Море како се раскези чоекон. Море смеење шо ми мавна дури и му видов крајници и седум долу лево кариес, шеска горе десно потпукната пломба и хранопровод напраен од ќебапине кај Дацета. Да бе. В сурат ми се изнасмеа Васе Толоман ко му реков дека сакам да пишам за илинден ете после десет дена. Де бре Васе знајш ти дека имат евергрини, дека кога да пишиш за нив се актуели зш траскет зелени шо немет рок на траење. Јас му кажвам, а тој разгагален ко на компресор седнат, среќен но се одмара,  санќим Даце не ни ја наплати ракијата.

Ам така де. Ај како да не пишиш за Зијадин Села. Тој и во Карпошово востание да учествувал и тогаш да дал изјава за CNN ќе е актуелен за репање по колумни. Жими него и косана. Ко ти викам. Абре со изјавине тој ти е евергрин. Да бе. Ев сега за Илинден. Шо кој онакво цела НСРМ го нападна??? Не извајл македонски знамиња во Струга, кој е град во Македонија, сеуште, за празникот. Ам полека море луѓе. Да се разбериме.
Еден ум е. Чоекот дал да мислит за празник дал за делник. Дал да мислит да се исчешлат дал да излеит со празојперје на глата. Немојте така. Плус то можда чоекот пропуштил од многу обврски да запамтит дека ова година втори август паѓат на втори август. Не така. Зш се случват такви работи во државава наша, на пример 2 – ри август некоја година да се паднит на 3-ти или на први. Па немојте бре така. Една гла имат чоекот. Дал да смислит некоја зелена да манит или пак некоја зелена да манит.

Еве …..исто ко ја прочитав изјавата негова за Субратомир Ројоски ко  рече дека: “Економскиот развој доведува до зачувување на природата. Колку помалку имаме невработени толку поголема ќе е и свеста кај граѓаните кои тогаш на избори ќе гласаат за кадри кои ќе се залагаат за заштита на околината“…..

Овде ми е нејасно шо сакала писателот ( Села ) да кажит……економија…..развој…..зачувување на природа….. невработеност….. вработеност… гласање…. избори…. чешел….. шампон….. кадри……… подочњаци…. крави…. песна на Субрата… не оти разбрав шо го бендиса. Важно го бендиса и уште поважно мене ми е шо ако неам шо да пишам си барам Зијадинова изјава и ме поттиквит на пишење како рицино на пролив. Зато Васе трај си не трескај зелени и не се надевај дека Даце ќе те частит.

Од ко го скинав Васета с ….ај батали…..се свртев на дрвата кај “Бристол“. Таман се свртев ги снема. А да пишам за нив… ги исекоа. И се разочарав. Се спремав да манам по тиква некого за сечењето ама ме зезна Робин Худ. Јас си го викам така иначе Андреј се викат Жерновски се презиват. Ме збуни чоекот. Ти бре Андрејчо дете голомеше, ќе му седниш в скут на Груја, ќе му прајш тапшин танана на Банета , а да ти кажам право изјавата која ја даде после 100 сати а живејш на 100 метри од тука ти беше ….Лажам Дек Плачам……во стилот на  ЛДП, плаши Петко децана.

И при крајот на неделата решив да не думам за колумнава да се одморам. Да бе. Си излегов. Бев на антички. Ќерка ми имаше…..шојмаше……фрлање на капи. Да бе. Организација бомбона. Пред се од полцијата кај чинарон. А виде скопска регистрација…..ауууффф преку Визбегово. Како ам. Ми пукна филмот се јавив да ги напрам ремпете, ги потсетив дека Албанија им е забрането на сообраќајна полиција да казвет туристи, посебно македонци, зш според нив 80% ние сме биле посетители, и види го ти него после толку критики ми рече: “Ако си маж кажи го името  презимето“.
И види чудо тој не го кажа јас го кажав и ми рече дека ќе сме се виделе на суд. И да ти кажам искрено сакам да се видиме на суд. Ама едно ми е мака , да не речам шубе. Јас се расправав, правев крива Дрина со колега на чоек кој при една контрола “фатениот“ кажа дека е од Трајчејца, а колегата на овај “мажот“ го праша како се викат татко му……молам? ….јас манав …Коле….а колегата на мажиштето ми рече: “Алал да ти е ги знајш сите“?????????????????????

И да. Пред да ја затворам колумнава ми стигна сметка од Т-хоме. Се прерадвав. Не не …не ради износот. Многу не се замарам колкав ми идет зш оинака немам пари, така да та голем ми бил та мал исто ми е. Туку заради листата на држави шо беа наведени со кој можам да да зборвам по 10 сати бесплатно. Меѓу останатите ги имат Монако, Молдавија, Исланд, Ерменија, Андора, Азербејџан, Ватикан….Со папана сум едно, ептем блиску, в уста си пљукаме. Баба е манекенка во Азербејџан, стрина е стјуардеса во Монако, вујна играт фудбал во Андора, а стрико е кик боксер во Азербејџан. НСРМ конектинг родбиње.

Џими
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.