“Македонци муслимани не постојат, тие се ѓаволско дело и претставуваат “ин-витро нација создадена од партијата ВМРО-ДПМНЕ“. – рече Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи (пооооо име како Бразилец ) и остана жив. Аферим бе јунак. Ти си бил шејтан. Ем шејтан ем дудук. Тој е онај истиот Реџепи ( ќе му го скратам името зш ќе требит цела колумна да потрошам за името) кој неодамна побара сите Албанци да живеат во една држава.

И сега ме интересират: овде немат алфи? Овде немат приведвење? Не знам, ама знам дека по кој знајт кој пат овај Бразилецов поттиквит верска или национална омраза. Да. Побарано е од батецов да се извинит. И би се извинал ако го знајт јазикот кој е службен во државата кај шо битисвит и творит.

И ако овде имат нејаснотии све е јасно и кристално чисто со УЈП. Браќата од Студеничани ни покажаа како требит со УЈП да се работит. Ако ги примиш чоечки ти пишат пријава зш без пријава не смеат да се вратат. Дури мојме и да се пазариме за поевтино ама шо да прает теренците така им е наредено.

Е зато како браќата од Студеничани. Фрлај со камења по УЈП и ништо немат да ти фалит дека си нападнал службени лица. И то со камења. Каменовање како пред неколку века. Се враќаме назад? Не. Ние не сме ни тргнати. Ама овде морам да упатам еден апел сличен не онај “немојте да го правите ова дома“, само шо овде требит “немојте да го правите ова ако презимето ви завршвит на “…ски“, туку ако вие на“…иќи“, “…..и“ или “ “….иу“. Свеедно само да не е на ….ски.

Не пробви дан си пишманаџија. Како шо е Али Амети и другарите негови. Некако ко да не ми се вични на вилици како со оружје. Побараа услов од Груевски за да останат во владата …..или за шест месеци во НАТО или фалимендерит шок Груевски. Да се знајт кој е газда во владава наша. Арно ама илзезе Муса Џафери и рече дека немат рок поставување за такви работи. Можда се збуна чоекот. А ако се збуна ќе испрајт Али Амети. Че пукат.

Малку ме подуплаши фактот дека во Охрид ти се намалвел наталитетот, а се зголемвел морталитетот. Границата за мажи за животен век бил 71 година, а за жени 73 години. Прво ми беше чудно. Ама ми текна. Напрајв анализа. Од оние шо останаа во градов немат ни појќе од 10 % плодоносни жители. Све се баби и дедовци. Е сега останвит на нив да учат камасутра на стари години, да се распердашет ко никогаш до сега и да раѓет на 80 море ако се мојт и на 90 години. Така ќе го решиме проблемот, а и ќе си имаме братчиња и сестричиња по 40 години помали до нас.

Се решават и проблемот со морталитетот. Јас не знам како не се примети то и зш толку загрижувачки го кажаа дека старосната граница е поместена на 71 година за мажи 73 за жени и дека ние немаме млада популација и ние ќе немаме работоспособно население со тек на годините, ќе останиме на пензионери. Не се сложвам. Еве веќе намалувањето на граница од 71 и 73 години веќе имат галопирачки тренд да се намалит и имаме работоспособни како и сексолошко – дупателни желни луѓе. Да. Ако не вервиш по градов разгледај ги некролозине и ќе видиш дека научна фантастика е да се префрлет 50 години. И како и да е ќе морат оние 71 во просек да се намалет.

Можда можит овде владата да скокнит со некој проект. На пример кој ќе поминит 50 години да му се дајт врешча брашно и пакет масло за полесно да ги поминит следните неколку месеци. Дур умрит од инфаркт. Така велет. Најмногу од то се умирало. Ваљда од среќа. Не знам.

Ама не знам и Заев кој род беше во армијата ко служеше. Она ф`ткање невидено. Или пак со ХАРП амерички ја пушташе бомбата одавна шо ја најавуваше. Как да е нешто со командите заеба Зајко и та пукна во Охрид наместо во Скопје. Се крена голема прашина и чад. Чекаме да видиме после чадот шо остана. Единствено шо сега знам е дека Зајко шо и да користел како направа за фрлање на бомба лошо управувал. Мислам дека редно е Зајко командите на та направа да му ги дајт на друг, друг да ги држит в раце.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.