Абре луѓе….многу сакам да пеглам, да штиркам, на полувреме и везам, сакам и зимници да редам, сакам и ајвар да прам и да крпам чорапи, да турпијам нокти, ама појма немате колку сакам да веслам. Ептем сакам да веслам. Ама пуста судбина ај ела да те видам дој во Охридско Езеро и веслај ак мојш? А го спушташ кајчето одма ќе ти се фрлат со триста глисери полицајски цап за врат и во успешна акција ќе те “спасат“ да не си веслаш.

Е наместо да веслам јас  шо сторив вршење, шетање, сновање низ градон. Богами.  Десет дуќани менав. Зш види…заебано е од еден да купиш све. Одма ќе те сумат и ќе те спречет во намерата. И мораш ко ќе купвиш да бидиш убедителен да не се посомневет во твојат права намера. Добар ден…добар ден….ај кило солна ве молам, скопјани ми беа на гости и шољата бербат ми ја напрај…повелете. Поубедително амин. Не ќе ја кажам правата причина.

Во друг дуќан….добар ден….добар ден….варикина ве молам две шишиња…имав гости политичари и дома се исповратија по кошулите и да им ги исперам. Нема проблем повелете, само зејте четири шишиња зш тие многу повраќет. Опааа …и овде не се посомневаа. Поминав и овде.

Како сте комшо….шо ви текна син камен?….ами лепотице ( 68 години имат) ….ова канализацијава Аце шо ни ја напрај ко затната да е и знајш како викет….сите говна излегвет на површина и се наполнивме со бубачки ова она па да …..

Е сега имам скоро све…..солна, варикина, сина камен……одам кај Ацета Батко в перална ќе ми требит уште некоја хемикалија ….спремен ме чекат. Имат паста за полирање, ќе ни го рушит желудникот, нитро за флекине, мават на нерви, и на крај  ќе маниме од она за гумине да се црни, таман пљуски ќе ни се напрает во устава. Измешавме све в буре зедовме чашите, ќе се труеме ќе умираме…ко ода таму….неееееееееееееее Зајев се предомисли….ќе се кандидират….стоп Аце…не пииииии….море не се…..пијааааааааааај Ацееееееееееее…..ќе се….не пијааааај….

Не шашардисаја. Али ќе се труеме али не. Али ќе се кандидират Заев за председател на СДСМ-овцине али не. Мада незнам дал е  поарно да се трујаме ако се или ако не се. Ако не се ќе умрам од мака, не ќе имат кој да ме спасит…..арно ама ако се кандидират пак да ме јајт жив??? Немат шанси. Пред да ме лапнит ќе ја манам смесава.

Мада ако ја испиев ќе се шинев. Замисли…не ќе доживеев да ја видам подвижната гинеколошка ординација за во рурални средини. Па така бе луѓе мои. Па и на тие жени требит да се мислит не само на овие градскиве примадони. Посебно е добро за по селата кај шо живеат  90 – годишни баби дан почнат не контролирано да се пердашат та бабици да ни снемат во државава  за породвење.

Плус то кај смејме тека да остајме по старинско наместо презервативи да користат гуми од точак…имат бре да им се дает дурекси модерни со вкус на јагода, на…..сега јагода незнам….ама ако имат вкус на џомлезе, расол, туршија зш да не. И пази глетткава…..застанати руралниве жени по сукњи пред комбево со гашчите до глуждој , подраскречени како каубојци во нозете, докторот со сондата в рака поднасмеан како вампир а тие пресреќни? А? А другар ми ѕиркат низ пенџере од позади. Абе модерна медицина ала америка. Како ам.

Или..или на пример ако се отруев заради Зорана како ќе го видев онај свечен, убав и премногу корисен чин ко им се однесе на кутрите од геријатрија донација на јајца за Велигден. Тиииии како добар потег се напрај. Јас лично ќе паднев на гас. Незнам и луѓето од геријатрија дали паднаа од ко ја примија оваа ептем суштинска донација ради холесторолот или пак можда донаторите им однесоа и Росфера со си јајца незнам. Јас не ни знаев дека ќе донирет јајциња…видов само на сликите пресреќни фаци на некој сестри. А да знев ќе учествував и јас. Богами. На пример….велам….пример ќе им даев на великодушниве донатори да им однесет на бабине и дедовцине од геријатрија чоколада со лешници. Или свежи моркови, или негро бомбони….да грицкет. А? Зш пак да не.

Ако се отруев не ќе ја прочитав ова изјава:  “ Имав многу значајна посета тука во Вашингтон, која вклучуваше средби во Белата куќа, во Пентагон, во Стејт департментот и во американскиот Конгрес, ………овие средби се охрабрувачки за Република Македонија, …… ќе ни ја отвори можноста што побргу за зачленување во НАТО и започнување на преговори со Европската Унија. …….Ние сме суверена држава. Соединетите Американски Држави никогаш не би придонеле за загрозување на интересите и суверенитетот на една држава.“

Да…ја прочитав зш не се отрув. Ама пак не ми е јасно кој ја даде…..Хорхе, Никола или Али Амети….ако ја  даде швицарецов во кое својство ја даде, кој му дозволи и во кое својство ојде кај демократите…….незнам…не ми е јасно. Истиот швицарец шо ја рушеше НСРМ сега да ја градит???? Незнам.  Можда поарно да се отрујам. А?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.