Зајко за премиер и точка. Зарди неколку причини. Како прво ме бендисвит чоекот шо не се промрквит и не е дволичен. Четвороличен е, а то е појќе од дво. Рече дека за Смилковско езеро невини се осудени, па после се промркна и рече дека новинарот во Германија не го разбрал и лошо го интерпретирал. Еми Зоки как че те разберат ак му лафеше по твое.

Рече дека снимките се од странство, па не се, па се, па за да испаднит дека прислушкувачите се државјани на странски држави, ама по прабаба на тетин им од тетка баџанак, седмото колено на зет за две сестри од прва брачеда третиот корен од некој даб е од Свирипичино македонско и ај сега најди го крајот…се странски службите или не.

Как да е, за премиер Заев на НСРМ зш имат шо да понудит за нас НСРМ- ОВЦИТЕ. Додуша јас не знам точно шо во моментов ќе понудит, ама знам дека сигурно имат да ни дајт крастајци. Чоекот то одгледвит заедно со брата му Вицета. Плус и сега му префрлија на Вицета субвенции од 200 000 еври и крастајците ни се загарантирани. А ако не е, одма мавам шатор дур не ми се исполнит желбата.

Додуша не можам да го клам одма зш ми требет шатори да решам појќе проблеми. Нели сега а имаш некој проблем, прдни му се на иснтитуциите – мавај шатор. Е јас ќе го клам пред еден дуќан дур не ми ги менет влошките. Да да влошките. Пред некој ден купвев влошки и сигурен сум дека и реков на продавачката да ми дајт Every day hyperdry normal, а та ми закачи Every day hyperdry ultra. Ама страв ми е дан ми акнит продавачката контра шатор.

А појќе шатори ми требет зш прдни му се ти на институции ова-она. Дојде време на шатор демократија. Еден шатор ми требит за пред ЕВН, не сакет да ми ја разгледет сметката за последниов месец зш ми дојде како во јануар износот, еден ќе клам пред канцаларијана од Бакрачот…..е овај ми е многу битен.

Морат да им менам работно време не оние шо ја прает нована зграда од собрание за да излезеле појќе канцеларии. Јас не знам шо ќе им се ко сега само по 10 луѓе се во една. И ај шо секој ден лупет од 6 сатот, туку море ко Тарзани се. Викет ли викет, едниот најгоре другиот најдолу и : “Оооооо Суљооооооо да ти кажа за онај женскана сношти како го закачииииив. Аааааааааааа. Викни море, да пукниш, цревата низ газ да ти излезат, не те слушаааааам. Да или нееееееее.“

И еден специјален, ама тој за ужување да се одморам од ко ќе завршам со шаторската демократија, ми требит за под палмине во Охрид. Абе кому му текна да клајт палми и то 200 па ак се фателе уште појќе, алал да му е. Абе мозокот да му се позлатит, абе цел живот здрав и жив да е. Гопод златен да дајт никогаш простата да не му потечит и да немат проблем со мочање, желудник да му е здрав, никогаш појќе да не се просерават.

Зш види. Палмата не само шо е обелжје на НСРМ туку си е охридски ендемичен вид. И науката прво кажвит дека успевет во тропски и суптропски предели, а Охрид познато е дека е во тропскиот регион. Е сега и од друга гледна точка се добри. Знајме дека плодот на Палмата се викат Урма и ако ни здосадат крастајците од Заев одвреме на време ќе мениме со урма. Ако не друго мојме секој петок урма да јајме. Не така.

И за туристите ќе е атрактивно. Не ќе морат туристичките водичи многу да зборвет, само да си шетет и туристите се сами ќе сфатат. Само да не напрајме заебанција сега. Флората ја решивме, е сега да не се шиниме со изборот на Фауната шо ќе шетат низ палмите на обалу мора. За да сфатат од кај потеквиме и шо луѓе сме, морат да пазиме какви видови ќе донесиме за да туристите добиет вистинска слика какви животни имат во државава.

Значи пред се: слоној, нилски коњи, алигатори, змишча…..абе си знает нашиве надлежни, да не се мешам, ама една желба морат да ме ја исполнат….камелеони…ако не, данк шаторот.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.