Ich werde die schächte reinigen – Ќе чистам шахти. Ich grabe meine nase und mähe das gras.– го копам носов и косам трева. Јааа натурлише……. Ich werde dir jeden tag den arsch abwischen – ќе ти го бришам газот секој ден…..Поооо како го учам брзо ова германскиов…..абре збогуммм сиромаштиоооо. Забегав јас Германија. Ти смеј се. Го учам она основното да најдам работа колку да имам за леб. Чим се испраксирам имат да му писнам на цела канализација. Чекор по чекор.

Кажа Ненси. Она шо е министерка на МВР ама во Германија. Минимум пет години да престојвиш Германија добиваш целосно уредено право за престој кај нив колку сакаш. Вредит да избрижиш 10 – тина иљади дупиња ама зато ќе си се средам. Да бе…воведоа “дулдунг“. Појма немам шо значит. Јас пичам чим завршам. Рече….покрај шо требит да си 5 години таму требит да бидиш интегриран во нивното општество и енде. Стален престој. А јас учев од овие политичариве и директориве наши овде. Поубо интегрирање од то да му се напикаш в заднуик на некому и то со си ремејнци…..амин.

Мада малку ќе ми бидит мака шо сега баш си одам. Ам з`ш. Стојанчо ќе купвит бродој и ќе воведвит бродски линии низ државава. Ќе ги поврзеле бар големиве градој ко Охрид, Скопје, Битола….ам како. На паметен чоек све му теквит. Ем панорама ем ќе си стигниш кај сакаш. И поекономично е то решение за државава отколку да се санирет штетите, да се насипвет реките за поплавиве. Каде каде поевтино.

Е само пред да ја збришам една работа ме фрли во депресија. Ми одзедоа над 5000 квадрати објекти од црвста градба. Добро де…не се сите цврста. Појќето се со стиропорска градба или кнауфска, ама бар платени се ко за мермер. И она шо е интересно појма немав дека белана палата од ВМРО-ДПМНЕ и уште дестина други канцеларии биле мој. Бар така кажа Мицале. Дека целиот имот од ова партија е на народот. И сега ак сум македонец не сум народ? Бар така рече Мице и жив остана.

И Рама жив остана. Ам Господ здравје да му дајт. Абе ме искина од смеење. Ма раскина. Не можев да застанам од смеење, мрсулаење. А од очиве солзи бичим кромид како јаболко да јадам. Ама џанум и Таче галиба кромид имаш јадено и тој се изнасмеа ко недовоетен ко му рече Рама на Олафа за Тачета дека премиер на идна Западна Бугарија. Абре Рама шегобиец еден низаеден. Да би не пукнал, да би не љуснал.

Таман се созедов р`снав уште толку бичим водоскок сум ко рекоа од СДСМ: “иронијата и сарказмот на Рама се добро познати, но не се насочени кон нашата земја“. И така е. Ковачески е сегашен премиер на Сао Томе енд Принципе. Абре да би не батисале сите. Колку сте шашави ме искинавте од смеење. Се тресев од смеење три дена ко вибраторон од Баба на трета брзина.

Е зато их бришензи Дојчланд. Их не саканзи пукнен од дер смеење. Овде, во Мацедонише.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.