Морееее не вервев дека вековна традиција ќе се менит. Т`нк ми е на душава. Ама ај за арно нека е и со помин. Таман се спремав како секоја година да речам априлилилилили…..ко ете…ми излета сителлилилилили….латаслилилили….Мада види. Неморав јас да го чекам бутурниот први април за да речам сителилили….за чичкати Латас да кажит, да прошиштит со новине заби дека и од чмарот ни излегват ружи неморат да е први април. Лупат ко Максим по дивизија ката месечина. 
 
Ете чоекот пред некој ден излезе возбуден, озарен во фацата ко пред оргазам за да ни кажит дека според BBC анкета ние сме биле на 34- тото место според куповната моќ. Не дека е нарачана анкетава од Павел Шатев ами ко да ми е згрешена една буква. Дан требит да стојт “куповната моЧ“???А? Пробав да ја анализирам ова анкета ама не ојт. За да го кажиш то така попален требит да вервиш дека навистина според тие анализи ние сме земале просечна плата 350 еври????

Додуша да. Не 350 еври ами 950 и повисоко ќе дојдат ако занемариш дека имат 30% не вработени, дека 90 % земет 100 евра и то по пола на шест месеци, дека голем дел платата ја земет на компензација. И ај шо ја земет на компеназација ами ја земет во еден пар патики нормално ако работет во таква продавница. Ам шо прајме со оние шо работет во погребална…пример…шо компензација ќе напрает. Натписот пешчеш????

Абе ова луѓево ко ќе влезет во филм незнает шо траскет и шо прает. Еве пред некој ден во Охрид се спремаа арслани од “Нискоградба“ и “Проаква“ да штрајкувет. Арно ама шерифите од овие две фирми одма им ги скратија маките на потенцијалнтите штрајкувачи нормално од причина шо мислет на народоцев напатен. Им ги исполнија условите. Спремија списоци за технолочки вишок од причина шо имало превработеност и фирмите неможеле да го издржат тој притисок.

Онака за потсетвење оние шо ќе се на тој список се истите кои уште не разбудени Ацо и компанија ги вработвеја заради успешно залапени плакати на избори. И сега нити нему нити на другите ваквите им се потребни зш тие ко требаше си ја завршија работата. И незнам после како на партиската пешадија од последниот ешалон не им е јасно дека секогаш се куртони. Една употреба и ајт те фрлет. А до друга страна пак се прашвам како на првиот ешалон и командатите не им е јасно дека избори се ближат и дека пак ќе требат да ги лажат истите куртони за да добијат то шо им требит. А пак од друга страна истите тие куртони, видиш ќе паднат на муабет дека на следните избори ќе се афродизијак , а  не пак куртон, кој по 100 пати употребен пак ќе го фрлат. Куртони јасно ви е то ??? Мислам јок? Знам само овде кај нас имат куртони за повеќекратна употреба.

Е истите тие куртони се дрзнале, види безобразлук да донесат одлука да штрајковет само и само заради то шо не примиела плата за јануари и февруари. Замисли. А сега сме само април. Безобразници. Да немавте примено плата и за декември, арно, штрајкувате. Ам вака не ве личит неблагодарни едни. Ама ај да се потсетиме. Не така одавна во овие фирми не те вработевеја само ако си умрен. Иначе тепаја ако не сакаш да си врабитен кај нив.

И во занесот на политичкиот транс и лапалакот кој никогаш не е доста луѓето се губат и акет секакви изјави. Еве пред некој ден прочитав една изјава од еден од корисниците на таквите куртони: “Со протест не се решаваат работите, во ЕМО и други претпријатија со години немаат земено плата, а во оваа економска криза кога граѓаните се помалку ги плаќаат сметките не е големо доцнење ако не се исплатиле платите за последните два месеца,“- рече куртонокорисникот.

Значи според ова шо помалку сметки плаќаш толку појќе плата не земај. А ако ич не плаќаш цела плата за тебе. Ако не платиш струја, две.  За да дајш ваква изјава и со ваква небулоза да ги тешиш требит во памет да го зезниш и Ајнштајн и Дарвин.
И да сме начисто. Јас сум категорично против отпуштање на вработените поготово во “Нискоградба“. Имам ептем јаки аргументу. Да потсетам дека основната дејност на нискоградба е средвење и чистење пред се на говната. А такви луѓе секогаш ќе имет многу или премногу работа во држава како нашава, зашо кутрата таа е преполна со секакви говна.

ЏИМИ
[email protected]

* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.