– „Ние во 2008-ма год бевме единствена општина која аплицираше со 12 проекти за сите 12 локални патни правци“, рече Зоран Шикалески, раководител на сектор за сообраќај.( Локална власт- Охрид )
– „Дезинформација е дека во 2008-ма тие аплицирале кога преговорите се водеа 2008-2009-та год од страна на Владата, значи да ја исфрлиме политиката“, вели Љупчо Георгиевски од Агенција за државни патишта. ( Централнавласт – Македонија )
Абре зато ги сакам избориве. Предизбориево поточно. И ваквиве изјави. Кој шо сакат траскат, а ти ела пофати го крајот. Биди паметен кој го напрај патон за Скребатно. Да се разбериме. Сакам и пиперки да нижам и да пеглам и да штиркам , ама избори колку сакам тиииииии. Убајна. Пенкала, маици, тефтери, догодина можда и танги, брендирани нормално, а богами и многу работа во предизборието. Е ова најмногу ме бендисвит. Посебно ми е мелем на душава како кај нас шо е во Охрид. Локалната власт ко ќе е подруга од државнана власт. Саде работет. Овие една улица, другиве друга улица.
Ете ко шо кажав погоре кај нас една иста улица ја асфалтираа двете власти. Само не бев тука да видам дал манаја и едните и другите по еден слој или се тепет да кажет дека и ВМРО и СДС го фрлиле истиот слој. Се испотепаа отворајќи ја улицата за Скребатно и едните и другите. Как да е , важно имат асфалт, ама чудно ми е санќим напраја магистрала Охрид – Демир Капија. Како и да е важно се постигна некој слога. За Скребатно на пикник ќе можат по патот да одат и ВМРО-овци и СДСМ-овци, а неопределените Студенчишко Блато. Дур го имат и то.
Ете се среди и Сирма Војвода со канализацијата, а и кај нас нешо околу то се работит. Е сега на Димитар Влахов се работело два месеци па народов збесна. Море луѓе трпение спасение. Кај поминаја два месеци еве кај се уште три, дур речиш оториноларингологија ќе летнет. Е сега Сирма се напрајла одма, а кај нас се каснело. Ам чекај де не кревај прашина. Јас ко да под чув дека Аце кај нас праел метро. Иначе зш ние толку време би се дангареле в калојна ко Марена на гороздобер во дожџој? А? Не оти така се прајт то брзо и лесно. Е себет то, нејсе, ќе се напрајт и улицата шо за нас жителите е поважно од приме во ЕУ. И редно беше. Само ме чудит зш овај пат све е фрлено на праење канализации. Дали е зголема единицата говно на глава по жител од чмар во градов или пак допрва се очеквет со кампањиве да се изнапрает многу какајнци….незнам….ќе кажит времето.
И ќе кажит. Ко шо кажа премиерот дека сватил дека во државава наша ни опаѓал наталитетот. И се загрижил. А богами и јас се загрижив. Ако сме немале пород ќе сме немале народ, ако сме немале народ не ќе ни давале инвестиции. Аферим. Се сложвам. Ама малку ми е чудно зш не се напрајло анализа зш народов нејќет да се сексат за деца. Можда му е премногу од то шо за овие 20 години кој стигна го дупит, па не ни помисвлит на секс меѓу себе? Бар на машко со женско. Незнам. Можда пак со парите од ко ќе ја платит скапата струја му останвит само за куртони кој се поефтини од пелени, беби храна, полуматура, матура…..? И то незнам? Зато требит да се напрајт анализа. Не така?
И сега чаре? Можда чарето лежит во нов кредит. Да бе. Ама овај пат да се земит кредит за вистински мадиња и другите репродуктивни органи, зш од оние од Букефала фајде не видовме. Сега дан ме разбериш криво. Не мислев на она одиш на пазар и викаш: …ај дај пол кило мадиња, кило од она женсконо и две кила од она шо се римоват со тенис….Не бре. Ами некое посрано кредитче за некоја работилница, две до три машини, да не речам, страв ми е да речам, фабрика….пту пту скраја да е. Не велам.
Па носителите на репродуктивните органи да работат на такви места за да не се секирет за цените шо се до небеса кренати, така да релаксирани навечер можда пак ќе им текнит за шо служит она шо е стварно помало од напрченоно на Букефала, ама ете сепак е исто. Иначе вака на младите ќе им останвит да одат на плоштад, да му се ѕверет на Букефал и да плачат потсетвејќи се дека и тие можат таквото да го користет и за друго, а не само за мочање.
И ко си реков дека чаре немат и ко помислив дека за спас за државава немат, ко помислив дека ние во НСРМ коњ за трка немаме….се појави еден и рече… Од денес, со овој наш настан, целокупната македонска опозиција е заедно – во ист фронт, под едно знаме, со заедничка цел – битка за иднината на Македонија“. Да. Бане. Се обединил. Ај шо се обедини ами и нагласи дека здружувањето на овие партии претставуват услов за пресврт, за нов почеток, шанса за отворање на нови перспективи. Ме кладе во дума. Ќе да е со Мендуха, ќе да е со Руфија? Ќе го дајт Гостивар или ќе го форсират Тетово. Не оти мојш да пофатиш. Ти викам јас.
Види. И да е брак од интерес каков и да е, ко ќе се стемнит, навечер ќе требит да се бациш. Не така? Од една страна ме радвит ова, а од друга ме бунит. Јасно Бане кажа дека знајт и дека сватил во шо лежит иднината на НСРМ. Ваљда свати и шо беше ТАТ, шо беше октоподот, бомбона бизнисот…и она шо е најбитно сватил, така викат тој, шо не чинит сега. Алал да му е. Зш не е баш лесно да сватиш шо не чинит сега. Требит голем ум да имаш. Само Бане паше зш не кажа шо е то шо ко ќе го напрајш за да чинит? И викаш да го дајме гласот за тебе, со то ќе сме го даеле гласот за иднината на НСРМ. Незнам шо да кажам. Бар од мое искуство досега сум го дал гласот на сите шо викаа дека го давам за иднината, а иднина видов колку шо можам да си го видам тилов. Ако не се лажам и ако арно памтам сиве овие години ова ми личит на она….слези Мурто да се качит Курто…а народов….ај ќе видам. Прво нека ја напрает канализацијава, ама не само овде во Охрид, туку во цела Македонија. Прво да видам дал ќе ги соберит сите гомна од државава па после….Сити Мол. По Г`с папир.
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.