Абе Господ здравје да му дајт на Kрешникoн. Како ми погоди чоекот то не е нормално. Сега сум цар со намалениве цени. Со етикета “загарантирани цени“. Еф видиме. Си вметнав тампон од гарантиранине, испружен на троседов јадам сендвич од наполитанки со фил од какао крем и ѕверам во сликава од Горденцето и Мицкота.

Леле колку ми се лични убај…..црвени црвени. И јадри. Немат врска то шо зли јазици велет дека праеле некој договор за амнестија на криминалците. Никако. Ваљда повод за сликава е некоја годишница од матура. Прво и прво Мицале, ко шо рече, тој им сметат на Тачевци дека немат шанси да напрајт договор со криминалци. Нити пак тој сакат да соработвит со тендероместачи. Така рече.

Мада мислам дека малиов ако не гласат за амнестија сигурно имат гласано за амнезија. До вчера седеше во иста клупа со Зоне Маџарско, со лепотицана од сликата, со Милета “ЧЕ“ и многу други кои толку многу ја сакет Македонија шо кој ја ограби државава, кој здувна од неа, кој го посра народецов македонски насушен.

А пак овај, народецов, од друга страна едвај чекат, здрисна шо побргу да имат избори да се избричат, истуширет, да се дуздисет ко бебе за на вакцина и да ојт да го дајт својот глас. Уствари некогаш на гласање се даваше глас. Сега се дават гас.

Арно ама дур сечам од пилешкава посебна загарантирана салама без слајс (многу ми значит ова шо немат слајс) пакување ме штракна на ум з`ш на сликата го немат АнтониЈо Милошескион. Дал немаше време да се сликат з`ш секој ден јајт трици против Груја или пак….з`ш види. Мене ми е несватливо негде да се појавит некој лидер на ДПМНЕ, а да го немат него. Кој како си ојт од лидерите тој го испрашчат со сите нишани, а на секој нов му чадит.

Едно ме чудит за Мицалета. Шо толку се мрсулајт за законот за амнестија во која би била опфатена побегуљана? Ако е така з`ш се кадроса со Гоца? З`ш не му одговарат да ни дојтит Коленце од Унгарија? Со Баба праевме муабет за ова и таа е на две. Дали Мицко све би згазил, дури и Грујота, за на предвремени или какви ќе бидет да дојт на власт или пак сето то е патка. Е сега пак од друга страна з`ш бре Грујо се пенит по социјалниве мрежи шо предвременион го атаковат? Можно е и тој да имат гласано за некоја амнестија, та заборај како му го натервеше на ЉуБча. Еми бате…..шо си дробел то ќе сркаш. Не така?

Е сега да не испаднит све само пљукање ме бендиса експедитивноста на Тачевата власт. По итно го најдоа клучниот фактор за пиздариите на онкологија. Да бе. Одма, веднаш, дур речиш оториноларинголија го најдоја виновникот. За кражба и за препродажба на цитостатици обвинета е некоја медицинска сестра. И само таа е обвинета. Сама делувала не е замешан ни доктор ни бутур. Дотичната толку вешто ги изнесвела цитостатиците шо никој не ја приметил и немала ниеден, ама баш ни еден соучесник. Од извори на Биљана, дознаваме дека таа цитостатиците ги редела во прслук, собата од кај шо ги земала имала отвор за оџак, па преку него одела на покривот. Од тука застанвела на олукот и изигравала лист па така лелеејќи се на ветрот директ паѓала в гепек во колата и никој, ама баш никој не ја приметил. Ни обезбедување, ни колеги и колешки ниту пак одговорниот за болничката аптека. Сама си е крива. Нека сркат шо и дробеле. Немат играње со органите на прогон на нашата држва. Ам како.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите