Ар алооооо застој се. Пази. Ева ева ќе те изгазеше. Не го виде? Летат. Па Стојанчо беше со капак за шахта и трчаше кун аеродром да ја покриет онаа откриенана шахта. Добро бре како не ти е познато. Гледаш ти вести од оние најважнине? Слушај море. Знајш ти шо значит како директор на ЦУК да дајш изјава покрај откриена шахта. Па пред некој ден.
Поважно од то немат не во држвава туку во светот. То е нешто, нешто, страшно. Ти незнајш како студиозно-аналатички све објасни директоров. Абре тогаш све застана во светов. Море програми се прекинаа него го даваа, на радио, на телевизија на рингла. CNN беше во живо во Украини и прекина извештај. Ти се прднам на Украина. Ваму директор за шахта зборвит. Не шо беше шахтата само од национална важност туку и од светски размери беше. И до Трамп стигна.
Море сообраќајот застанаа, семафорине се стаписаја, абре возој закочија дури и авионине кај шо се најдоја паркинг застанаа за да го гледет Стојанчета. Па шахта е ова не е војна. Па директор е ова не чистач на шахти. Чим нему му баше најважно како директор немојт да е за цел свет поинаку.
Убо рече чоекот и не научи некој работи. Од него дознав дека мојш и со една и со две нозе да падниш в шахта. Досега миселв само со една се паѓат. После рече точак со едно тркало мојт да паринкат или тротинет. Ам како. Не не….немојт тротинетон да влезит в шахта цел з`ш претноно тркало му е ко задна гума од трактор. Е шо знам така рече директорот на ЦУК. Абе алал да му е. Еве сега со трчање прошишна за аеродром, па да одморит малку, летат по нов капак и шибат да покриет нова шахта. Ар ќе си имат чоекот многу работа. З`ш Македонија е дупки дупки.
Ќе ја покриеше тој и порано ама мораше да се состанит Владата на НСРСМ и да стигнет странски независни стручни лица за комуникација и олеснување на преговори за да помогнат во одлуката каков да е капакот. Дел од владата и собранието беше да се клајт обичен капак лајнарец. Дел беа за антички национален, дел беше за да е со вергина, а пак дел да клает орел. Искрено не знам шо толку се замарет. Капак е капак. Секој капак ќе ги покриет лајната во државава. На секое ак се мислиме кое лајно кој капак ќе покриет кај ни е крајот. Не се мислит владава на НСРСМ.
Како и да е Столе ќе ги покриет сите шахти, ама Љутков се потсопна. Сите вработени во институциите од областа на културата останаа со прстот в уста наместо со плата пред Велигден. Овај кикс бил заради пресметвењето на Љутков на платата по колективен. Никако да ја решит равенката работник: плата = велигден : голтар. Се мачел се мачел и работниците останаа без плата за празников. Па даваше во различни медиуми различни изјави. Па после се извини. Јас не го сакам лично. Каков глумец е тој ај ти.
Ама пак зато Томас Вајц, известувачот за Македонија си ја заврши работата на време. Го поднесе предлогот за држвава за пристапни преговори, кој беше напднат со 313 амадмани. Прво Б`лгарчината бараја некаде да се вметне зборот Скопје. Од друга страна друга држава, овај пат Бугарчета инсистираше на почитување на потпишаните протоколи. Вајц во делот кај што се изјасвит за Уставот викат дека прво требит да се зпочнат пристапните преговори, а после да се прајт муабет за Уставот. Е овдека примедба имаше една друга држава, односно нашите источни соседи.
Искрено јас бев израдвен дека во ниеден амадман не беше замешана земјата каде имаме браќа, Бугарија. „Е зато ас много ги ибичам братјата б`лгари. Да ми се здрави и живи уште 10 години и назад.“
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите