит во Неготино зш таму  градоначлникот Ванчо Апостолов вети по 7000 денари на родено бебе. Да бе.

И во право се двајцата шо не стимулирет да упражњаваме секс. Зш нас умот не ни ојт на то, ами на глупости,како на то како да преживјме од први до први, како да платиме 10 000 денари струја со просечна плата од 20 000…..како да…..абе мозок до мозок во НСРМ. Одам. И се преселвам во Неготино. Ко ќе му писнам по улицина гол како манијак а најде жена а ….и опа 7000 после девет месеци. Мада се думам на Ванета аванс да му земам и ќе му ветам дека со секс ќе му ги вратам. Како ам. Инака во НСРМ све е сведено некој некого само да го сексат, да го онадит…..мада во последно други се сексет ние останвиме трудни, ама аку….лап 7000 денари. А?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.