Грип. Абе дај Боже да го фатам. Птичји….свински каков сакат нека е. Листерија….море шо е то листерија то ти е вагинален дим во споредба со вас. Цироза….еееее лепотааааа. Или ќе оздравиш или ќе умриш. Гонореја за вас е ринитис.

Ама бре вие сте све шо е пострашно од ова. За вас политичарите уште не е измислен збор каква напаст сте, каква болест ширите, колку луѓе од вас ојдоа фира и то све то само заради меѓу себе да си се докажите кој поголем фраер е.

За да се победите еден со друг фрлате копја еден кон друг ама никако да ви текнит или пак ве болит копулативниот орган дека то копје не ојт директно, туку морат да поминит низ некој од народот и на секое фрлање некој од нас ојт фира.

Абре дали сте свесни до кај не донесовте? Алоооооо? Јас во мојот живот имам многу поважни работи отколку да ги слушам вашите квази патриотски побуди, квази љубов према државата во кои се затскриени вашите мегаломански апетити да лапните све шо се лапат и не се лапат па дури и киселина или суви лајна со праз.

Добро бре Зајко шо сакаш ти да напрајш? Ајде бомба, бомба, бомба ја чекавме месеци и искрено се надевав дека ќе е атомска и дека еднаш за секош ќе не снемат и ќе се рајатисаме од недоквакани водачи на ова мало парче земја сиве овие 25 години.

Ами море Зоранчо лично дете јас очеквев прес конференција кај шо ќе напрајш бум. А не очеквев дека ќе прајш римејк на “Малечката невеста“ во појќе продолженија од оригиналот. Дал знајш или дал имаш осет на што све не ставаш со твојте дневни дози на снимени разговори? Па се скренавме бре. Запоставивме и деца и фамилија и здравје на крај на краиштата. Објави еднаш шо е за објавување и да свршиме еднаш сите. Јас лично во животот оргазам на рати сум немал. И шо е следно сега шо ќе објавиш? Мијалков кај шо си се јави сам на себе и си предложи брак? Ај жити леб.
Контра тебе пак сега се ваѓет некои некогашни снимки парче по парче кој како ја продавал НСРМ и кој како сакал некого да шинит под велото на спас за државава и пред се на македонскиот народ му ебавте мајката четврт век.

Добро бре свесни сте дека не разнебидовте, не разделивте, ни ширите говор на омраза, не поделивте на шпиуни и пиуни. А? Свесни сте ли бе вие кои заедно сте растурачи на семето на раздорот заедно со некој од надвор не сместивте по психијатрии, не разделивте од роднини, не ги сјебавте визитите и родендените? Брат со брата раскаравте. Брат со брат се убиват а тој шо остнавит вие на врат му цапвите и него да го снемат.

Алоооооо сркенати сме од политика. Алоооооооо. Станвиме со политика. Наместо добро утро со комшите велиме: цркни комуњару……и на твоја гла комшија. Абре дај бар и она шо ни остана сила да го купвиме, лебот, крстете го СДСМ и ВМРО: Дајте ми еден режан СДСМ и векна ВМРО за брат ми да би му застанала в грло. Е до ова не донесовте.

Све шо не чинит дозволивте. Дозволивте кој како ќе му прднит да градит јавно мислење. А да… не бомбардирате со тие мислења до моментот кога ќе се скрениме и да морат да речиме: „Дааааааа Заев, во право си.“ или „Дааааааа Никола, во правоооо сиииии, аман само престаните да се препуцавате.“ Абре кој ви бранит да ја докажете вистината. Ама аман то сторете го во институциите, аман престанете со пресој и едните и другите, аман доста ни ги перите мозоци…..аман…..аман…..аман.

До таму ојде вашето лудило шо си дозволи една Јелена Жугиќ да ја обвинит мајката на душичката покојна, Тамара, дека во целата болка е натерана политички митинг да оддржит. Срам да ти е Јелена. Не гледај се во огледало, ќе се згрозиш самата од себе и ќе се пљуниш. За секого можеше да речиш, за пијаница, за наркоман, за….не знам…..ама за мајка која изгубила дете…….фуј….ми се грозиш.

Јас искрено сум згрозен, скршен и уплашен. Факт е дека безбедносниот систем на оазата на мирот е пробиен. Па макар и Зајко да плаќал и некој од надвор требит да се прашаме како сето то помина низ ногајци за да излезит на виделина. Грозно. А и ти Зајко си …….. Прво се пазараше, не успеа. Ајде сега бомба…….иди бре бегај.

Море сите бегајте. Вие сте во некое лудило, сите до еден, и не знајте кај терате, а сите ние како обичен народ ојдовме јабана, а ваше е да не вратите назад за шо помалку жртви да имат на крајот на ова лудило од патување. А ако не знајте како, прашајте ги студентите. Тие успеаа да се здружат во една работа која во цел свет се практикуват. За доброто нивно не важеше ни политичка припадност, ни верска, ни национална. Пред доброто паѓат све. Дај Боже и вие сите да падните само кој ќе дојт не знам? Боже со вакви несовесни луѓе дај ни СИЛА, да го издржиме она шо не можиме да го промениме, ПАМЕТ да го промениме она шо можиме и РАЗУМ да напрајме разлика помеѓу едното и другото. АМИН.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.