Абре ќе пукнам и ќе го дочекам. Не се давам. Никако. Ко можев да ги чекам децата години ко се родија да прозборат ќе го дочекам и Хорхе па мајка Јана да е. Не вервам дека некој не го остават да зборвит зш не вервам дека зборвит безобразно. Јас на пример на децата не ги оставав да зборвет срамотно, ама не вервам дека овај се спремат да е срамотен пак некој, например Кољо, да го спречвит.

Зш види. Тој е претседател на една држава. Можда поарно е да не зборвит. Зш претседателот ако прозборит сјебана е ситуацијата во државата. Сигурно имат политичка криза или немири или незадоволство или демонстрации или митинзи или незадоволен народ или бомби на некоја опозициска партија или вистински бомби како Куманово или…..абе со еден збор речено лајно или банана држава. Ама не е така. Иначе Хорхе ќе реагираше, претседател е или шо е да му се прднам.

Е то не е случај со нашата НСРМ, а ако недај Боже дојт до то, а немат шанси да дојт во држава како нашава која според Банката за равој и Латас е прва во цел свет со економски развој, е ако дојт гарант ќе гугнит и Хорхе. Не дека незнајт да зборвит. Ами поубо гугат сите овие години отколку шо знајт да зборвит. И нека продолжит да гугат зш ако морат да прозборит, ќе морат да се напнит, а ако се напнит мојт да се по……. А не личит. Не така ? А ко ќе прозборит јавно се колнам дека одма јавно ќе му ја запеам “Хорхе наш, голем маж, фатил….“

Как да е си го сакам Хорхе. Мил тој. Сонце мало. Ама еве втор пат по ред ви кажвам дека и Али Амети го сакам зш знајт чоекот шо да речит, а да не се покакат. Јасно и гласно кажа дека не ошол во Куманово зш не сакал да се бацвит со народот како Заев.

Зш во периодот ко беше Зајко во Куманово, јас бар така разбрав, кумановци имале херпес, а Амети немал во моментот со него Херпесан, а пак овај бомбашов пре одење зел цела торба од Херпесан. Е па можел да си дозволит зш Вицето имат пари да купит не само Херпесан ами и ако требит и бузи ќе му менит зш му префрлија пари за добро на народот. Зш Зајко побара пари дел да одат за црквата дел за него ама то ти е исто. Чим е верник то ти е како да е отец. А ако си отец тогаш Господ и Мито се со тебе. Господ духовно, а Мито како другар.

Забегав. Да се вратам. Едино шо му замерив на командантот на борците за права Амети, кој влезе во власта преку демократски куршуми, ко рече дека терористите во Куманово биле во контакт со него и му барале да им средит коридор да се извлечат а тој им рекол ЈО. Ска коридори.

Видиш какви се луѓето. Заборај пустиов дека него во времето во Арачиново ко дојде нож до коска за него и за неговите другарчина дека дојде Хавиер Солајна и го пренесе со климатизирани автобуси на друго место за да продолжит демократски со убивање на македонски бранители, демократски да ги барат правата зш ептем бил угнетен.

Додуша од една страна сега шок Али тебе болот те стапит зш дојде на власт, некој ти го расипа есапот со планот за Куманово, да се сјебит името на државава, гасоводот и можда уште нешто, така да од моја страна поздрав до надлежните, ако ова ти го простат та тебе та на некој од македонците шо игравте играчки со нервите на кумановци и сите напатени македонци да дајт Господ пролив да ги фатит на раскрсница.

Уф најбитното. Ми рекоа почекај со колумната да видиме шо ќе се десит вчера, недела, и денес, понеделник, па после траскај зелени. Се навредив. Зш јас сум сигурен дека кој и да е на овие митинзи, та Зајко, та Коле, државава ќе ја средат. Зш нити едниот нити другиот не шират омраза, не го терет народот да се мразит меѓу себе, нити пак го делат народот на комуњари и вмр-овци, туку го сплответ, двајцата се за мир во НСРМ та кој и да е све во НСРМ ќе цветат. Е сега и едниот и другиот шо ни ги расцветаа газојте то е друго. Или не?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.