– Добар ден. Ви се молам ако може еден леб госпоѓо продавачка. Ви благодарам.
– Ви се молам , немојте да ме молите господине купувач. Зошто да не може Ви се молам. Благодарам.
– Оххххх Ви благодарам. Ако може црн Ве молам. Благодарам.
– Ве молам повелете црн.
– Благодарам, Ве молам.
– Ви реков, Ве молам да не ме молите , Ви се молам. Па Ве молам тоа ми е работа, благодарам.
– Ма Ве молам, оставете да Ви се ве молам. Благодарам.
– Ахххххх, Ве молам , кога веќе сакате да ми се молите, повелете Ве молам.
– Оооооооо благодарам, Ви се молам, што ми дозволивте да Ви се молам ………благодарам…молам….благодарам…ви се….
– Шшшшшшшшшшш….престанете Ви се молам, благодарам. Со помин да е.
И шо ми беше муабет? А за ова телевизииве. Да бре све гледам. И кога нешто ќе ми откажат вака како да ми се наткрева одоздола и само ми идет за ждригање, се дујам јако дада Михрибан и многу нервозателен сум. И само се дерам. Гласов одма ми се прајт како на лав, како на бато Зафир. А ко ќе ми е погодено одма сум смирен, бичим Бенум сум. Ак сакат Бинјапи нека пропаднит ( скраја да е) мува не ме лазит.
Еве на пример ко не ја дадоа Шехрзат за она ко беше во Скопје за визине. Шо ни ги укинаа. Искрено не глев причина да не се дават лепотицава. Ако дојдовме да се плашиме дека македонскиот народ немат да ојт на плоштад заради еден турски филм, да ти се прднам на државата да ти се напрдам. И во народот. Шо сакат архитеткана нека прајт во новелана теле. Не Онура да го остават, не со Керима да бегат, не Надидан да стенкат по Али Кемала……не Џансел да е трудна, Фисун не рак, мојт и оккопод да имат во материцана, пак Грујо ќе ја победеше Шехрзат и да беа еден против друг. Дури и да најавеа на она замазнатоно во главчено, Каан, дека ќе му е прв школски ден, и дека ќе го снемат, пак Кољо ќе победеше. Не дека не е убав, ама колку толку Шехрзат….само шо имат поцрни очи од него. И подолга коса. Не ко четка за тимарење, Ништо друго…Додуша за право не ојт накосо како него. Ама ќе ја победеше пак.
Мада зборот ми беше дека мене и Шулета јанза не изеде шо не ја дадоа снаму на господин Бурхан. Леле Шуле колку се нервираше, плачеше, јас понего, ред мрсули ред солзи. Абе тој мене шшшшшшшшшшш, јас нему шшшшшшш. Никако неможевме да се смириме. А кај Дачка ќе ојме, ко тој го слушамеее рикат: “Сакаааааааам да сум председател на холдииииинг.Сакаааааааммммм..“ Бог да чуват и да бранит и голман да станит. Страшна работа. Се пореметивме. А како да не се пореметиме. Од четврток до вторникот пауза. Алооооо. Без адреналин четири дена.
Додуша супер беше и то на плоштад. Не заради то шо Чола пееше за среќата на Македонија и зеде пари ко мост да ни изгради, туку лелеееее кога излегоа Зен и Слаткар. По по песни убај…..„ спушти се ти долееееее, …….испуши ми го мене па на Тони, па на Џеј, Џеј…….“ и многу други убај текстој шо на крај завршија со преубав ждриг на еден од феноменалните уметици. Мхм. Можда и прдна ама микрофонот му беше на устана и не се слушна. Штета. А баш ќе беше така како доликуват за прослава за укинвење на визите за македонските граѓани на самостална независна република Македонија. Шо е на север од Грција.
А пак да ти кажам после Бинбир Гече најмногу гледам македонски народни приказни. Поучни се. Ептем. Тиии она последнана шо ја глев ми се чинит дека по поучна за децава наши немат ни на државнана. Незнам како се викаше. Вака беше: еден Трајче стана од сабалје и ојде на дуќан, а комшинаја дојде и му ја свирна женаму, а овај ги фати а пак ова му рече дека не ги фати ами му се пристори од љутото шо трескал од сношти. Ти теквит? Е послем тој да видит дал е од љутото ја опна комшиката, во дуќанот ја натрти, така да и женаму си откри дека кркала љуто сношти. Со децава гледав заедно. Аха. По поучно амин. Која е пораката до нас и децава наши? Слепец ќе ја видит а не ти. Абре плескајсе кај ќе стигниш и со кого ќе стигниш и кркај љуто.
А шо е најбитното? Ова љутово ти имало и ретроактивно дејство ( брееее, ретроактивно, леле како се изразив, ова го научив од МТРВ за сметкине). Е ке речиш како. Е не вели. Вака. Ако мислиш дека си плескан со години, од кого било, а невервам, на пример од Бранета, од Кољо, од Љубча, од ЕСМ, од ЕВН, од даночно, од кредитно, од водовод, од Фуере, од Бакојани, од……од кого било бе , само закачи феферонка и ќе виш дена никој не те плескал, тртел или ти правел други зафати од сексуална гледна точка. Ко ти викам. Да бе. Бам везанката и она ти е двор ти е , а газот чаршија. Чаршија , чаршија.Како и да е. Со помин да е .