По по по шупел. Ар ти си бил типичен Македонец. Глуп. Е добро. Ај вака. Колку е на кино да ојш да гледаш некој филм? Било кој. Не не не тој…не “Просперитетна НСРМ“. Тој уште не е снимен зш многу се скапи тие од научна фантастика. Било кој де аман пак ти веќе. Е виш 200 – 300 и појќе денари. Е така личен тој. И то пази тие пари се само за еден филм.
А не мојш ни по гашти да гледаш, нити пак да ги искрцаш прстите на нозете нити да си потпрдниш….абре ништо. А вака за 190 денари цел месец шо сакаш…..грешка….шо сакет оние од МРТ то си гледаш. А бре прди….истотоли се ак сакаш не оти ќе те знајт некој. Како ам. И зато брате имат да плаќаш и ко ќе ојш да платиш тапани со тебе да носиш и “Не си го продавај Кољо чифликот“ ќе је пејш. Мада Кољо мајка му плака на чифликот, ама останала песната да и се прднам во неа.
Море чоек свести се кај ќе ги добиеш сите оние благодети за посрани 190 денари месечно. Кај? Абре имат некој будала шо ти го дават нон стоп на рипит “Мис Стон“ по 1 000 пати годишно?А? Си гледал негде пренос спортски со два коментатори, а да е со еден, вториот да не го слушаш? А за зимски распуст филмој со Елвис Присли? На која телевизија бре абдал еден ќе прославуваш роденден на државата твоја со странски песни, освен на МРТ?А? Па не ме терај да спиздам.
Е зато од 13- ти лап, ќе леташ в затвор ак не плаќаш РДТ. Немат РДТ ќе имаш ЕКГ. ЦТГ, аку не су труден. Аууууу тикваров не знаел шо е РДТ. Роден Да Трпиш. Е зато за таквите како тебе абре не присилно, не најсилно, туку сосилно, најпрепоептемпренасилно да ви наплатет бре.
Абре на Галијана, на бродојне во Скопје на јарбол за мадиња да ве обесет. Е па зато ќе го сонвиш “Просперитетна НСРМ“. Од каде бре пари ајван еден да го снимет овај филм ако ти не плаќаш Роден Да Трпиш? Е па зш кутра ова независна ТВ, политички не обоена, не секуларна и секогаш објективна, немат пари да вработит асални водители и видителки.
Зато наместо саглам презентерки ќе ги слушаш шмизлине скопски и наместо “термо печки“ ќе ти викет “тирмо пички“. Зато не ќе ти теквит една недела шо е “писок пуситен“, зш е шмизла, а да е саглам ќе си речит “песок поситен“. Абдал, ајван, шо не еден. Море ем присилно да ви наплатет, ем на онакво да ве клатет. Абре вие ја закочивте НСМР наша златна. Аир да не видите. Пак го немал гледано “Просперитетна НСРМ“. Со вакво не домаќинско однесвење ќе го гледаш на куку. Само насоне. Мрш.
Збеснав. И решив да се одморам. Каде не ако не во Скопје низ ходницине на плоштад. Ги глем споменициве и си мислам…..абре овие луѓе имет убајна видено во животот. Бар ако не друго за јадење немет патено. Абре ко имал Аце толку храна да му дајт на Букефала кизнајт тој пустиот колку имат трескано. Море гарант му имат давано. Да да. Иначе од каде то мадињана Букефалови олкај машала нааааа ко цепелини. Ам ев го глем и Прометеја. Трескано јадено бутуросано…..види ги полни му се гашчиве и не менати.
Ауууу ова бродов, галијава. Убајна. Ауууууу. Види види. Не само во езероно кај нас абре и овде имало кафеави видри. Во Вардаров. По по по. Ендемични. Шо? Како не чешки. Кај можат овие вака слаби видри кафеави да се чешки. Наши се. Глеш дека се наухрането слаби, појќе долги од дебели.
Уфф види види ти ова. Аууу алал да им е. Овде е голема памет употребена. Внесена. Се труделе луѓето. Ааа морам да повлечам она шо јадев видри ко јадеја тие видри дека Галииве го оправдаа своето постоење. Ем бродој, ем ресторани, ем видрариум, ем изложбен штанд на македонската култура, традиција и историја.
По по по колку експонати имат. Абре ние сме ти имале традиција, клутура бре. Види шо е ова шишиња пластични. Аууу ова морат да е штандот за влашарина води. Така требит. Да се видит колку фабрики имаме за полнети шишиња. Море море море сме имале и традиција за школки од машини за перење. Ц ц ц . Убајна. Ев ев глеј сме имале и фабрики за пружини од кревети, за сандали за ……..абре лелеее види види ова. Морееее незнев дека сме имале мозоци да измислиме Галија која е со мултифункционална функција.
Само да го допрает видариумот. Да бе. Дал подлабок да е дал повисоки огради незнам….кажвет скопјани дека почнале видрите да шетет по улици. А и да го проширет. Зш НСРМ е полна со кафеави видри и како и да е секоја видра, кафеава, ќе морат да ја сместет во видрари-умот.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите