Абре луѓе како бев почестен шо прозборе на македонски командат Форина…..пардон….Таљат Џафери новион ни министер по одбрана. Мајко мила. Ме прерадви. И знајш некако чоекот ме просветли. Ме одблуди да е здрав и жив. Зш знајш колку е лошо да живејш во заблуда? Тешко е. Ептем. Мојш да се шиниш во некоја работа. Ак си заблуден. Море мојш цел живот да си го заебиш. Еве јас и кредит зедов изнакупив танги арно ама читам во “Вест“ излегле од мода. А затворив толку пари. Почнале да се носат сега големи гашчи ко од баба. Ам кој знаел….еден куп имам такви. Сега ни да ги носам ни ко поклони за роденден да ги давам ни за задуша.
Зато ми е ќејф шо Форина…..упс….пустина да не фатам ми излета….шо Таљата го гледав. Прво ме одблуди зш јас тиквар тикваросан до сега мислев дека Али Амети заедно со Фор……ц ц ц…незнам шо ми е, заедно со министеров за одбрана на Независна Самостална Република Македонија во 2001 прва се бореле за да ја окупирет држава, за да напрает голема Албанија и такви ми ти глупости. Ама ете си кажа чоекот најубо шо мојт…..искрено. Дека се бореле за доброто на граѓаните на НСРМ без зависност на нивната етничка припадност. Убо му го плесна на Стојанчета. Ам како.
Е сега ми е полесно. Сега не се бунам шо стана министер за одбрана. Ам така е ко ќе ја дознајш вистината. Дури и чоекот ми даде визија за мојата иднина. Да. Да. Абе скокнав од радост ко рече дека ќе дојт денот кога сите заедно ќе се поклониме на спомениците на паднатите борци и на ОНА и на АРМ. Бреееееее. Солзи ми дојдоа на очиве. И почнав да вежбам. Зш во нашава демократска држава све е можно. Да живеев во Боцвана или во Буркина Фасо или некоја друга држава кај шо немат демократија не ќе вервев дека то мојт да се десит. Таму одма одма ќе го апсат тој шо велит така. Арно ама во нашава НСРМ све е можно. Дури и детето на тој шо погина на Карпалак да положит цвеќе на споменикот на некој другар на Форина….ете пак јас испадвит дека провоцирам….на некој другар на Таљат Џафери.
Морам да пазам вака да не грешам. Зш вусшност сватив дека ние македонциве сме големи провокатори и требит да внимаваме. Еве сега например каква глупост стресивме и ја изнервиравме златна Ермира Махмети. Абе кај се видело то македонци да се здружат ко овие од ВМРО и СДСМ шо напрај ја за Кичево и Струга. Ни било ни ќе бидит. Јас во историјава на НСРМ немам сретнато македонец со македонец да се здружит да е заедно. Морат овде да имат некоја заебанција или финта да не речам провокација. Немојте бре луѓе така. Аман немојте. Ако на пример албанциве во државава речет дека македонците за инет од албанците дишат гласно…..одма менви…полека на нос земај и полека на уста пуштај воздух. Како ам. Не само провокации.
Ме бендиса и водителот ко му рече на Стојанче дал знајт дека од 2001 година на ваму е све сменето. И така е. Само не беше во директен контакт да го прашам дали Бранко, Никола, Љупчо и другите шо ја водеа државава, ќе ни давет од синдикат вазелин или ние сами да си купвиме? Не е проблем и сами да купиме, ама ак дават синдикатот да не испаднит да се трупат така вазелинот.
Мада како е тргнато во НСРМ колку и да земиш вазелин малку ќе ти е. Посебно сега со изборниве ветувања. Да бе. Мада ко ќе ги гледам митинзиве ко ќе се собирет сомпатизериве шо се ВМРО-овци и шо се СДСМ-овци да не набројвам сега вакви овци, такви овци, многу ги имат симпатизериве, со многу претставки, додуша наставката на сите им е иста, незнам зш ама имам осет дека некој ме дупит во здрави очи. А зш мислам така појма немам. Можда сум во заблуда.
Ко шо бев во заблуда зш мислев дека охриѓани сите живеат во Охрид. Абре ние сме ти биле раселени низ цела НСРМ, како Вевчанци во Словенија. Пооооо шо беше то автобуси. Kумановски охриѓани, кривопаланечки охриѓани, скопски охриѓани, кратовски охриѓани, велешки охриѓани…….да бе…на митингот во Охрид. Ние охриѓани сме ти биле пола…море шо пола, цела држава. Некој ми рече дека автобусите биле полни со луѓе од градојте од кај шо идеа, а не биле охриѓани. Не туку зборви глупости. Мисли малку…..не биди во заблуда…..го заболе на онај од Кратово дал ќе се решат проблемите на нас охриѓани.
Гарант сите беа охриѓани. Ама така ти е ко ќе е некој во заблуда. Ко Стојанче шо беше во заблуда дека Форина….е да ти се пљукнам….Таљат немат да е министер уште долго време. Е заблуда ли е заблуда. Таљат….шуќур не згрешив… немат да е министер само ако го клает председател на НСРМ. Не така? Зш за да го менат требит да се здружат македонците, прво то требит да поминит во парламент, па пак да се здружат да се соберат 150 000 потписи…ехееее….Да не се заблудвиме алооо….прво ќе напрајме провокација, а второ кога се здружиле македонциве та сега да се здружат.
Ќе ти пишев уште примери за заблуди….ама морам да одам кај мајка ми. И ја кренаја пензијата за 550 денари….ми рече ќе ми ги дајт…..да си купам вазелин…..случајно дан не дает од синдикат….пример викам.
[email protected]
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.