Бреее колку љубам крстословки да решавам. И да пеглам љубам, ама крстословкиве ми се ко афрички дизијак. Ме возбудвет. Овде ти фалит буква, овде пола збор, негде мозок, се мачам, ама ко ќе ја решам брееееееееее, радвење. И не е финтата кај било да решаваш. На пример в клозет ич не сакам. Незнам на шо да се сконцентрирам. И едното и другото ми прајт ќејф. Ниту едното ниту другото можам да го запоставам. А пак немојш на едно да се сконцентрираш. Одма другото ќе го напрајш кашкајнца. Бербат. Мада Ецко ме убедвит дека на шоља ептем се сконцентрирвел и тогаш све му излегвело дури и сите паметни мисли.
Ама јас ко сега си љубам. Си седам, в кафанче крај езеро, пијуцкам кафе а пред мене крстословка. Тргам од цигарево, ветре дуфкат по малку, ги креват она кесине од смокине исфрлени, г,с папирине ко ластојци ги вишит, прво во височина, па бам в езеро. Почвит бранче, бам на зидон, а од езероно штрас алги, реси, пластични шишиња, канти од уље, буреци шо им ги фрламе на лебедине. Абе гледка, брееееее. Шо. Тук да се вратам на моево. 3 хоризонтално: украс на машко лице со три букви ама множина, завршвит на ..ВИ. Да му се плукнам, украс е , имат и три букви и во множина е на ВИ, ама не го носиме на лице. Јеби га можда е.
Чекај друго. 5 вертикално…..„ Ало комшо, пак со крстословките?”. „ Да бе ко секош…..Оп наздравје ( кивна, нон стоп е настинат – гол се капит). Ела, бре. Не му се мисли, издувај го со рака и рсниго на асфалт, шо те гледам будала. Е така. Истерај му ги џигерите и ел да се видиме.” Абе лом е на секој пет минути носон го дуват….„Сега само да ја избришам ракава од тревава, з,ш јас имам култура не така. Да не ти идам вака со си мрсули……”. „ Не морат, ќе се видиме друг пат”. Да си продолжам. Значи, 5 вертикално: зет на сестра, три букви. Ебате бела, Аце, нормално. Мене ти ќе ме возиш. Ојме сега вака….. 6 вер…Евааа ене го Јоцо. Сигурно ја фрлат туршијана в езеро. Ар секоја година прајт по сто кила и после…. „ Јоцооо, оооо Јоцоооооо, сељачиноооо…”. „ Јокнал та потекол, биди културен, ела помогни.” Да бе да му помогнам, сношти тој на шес се праеше јас ко го фрлав ѓубрено зад зграда з,ш контејнерон…..
Пичи: 6 вертикално: етика, морал, добри манири, со 7 букви. Како беше ова, ко познато да ми е, дан беше…..„ Бате, ар шо прајш овде. Ова не е крстословкара. Кафана е да и се посерам. Шмркни кафето да му се пљукнам во него и ај бриши з,ш два сати ми се лигајш со едно кафе и сода, ти поткренија раката јас се штрецам. Не сум штрецало, келнер сум вошкар еден.”„ Ар не дерисе…..”. „Кој ти се дерит бре мајмун еден, јас културно ти……”. Ми ја посра крстословката. Ќе прошетам низ чаршија и ќе си седнам негде, ама умот ми е во она под 6 верти…..евааа нов бутик…..„ Добар ден колку се……”. „Олку се!!! Ќор си дека прам муабет на телефон, почекај пола сат, сат,….кажи мацо, во сливите редам…..”. „Аку сакате……” „ Не сакам бре глувтар еден, ти кажвам, културно, НЕ САКАМ!!!!”. Море нервозно момево, изгледа настинато е. Ем со голо меше, ем глеам со котелец во газон наместо гашчи.
„Можит четврт од овој со месо и……..”. „ Момеееент, стрписе, само да ја извам семкава од забиве, јадев пиперки и…пту да ти се ……опаааа извини”. „Немат гајле ќе се избришам. Само аку можит, не виткај те го во весник. И ак не ви сметат поубо да го завиткате з,ш……”. „ Дан сакаш ко бебе да ти го повијам. Памперси да му клам и нагоре да му го….И онака ќе го отвиткаш за пет минути и ќе ги истрескаш не ќе го носиш на вакцина, да го дотервам, сељак еден…….Ар кај ти е културата? Гнида”. Море, море нервозни денеска луѓево. Ене ја Дуфка. ( ко диќел е во глана )„ Како е?”. „ Супер. Ко шо шетавме низ парков, на малиов му се присра и ….”. „Кај тие е мажето?”. „Ене го в кола, не чекат, ја тресит пепељарана на улуцана и ….”.
Ништо од крстословката моја. Земвам цигарина во трафикава и бегам дома…..„ Шо рече, шо рече???? Море глата да ти се фиксират однопаку, нопак еден. Тој мене фискална да …Море какво здравство, нездрав да шеташ цел живот….И тебе и на цигарите….натерам…спотерам…мрш.. да ти…” Аиии, јадов цигарина по гла, па па па па …Се прибирам дома ама уште умот ми е во 6 вертикално. Го имам негде ова сретнато па мајка Јана да е. Само каде? И друг пат сум решавал ама…….„ Коњуууу, кадеее….”.„ Ар шо е? На пешачки сум и ….”. „ На пешачки, на пешачки, морону еден, а не на лазечки. Мрдни, од умот да се мрдниш. Кај ти е собраќајната културата опиноооок еден.” Еваа ќе ме изгазеше батево. И з,ш. За џабе. Зарди она под 6 вертикално, да ти се посерам во него да ти се насерам. Еј ме стегна од бурекот. Со трчање, в клозет, на шоља…….Ар да пробам со крстословкава дур се купарам? Пак можда стварно ќе ми излезет сите паметни мисли ко на Ецко. Да бееееееее. Уффф. Ете ми излезе и мене. 6 вертикално ти било брееееееее…..е, да КУЛТУРА било … ама на крастајци. Пуштив вода. Ојде 6 вертикално в канализација.