Абре луѓе (Оли босанецон ми рече вака да почнам).  Се думав недела дена во нашава Оаза на Мирот и благодети скоро недела дена шо да прам. И се одлучив. Варикина. Само незнам дал ќе ми е доволно чаша или две. Пред да кренам чеј да видам дан сум јанглаш…..не бе…еве си пишит…..цените на храната ќе пораснат меѓу 10 и 40 отсто на глобално ниво во……..да бе јасно ко ден. Ќе пијам. Варикина. Или солна?  Незнам.

Пак види не е да вервиш во вакви работи. Не вервам дека наеднаш толку многу ќе скокнет. Зш некому наеднаш да му напикаш кол од 40 сантими не оти мојт. Нас ни го напиквет години наназат милиметар по милиметар и не само шо не осеќаме болка ко ќе ни влегвит туку види за чудо јас бар некако се навикнав и дури  убо ми е. Не пијам. Ќе подумам. 

 Читам…..брачен пар….дрогиран…..Галичица….ограбени….Синко дај бокал солна. Не варикина. Солна. Убо да ме изрешетат до долу да не ми дајт шанса да одам по болници зш не е веќе интересно, сестрине не носет чипкасти чорапи и подвезици ќе умрам од досада, а и ак ми се мочат по хигиенски ми е в кревет, само ме јајт јанза дал ќе ме преслечет дента ко ќе се помочам или другиот петок. Дефинитивно солна.

Можно е Бранко Црвенковски….за иден председател на НСРМ….Синееееееееееееееееееее …пола литар варикина пола литар  солна. Прај шприцер, ова не се издржвит. Абре не ме штрецајте вака аман бре. Ќе се врател пак на политичката сцена????  Абре овај се мислит глумец и кога ќе му прднит ќе се враќат на штиците живот шо значат??? Пак на крај на краиштата оваа наша Оаза на Мирот е една стабилна држава  в која функцинирет сите системи како шо требит, стабилен денар, меѓународна пресветла иднина, а посебно држава во која имат препоептемнај паметен  народ шо знајт шо сакат, а не театар. Или пак театар е?

Заради дивеење во сообраќајот 16 годишната……Литар со литар синко. Дефнитивно. Ни ојде јабана и контролата на полицајциве, кој стигна возит , како сакат возит, пијан возит, дрогиран возит и убиват луѓе по патот. Некому глата му летат некому ни влакно на глата не му фалит. И додај сине 400 грама нишадор. Шо е сигурно сигурно е. Да ме паралисат наместо сакам.  Не да се мачам како плашица на суво да се прпељкам. Од одма. Џанг…..ајт. Неможам појќе да ужувам во Оазава на Мирот.

ДавАј вака сега  на масава……значи литар солна, литар варикина, море клај и пол кило нишадор, не 400 грама. Све то тури го во бокал …..море додај и цијанид и напрај ми бунар. И готово се бацив со сите, се поздравив, се јавив кај шо требеше,  кренав бунарот, зш доста ми е од олкава оаза и мир во НСРМ……абре ете имало Господ, лелееееееееееееееееееее шо ќе пропуштев а ќе заминев во вечните ловишта.

 Со дел од десниот дел од десното око гледам…….Коле и Зоки are now friends…малееееееееееееееее шо ќе пропуштев. Башка то ……нова ковер слика заедно седет се шмекет насмеани и некако погледите им зрачат, вперени еден во друг од оние погледине шо причају више од речи. Лелеее ќе ојдев јабана, а не ќе ја видев после “Сјај у трави“ најголемата идила во универзумов.

Остајв бунарот и пратам. Опаааааа …Коле поук  Зоки….ај да видам шо после???   Знаев…..Зоки бек поке ту Коле. Леле леле. Идила. Убајна. Оаза. Опаааааааа……Коле пост пикчер он Зоки вол, а Зоки лике Колес пикчер. Тииииииии…..ептем си се имет. Ами ова го чекавме бре луѓе. ВМРО – овциве и СДСМ- овциве, да се покет, ликет……

Па така бре луѓе се градит иднина на една самостална држава. Ко ќе видиш дека довчерашните противници се шмекет и се…..опаааааа…….Зоки инвајтет Коле то плеј  “Танго ту евора“….опаааа тргна работата. Браво. И зајко прв презеде чекор кон “Сјај у НСРМ“….така бре ве сакам . Зш вие двајца и само вие двајца сте иднина на нашата држава…ма све горе она шо го наведов ….да му се прднам во него…..ништо поважно во државава немат од овие двајца.

Сите ние требит да се сконцетрираме да им се најме, да им погодиме нив, за да можат тие нас да ни помогнат, за да мојме да процветаме сите, море ако требит да се расцветаме од љубов. Еве јас на пример почнав да ги сакам двајцава ко сестри  да ми се…и то помали….опааааа…е ова не ме бендиса….Зоки инвајтет Коле ту плеј Арми Атак…….немој бе зајко сега со вториот потег такви работи. Аман…..таман ми тргна  пенетрирачки-оргазмичко-во здрав мозочно расположение ти одма…со….ај ти се молам…..Очеквам сега да прочитам ….Коле рефјус инвајт Арми Атак он Зоки вол. Се сконцентрирав на Зокис вол.  Ај да видиме !!!

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.