Во екот на политичките активности за локалните избори на нашите два доминантни македонски политички блока, не може да не се забележи „огромната  вклученост” на припадничките од понежниот пол како кандидати за градоначници или предводници на советничките листи ширум нашата ни држава, што навистина е иронично за да се зборува за родова еднаквост.

Запрепастувачки е фактот што ниедна од доминантните политички партии не го акцентира  значењето на женското лоби како гласачка фокус група, или при креирањето на локалната политика, во конкретниов случај. Се разбира со чест на исклучоци, на кандидатката за градоначалник на Општина Карпош на владејачката партија и кандидатката за градноначалник на Општина Тетово од албанскиот политички блок, во остатонок од нашата држава состојба е загрижувачка.
   
Она што навистина боде очи е формирањето на советничките листи, каде што припадничките на понежниот пол се забележуваат на секој втор припадник на машкиот пол, колку да се исполни условот од Изборниот законик, позиционирајќи ги припадничките на женскиот пол на маргините на листата, односно невозможноста за нивното половично учество, а за некаква нивна доминација не може да стане ниту збор.
   
Се разбира, актвиностите на женскта лоби група, како дел од политичките партии ќе ги забележеме преку хуманитарните настани кои ќе се случат во текот на годината, но посилниот пол не им ја отстапува лидерската позиција, која значи можност за креирање на политиката. Кој има образ да ја негира оваа индиректна маргинализација на женската популација во политиката? Фактите јасно ја покажуваат реалноста за родова еднаквос во советничките листи и кандидатите за градоначалници на сите политички чинители во Република Македонија.
   
Во однос на оние припаднички на женскиот пол, кои веќе се наоѓаат на кандидатските листи, за жал претставуваат само дел од гласачката машинерија во советите на општините, без своја соодветна политичка агилност која ќе биде препознаена од страна на населението. Всушност оваа нивна маргинална позиција е резултат на непопусливоста на припадниците од посилниот пол, во отстапување на лидерската позиција, тргувајќи од максимата дека сепак станува збор за „жена”.
   
„Дали терминот „полова еднаковст” и понатаму ќе преставува само празна флоскула, зависи само од лидерите на политичките партии и развивањето на свеста кај припадничките на понежниот пол за масовно вклучување во политиката.
                                           

А. П. К.

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.